„Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик - Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продава компании поради американските санкции

„Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик - Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продава компании поради американските санкции

Руската нафтена компанија „Лукоил“ објави дека добиле официјална понуда од кипарската компанија „Гунвор Груп“ за купување на сите имоти и компании во странство во сопственост на компанијата.

Од „Лукоил“ соопштија дека ја прифатиле понудата, чии клучни услови биле претходно договорени меѓу двете страни. Со прифаќањето, „Лукоил“ се обврза да не преговара со други потенцијални купувачи.

Според соопштението, оваа продажба доаѓа како директен резултат на рестриктивните мерки воведени од одредени држави против компанијата и нејзините подружници.

Финализирањето на обврзувачкиот договор за трансакцијата зависи од исполнувањето на неколку претходни услови, вклучувајќи го добивањето на дозвола од агенцијата на Министерството за финансии на САД, како и други применливи лиценци, дозволи и овластувања.

Со оваа продажба е опфатена и македонската подружница на „Лукоил“ која има бензински пумпи низ целата држава.

Оваа одлука е донесена поради воведувањето на санкции на САД кон руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ со цел да се принуди Русија да ја прекине војната во Украина и да склучи мировен договор.

Следете ги најновите вести на Viber
„Лукоил Македонија“ ќе добие нов сопственик - Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ продава компании поради американските санкции