Над 100 предлози од јавноста за новиот закон за рударство

Над 100 предлози од јавноста за новиот закон за рударство

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најави дека новиот Закон за рударство ќе биде изработен врз основа на транспарентен процес, во кој се прифаќаат конструктивни предлози од јавноста.

Над стотина мислења, забелешки и предлози од компании, институции и граѓански здруженија биле доставени во рамките на јавната расправа, која траеше до 28 август 2025 година.

Нацрт-законот беше објавен на платформата ЕНЕР, со што им се овозможи на сите заинтересирани страни да го разгледаат и да дадат свои забелешки во период од 30 дена.

„Јавната расправа ни овозможи вредни препораки и забелешки. Ги разгледуваме сите доставени предлози и ќе организираме работни средби со засегнатите страни. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка“, изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството истакнува дека прифаќањето на предлозите од јавноста е во насока на добивање модерна и правична рамка за рударството во Македонија. Новиот закон, според МЕРМС, ќе се подготвува според највисоките европски стандарди и ќе обезбеди одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини.

Клучни цели на новиот закон се:

- Одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини.

- Засилена контрола и транспарентност во сите процеси.

- Задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници.

- Јасна и правична регулатива за сите учесници во секторот.

Министерството нагласува дека ќе инсистира на строга примена на правилата и нулта толеранција за прекршувања, со што ќе се заштитат безбедноста, животната средина и добросостојбата на локалните заедници.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.