Се реконструира градскиот базен во Кавадарци во вредност од 48 милиони денари

Се реконструира градскиот базен во Кавадарци во вредност од 48 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кавадарци, каде заедно со градоначалникот Митко Јанчев направија увид во проектите кои се во тек. Во фокусот на посетата беше реконструкцијата на градскиот базен, проект кој по 40 години добива целосно нов изглед и функционалност.

Според изјавите на премиерот Мицкоски, реконструкцијата на базенот е во завршна фаза и се очекува многу брзо да биде пуштен во употреба. Тој изрази уверување дека базенот ќе претставува убаво место за дружење и рекреација на кавадарчани, особено во текот на летните денови.

„Мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција“, изјави Мицкоски.

Градоначалникот Јанчев истакна дека овој базен со олимписки димензии ќе добие и дополнителни реквизити со цел да се зголеми неговата атрактивност. Како дел од проектот, предвидено е и хортикултурно уредување на околниот простор, со игралишта и игротеки за најмладите, како и кафетерии. Се очекува базенот да стане една од најголемите атракции не само во Кавадарци, туку и во целиот тиквешки регион.

Вкупната инвестиција изнесува околу 50 милиони денари, средства кои се обезбедени од Владата како грант за општината.

Освен како рекреативен објект, базенот е од големо значење и за професионалното пливање. Општина Кавадарци веќе има бесплатна школа за пливање, а пред реконструкцијата во неа учествувале 300 до 400 деца, кои учеле професионално пливање.

Се реконструира градскиот базен во Кавадарци во вредност од 48 милиони денари