Донација од 73.000 евра за Кавадарци: Јанчев најави фотоволтаици на 12 јавни установи

Донација од 73.000 евра за Кавадарци: Јанчев најави фотоволтаици на 12 јавни установи

Градоначалникот Митко Јанчев објави нов голем проект со кој на дури 12 јавни установи во градот ќе бидат поставени фотоволтаични панели со вкупна моќност од 355kW. Оваа иницијатива доаѓа четири години откако Кавадарци беше првата општина во државата што постави системи од 200kW на сите општински објекти, а сега тие капацитети значително се прошируваат.

Новите фотоволтаични модули се донација од компанијата „Пиксел гроуп“, а вредноста на оваа инвестиција изнесува околу 73.000 евра (4.500.000 денари).

Со овој проект ќе бидат опфатени повеќе институции, меѓу кои се основни и средни училишта, неколку објекти на детските градинки, Домот на културата „Иван Мазов Климе“, библиотеката „Феткин“ и Основниот суд. Најголем капацитет ќе добие ЈЗУ Општа болница со проширена дејност, каде ќе се инсталира систем од 71kWp,

Асоцијација (03 јуни 2026)