„Пекабеско“ со консолидирани приходи од околу 49 милиони евра во првата половина од годината

„Пекабеско“ со консолидирани приходи од околу 49 милиони евра во првата половина од годината

Компанијата „Пекабеско АД“ го заврши периодот јануари-јуни со остварени вкупни консолидирани приходи од околу 49 милиони евра, што претставува раст од 5 проценти во споредба со истиот период од минатата година. Речиси целиот приход е остварен преку продажба на готови производи, стоки и услуги.

Расходи и добивка

Остварените вкупни консолидирани расходи во првите шест месеци изнесуваат околу 47 милиони евра, што е зголемување за 4 проценти во споредба со минатата година.

Врз основа на остварените приходи и расходи, компанијата ја заврши првата половина од годината со консолидирана добивка од околу 1,76 милиони евра.

Инвестиции во автоматизација и број на вработени

Вкупните консолидирани инвестиции во основни средства во изминатото полугодие изнесуваат околу 261.788 евра. Инвестициските активности се главно насочени кон набавка на производствена опрема, градежни објекти и компјутерска опрема, без да се вршат значителни отписи или продажба на материјални средства.

„Пекабеско“ во првото полугодие имаше 430 вработени, што е за 5 лица помалку во споредба со минатата година.

За следниот период, компанијата планира да продолжи со инвестиции во нова автоматизирана опрема за производство, како и ширење на реализацијата на домашниот и на странските пазари.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.