Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека започнува со исплата на зголемени плати за сите вработени во ресорот, во согласност со најновите податоци за висината на минималната плата во државата.
Согласно официјалното соопштение, Министерството изврши линеарно покачување на платата во бруто износ од 2.470 денари. Ова зголемување стапува на сила веднаш и ќе биде реализирано со исплатата на платата за месец март 2026 година.
Од МВР најавуваат дека во наредниот период, преку имплементацијата на новиот Закон за внатрешни работи, дополнително ќе се разгледаат можностите за нов пораст на примањата. Овој чекор е дел од континуираните заложби за подобрување на работните услови и социјалниот стандард на припадниците на македонската полиција.






