ЕУ со рекорден извоз на хемиски производи во вредност од 560 милијарди евра

ЕУ со рекорден извоз на хемиски производи во вредност од 560 милијарди евра

Во 2024 година, ЕУ го оствари најголемиот годишен извоз на хемиски производи кон земјите надвор од ЕУ во вредност од 560 милијарди евра, што претставува раст од 7% во споредба со 2023 година, објави Евростат.

Увозот од земји надвор од ЕУ на овие производи благо опадна за 1%, на 322 милијарди евра од претходните 326 милијарди евра.

Петте земји членки на ЕУ со најголем извоз кон надворешни пазари се: Германија (134 милијарди евра), Ирска (82 милијарди), Белгија (62 милијарди), Франција (54 милијарди) и Холандија (50 милијарди) евра.

Најголемите дестинации за извоз надвор од ЕУ се: САД (170 милијарди евра), Швајцарија (64 милијарди), Обединетото Кралство (47 милијарди), Кина (36 милијарди) и Јапонија (18 милијарди) евра.

Што се однесува до увозот, најголеми увозници на хемиски производи во ЕУ се: Германија (56 милијарди евра), Белгија (45 милијарди), Холандија (43 милијарди), Италија (34 милијарди) и Словенија (29 милијарди) евра.

ЕУ со рекорден извоз на хемиски производи во вредност од 560 милијарди евра