Утре авионско прскање против комарци во Општина Кавадарци

Утре авионско прскање против комарци во Општина Кавадарци
Сподели:

Општина Кавадарци упати известување до граѓаните дека утре, на 1 септември 2026 година (вторник), ќе се спроведе третото авионско третирање против комарци за оваа година. Дезинсекцијата ќе се реализира во раните утрински часови, односно во периодот од 05:30 до 07:00 часот, а извршител на активноста е операторот ДВУ „РИМИН ЕР“ ДООЕЛ Штип.

Третманот ќе го опфати појасот долж течението на реката Луда Мара од селото Марена, преку целото градско подрачје на Кавадарци и селото Ваташа, па сè до браната Моклиште.

Од општината посебно апелираат до сите пчелари во овој регион да преземат заштитни мерки. Неопходно е кошниците да бидат затворени за време на прскањето, како и 3 до 4 часа по завршување на третманот, со цел да се спречат несакани последици врз пчелните семејства.

Доколку утре има неповолни временски услови, како што се силен ветар или врнежи од дожд, авионското третирање ќе биде одложено за следниот соодветен ден, за што граѓаните ќе бидат дополнително известени.