Бесплатна храна во училиштата за деца од социјално загрозени и самохрани семејства во Општина Бутел

Бесплатна храна во училиштата за деца од социјално загрозени и самохрани семејства во Општина Бутел

Општина Бутел донесе нови одлуки во областа на детската и социјалната заштита, со кои директно се намалуваат трошоците на семејствата во општинските основни училишта. Градоначалникот Дарко Костовски информираше дека целта на мерките е обезбедување еднакви услови за сите ученици и помош за најранливите категории граѓани.

Со новите одлуки, децата на самохраните родители се целосно ослободени од плаќање на надоместокот за топол оброк и ужинка во сите основни училишта на територијата на општината.

Дополнително, за децата кои потекнуваат од социјално загрозени семејства е обезбедено целосно ослободување од надоместокот за училишна ужинка.

Од Општина Бутел истакнуваат дека грижата за семејствата останува главен приоритет и дека овие системски олеснувања ќе им помогнат на родителите на кои поддршката им е најпотребна во секојдневното образование на децата.