Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во ТС „Дуброво“ - инвестиција вредна 4,8 милиони евра

Нов 400/110 kV трансформатор пристигна во ТС „Дуброво“ - инвестиција вредна 4,8 милиони евра

Во трансформаторската станица „Дуброво“ пристигна нов, клучен 400/110 kV трансформатор, инвестиција вредна 4,8 милиони евра од страна на МЕПСО, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Оваа инвестиција значително ќе ја зајакне стабилноста и сигурноста на македонскиот електропреносен систем во наредните три до четири децении.

„Трансформаторската станица 'Дуброво' е клучна за македонскиот електропреносен систем, бидејќи го поврзува нашиот најголем производствен капацитет, РЕК Битола, со најголемиот потрошувачки регион – Скопје“, изјави министерката Божиновска.

Таа потенцираше дека „Дуброво“ е еден од најважните енергетски јазли во регионот, со оглед на тоа што тука се вмрежуваат и 400 kV интерконективни далекуводи со соседните Бугарија и Грција.

Пристигнувањето на новиот трансформатор е дел од стратешките инвестиции на МЕПСО, чија цел е модернизација и зајакнување на енергетската инфраструктура на државата. Овој чекор се очекува да придонесе за непречено снабдување со електрична енергија и поголема отпорност на системот кон потенцијални пречки.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.