Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59% во однос на одлуката од 27.10.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,434%, кај дизелот за 4,809%, кај екстра лесното масло за 4,463% и кај мазутот зголемувањето е за 2,651%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1149%.
Од 30.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-95) - 73,50 (денари/литар).
- Моторен бензин (ЕУРОСУПЕР БС-98) - 75,50 (денари/литар).
- Дизел гориво (ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V) - 70,00 (денари/литар).
- Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 67,50 (денари/литар).
- Мазут (М-1 НС) - 36,057 (денари/килограм).
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.
Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 30.10.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.