Мицкоски: За 20 години Македонија може да падне под 1 милион жители

Мицкоски: За 20 години Македонија може да падне под 1 милион жители

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја промовираше новата петгодишна програма за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), нагласувајќи дека демографските предизвици се клучен приоритет за државата.

Премиерот изрази загриженост поради континуираниот пад на наталитетот во земјава, истакнувајќи дека бројот на новородени деца во Македонија е намален од над 50.000 во 1950 година на околу 16.000 во 2024. Главни причини, според него, се иселувањето и опаѓањето на фертилитетот.

„Реално присутното население не надминува 1,5 милиони жители. Ако продолжиме со ова темпо, за 20 години ќе бидеме држава под 1 милион жители. Тоа значи колапс за пензискиот и здравствениот фонд,“ предупреди Мицкоски.

Како дел од мерките што веќе се преземени, тој ги наведе економскиот раст, шест бесплатни обиди за ин витро оплодување, изградбата на нови градинки, бесплатните учебници, како и економската и социјалната поддршка за семејствата.

„Без разлика на етничката или верската припадност, многудетното семејство значи иднина. Времето е сега – иднината е во нашите деца,“ порача премиерот.

Мицкоски: За 20 години Македонија може да падне под 1 милион жители