Координирана акција на македонската полиција, царинските службеници и Фронтекс резултираше со пресекување на канал за илегално внесување на ловечка муниција на ГП „Стар Дојран“.
На 28 ноември се приведени тројца грчки државјани, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје и експлозивни материи” по член 396 од Кривичниот законик.
Во три одделни случаи, при извршена гранична контрола за влез во Македонија, царинските служби и полициските службеници од Фронтекс, пронашле и одзеле околу 200 патрони непријавена ловечка муниција.
Во првиот случај околу 10:20 часот, при контрола на патничко моторно возило со грчки ознаки управувано од Х.С.(38), пронајдени се над 130 патрони сокриени на повеќе места во возилото.
Потоа, околу 11:20 часот, во патничко моторно возило со грчки ознаки управувано од К.К.(76), пронајдени се 24 патрони ловечка муниција.
Во последниот случај околу 16:30 часот, во патничко моторно возило управувано од Т.П.(62), пронајдени се над 40 патрони.
Тројцата грчки државјани се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.