Нова опрема за училиштата во Кисела Вода: Смарт панели, обновени училници и бесплатни ранчиња за првачињата

Нова опрема за училиштата во Кисела Вода: Смарт панели, обновени училници и бесплатни ранчиња за првачињата

Во пресрет на новиот училиштен почеток, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска најави значителни вложувања во основното образование на територијата на општината. Фокусот е ставен врз модернизација на училниците, набавка на дигитална опрема и темелно обновување на училишните простории со цел обезбедување подобри услови за учениците и наставниот кадар.

Како дел од поддршката за семејствата, за сите првачиња се обезбедени бесплатни ранчиња со училишен прибор, а за сите ученици се обезбедени нови училишни униформи.

Во ООУ „Партенија Зографски“ е инсталирана нова информатичка опрема за изведување соодветна современа настава. Набавени се лаптопи, смарт панели, таблети и гигабитни рутери, со што е обезбедена целосна и брза интернет-мрежа низ целото училиште.

Покрај тоа, извршено е целосно обновување на училишниот мебел во училниците од I до IV одделение со нови клупи и столчиња, а опремени се и просториите за предметна настава. Нови шкафчиња се обезбедени и за наставниците и техничкиот персонал.

Сериозни вложувања се реализирани и во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, каде што се набавени 150 нови столчиња, 75 училишни клупи, катедри, како и телевизори и бели табли за училниците.

Паралелно со опремувањето, во ова училиште се извршени градежни зафати со кои се реконструирани и освежени со боја над 7.500 квадратни метри ѕидови во десет училници и соодветните ходници, создавајќи чиста и стимулативна средина за претстојната учебна година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.