Трамп: Кина се согласи да купи големи количини на американска соја и енергенси, ќе продолжи слободниот проток на ретки минерали

Трамп: Кина се согласи да купи големи количини на американска соја и енергенси, ќе продолжи слободниот проток на ретки минерали

По завршувањето на азиската турнеја, американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека имал одлична средба со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Трамп изјави дека претседателот Си Џинпинг лично одобрил Кина да започне со откуп на големи количини на соја и други земјоделски производи од САД, што според Трамп е голема победа за американските земјоделци.

Кина се согласила да го продолжи слободниот проток на ретки и критични минерали и магнети кон САД.

Како многу значаен чекор, Трамп истакна дека Кина изјавила дека ќе соработува со САД за да се прекине протокот на фентанил и да се стави крај на кризата со опијати во САД.

Дополнително, Кина се согласила да започне со купување на американски енергенси, при што може да се реализира многу голема трансакција за купување нафта и гас од Алјаска.

Следете ги најновите вести на Viber
Трамп: Кина се согласи да купи големи количини на американска соја и енергенси, ќе продолжи слободниот проток на ретки минерали