АД ЕСМ денеска потпиша Договор за грант со германската развојна КфВ банка, со што се обезбедени 1,5 милиони евра техничка помош.
Ова финансирање, обезбедено од Европската Унија, е наменето за зајакнување на внатрешните капацитети на ЕСМ и за забрзување на клучните активности во процесот на енергетска транзиција.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, истакна дека грантот претставува стратешки камен-темелник за институционална трансформација.
„За ЕСМ ова е повеќе од премин кон обновливи извори на енергија, туку сериозна посветеност да станеме модерна и комерцијално конкурентна сила на европскиот енергетски пазар. Финансирањето ќе биде алатка за зајакнување на нашите внатрешни капацитети и корпоративно управување, преку финансирање на критични иницијативи за моделирање и стратешко планирање. Овој фокус ја осигурува нашата оперативна одржливост, ја зајакнува енергетската безбедност на земјата и значително ги забрзува нашите напори за намалување на јаглеродниот отпечаток.“ изјави Узунчев.
Штефан Худолин, раководител на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, нагласи дека забрзувањето на зелената транзиција е многу блиску, а земјата добива технички насоки од КфВ за да ја забрза трансформацијата на енергетскиот сектор.