Во Општина Бутел пуштен во употреба мега парк на површина од 50 илјади квадратни метри

Во Општина Бутел пуштен во употреба мега парк на површина од 50 илјади квадратни метри

Во Општина Бутел официјално е ставен во функција новиот мега парк „Бутелска оаза“, кој се простира на површина од 50.000 квадратни метри. Според градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, просторот што во минатото функционираше како неодржувана депонија и за кој беа предвидувани градежни активности за висококатници, е пренаменет во зелена рекреативна зона за потребите на жителите на оваа општина.

Проектот опфаќа зелени површини со над 650 нови дрвја, нов плоштад, детски катчиња со реквизити за најмладите, уредени пешачки патеки и современи фитнес зони за рекреација. За да се обезбеди долгорочна одржливост и заштита на вегетацијата, целиот парк е опремен со сопствен систем за наводнување со техничка вода. Просторот е целосно прилагоден за сите генерации, нудејќи содржини за детски игри, дружење на младите, семејни прошетки и спокоен одмор за пензионерите.

Проектот е реализиран во обем поголем од првично планираните димензии во локалните програми и изградбата на паркот е завршена во текот на првата година од тековниот мандат.

Уредувањето на овој простор има за цел намалување подобрување на квалитетот на воздухот и обезбедување јавни површини наменети за сите возрасни категории граѓани.