Индустриското производство во август опадна за 3.5% споредено со лани

Индустриското производство во август опадна за 3.5% споредено со лани

Индустриското производство во Македонија во август бележи намалување од 3.5% во однос на истиот месец во 2024 година, покажува најновиот извештај на Државниот завод за статистика.

Сепак, некои индустриски сектори покажуваат позитивни резултати. Секторот Рударство и вадење на камен забележал раст од 7.0%, додека во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 1.4%. Најголем пад е забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, кој е намален за 26.8%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, на намаленото производство во следните оддели:

- Производство на прехранбени производи.

- Производство на текстил.

- Печатење и продукција на снимени медиуми (записи).

- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати.

- Производство на метали.

- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.

- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

- Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 23.7%, Капитални производи за 12.0%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.7%.

Пораст е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14.8%. Индустриското производство во периодот јануари – август 2025 година е зголемено за 2.2 % во однос на периодот јануари – август 2024 година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.