Пет нови авиолинии од Скопскиот Аеродром: Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Пет нови авиолинии од Скопскиот Аеродром: Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Македонија добива значајно зајакнување на воздушната поврзаност со Европа, откако министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, утрово објави потпишување на договор за пет нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој потег, како што истакна министерот, ќе донесе повеќе туристи, подобри бизнис можности и нови опции за патување за граѓаните.

Новите редовни линии ќе започнат со работа кон крајот на годината:

- Од ноември: Скопје-Стокхолм и Скопје-Мадрид.

- Од декември: Скопје-Бари, Келн-Скопје и Прага-Скопје.

Со овие пет нови линии, вкупниот број на новоотворени дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром во последната година достигна 16, што претставува значителен напредок во регионалната и меѓународната поврзаност на земјата.

Министерот Николоски, исто така, ги презентираше и позитивните резултати од работењето на аеродромите во првата половина од годината. Скопскиот и Охридскиот аеродром заедно достигнале милион и петсто илјади превезени патници. Конкретно, Скопскиот аеродром бележи раст од 5%, додека Охридскиот аеродром оствари уште позначаен раст од 11%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.