ДЗС: Бројот на свињи пораснал за 18,5%, овчарството и живинарството во пад

ДЗС: Бројот на свињи пораснал за 18,5%, овчарството и живинарството во пад

Државниот завод за статистика ги објави најновите податоци за состојбата со добитокот и живината во земјава за 2025 година, кои покажуваат променливи трендови во сточарскиот сектор во споредба со претходната година. Најзначаен пораст е забележан кај одгледувањето свињи, додека кај овците и живината продолжува трендот на намалување на вкупниот број.

Според статистичките мерења, вкупниот број на свињи во 2025 година изнесува 212.842 грла, што претставува значително зголемување од 18,5% во споредба со 2024 година. Овој раст е особено изразен кај индивидуалните земјоделски стопанства, каде што бројот на свињите се зголемил за дури 35,4%.

Зголемен број е регистриран и кај козите, чиј вкупен број достигнал 101.007 грла, што е пораст од 3,2% на годишно ниво.

Од друга страна, бројот на овците бележи пад од 9,2% и сега изнесува 469.320 грла. Сличен тренд на намалување е забележан и кај живината, каде што бројот е помал за 10,6% во споредба со претходната година. Кај говедата е регистриран благ пад од 0,9%, со што вкупниот број на грла изнесува 142.715, а намалувањето е првенствено евидентирано кај индивидуалните земјоделски производители.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.