Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека е отстранета уште една нелегална доградба на улицата „Орце Николов“, како дел од засилените активности на општината за воспоставување ред и заштита на јавниот простор.
Урната е нелегално изградената доградба на деловен објект лоциран на ул. „Орце Николов“ бр. 139. Како што информира Општина Центар, објектот бил изграден без соодветно одобрение за градење и директно узурпирал простор наменет за граѓаните.
„Општина Центар продолжува со засилени инспекциски контроли и со активности за расчистување на бесправно изградени и нелегално поставени објекти. Целта е јасна – заштита на јавниот интерес и враќање на јавниот простор на сите граѓани.“ - изјави градоначалникот Герасимовски.