Министерство за транспорт: Се склучуваат билатерални договори за долгорочни визи на македонските транспортери

Министерство за транспорт: Се склучуваат билатерални договори за долгорочни визи на македонските транспортери

Министерството за транспорт соопшти дека активно и во континуитет работи на надминување на предизвиците со кои се соочуваат македонските транспортери во однос на престојот и правилата во земјите од Шенген зоната. Основна стратегија на Владата е преку директни билатерални договори со земјите членки да се обезбедат долгорочни визи за професионалните возачи.

Од ресорното министерство подвлекуваат дека транспортната дејност е клучна за македонската економија и дека се преземаат сите чекори за овозможување нејзино непречено функционирање.

Како резултат на досегашните активности, успешно се склучени билатерални договори со Швајцарија, Хрватска и Романија.

Дипломатските и оперативните активности продолжуваат со интензивен ритам. За месец септември е закажана средба на високо ниво со Владата на Австрија, додека во октомври предвидени се преговори и со Словенија. Паралелно се работи и на постигнување договор со Германија, со цел целосно покривање на традиционалните рути каде што македонските транспортери имаат најголема фреквенција.

Од Министерството за транспорт потенцираат дека билатералниот пристап е единствениот ефективен начин Македонија самостојно да го реши ова прашање во рамките на постојните европски правила.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.