Министерката Јаневска: Во новата учебна година ќе има учебници по сите предмети

Министерката Јаневска: Во новата учебна година ќе има учебници по сите предмети

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска соопшти дека за новата учебна година се обезбедени учебници по сите предмети во основното и средното образование. Со тоа, како што нагласи, прашањето за недостиг на учебници е затворено и не треба повеќе да биде предмет на дискусија.

„Изготвивме нов Закон за учебници заедно со сите засегнати чинители и успеавме да ги завршиме постапките за обезбедување на учебници по сите предмети, вклучително и по странските јазици, по кои овие основни помагала за совладување на наставната материја недостигаа цели седум години“, изјави министерката.

Јаневска го потенцираше овој успех како одговорност на актуелната Влада и го нарече „срамота“ тоа што во 21-виот век воопшто се дискутира за ова прашање. Таа ја обвини претходната Влада дека за седум години не успеала да го реши проблемот со недостиг на учебници.

Следете ги најновите вести на Viber
Министерката Јаневска: Во новата учебна година ќе има учебници по сите предмети