Ставени во функција над 220 чешми за пиење вода низ Скопје

Ставени во функција над 220 чешми за пиење вода низ Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше за масовна акција во која по неколкугодишна негрижа, дефекти и запоставеност, во функција се вратени повеќе од 220 фонтани за пиење вода низ сите скопски општини.

Акцијата се спроведува со цел да им се овозможат основни услови за разладување на граѓаните во периодот кога главниот град се соочува со екстремно високи летни температури.

Проектот се реализира во директна координација со јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Градските тимови најпрво извршиле целосно мапирање на теренот, по што биле санирани сите дефекти на заборавените јавни чешми.

Според скопскиот градоначалник, оваа бројка од 220 функционални чешми не е конечна. Со оглед на големите потреби на терен, паралелно веќе се работи и на инсталирање на целосно нови чешми за пиење вода на повеќе фреквентни локации во Скопје, со што ќе им се олесни секојдневието на рекреативците, децата, повозрасните граѓани и туристите.

Асоцијација (24 јуни 2026)