Димовски и менаџментот на „Леар“ ги разгледаа можностите за нови инвестиции и унапредување на производството

Димовски и менаџментот на „Леар“ ги разгледаа можностите за нови инвестиции и унапредување на производството

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари работна посета на производствениот погон на американската компанија „Леар“ во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, Димовски одржа состанок со менаџментот на компанијата и изврши обиколка на производствените капацитети, во рамки на заложбите за одржување активна и транспарентна комуникација со странските инвеститори.

На средбата се разговараше за тековните оперативни активности, идната развојна стратегија на компанијата, како и за можностите за дополнително унапредување на работните процеси.

Директорот Димовски истакна дека непосредниот контакт со компаниите е клучен за навремено детектирање на предизвиците и за изнаоѓање соодветни решенија. Тој потврди дека ДТИРЗ останува фокусирана на создавање поволно деловно опкружување во кое инвеститорите ќе можат непречено да ги реализираат своите проекти.

Менаџментот на „Леар“ ги презентираше своите идни планови за развој и изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Дирекцијата. Оваа посета е дел од редовните теренски активности на ДТИРЗ за поддршка на бизнис-климата во индустриските зони ширум земјата.