Алкалоид АД Скопје со консолидирани продажби од 246,6 милиони евра и извоз од 160,4 милиони евра во првите девет месеци

Алкалоид АД Скопје со консолидирани продажби од 246,6 милиони евра и извоз од 160,4 милиони евра во првите девет месеци

Алкалоид АД Скопје објави импресивни резултати од работењето за периодот јануари – септември 2025 година, бележејќи рекордни консолидирани продажби, значителен извоз и континуирани инвестиции.

Консолидирани продажби достигнаа 15.191.149.664 денари (246,6 милиони евра), што е раст од 7% во споредба со истиот период минатата година.

Консолидираната нето-добивка е зголемена за 8%, достигнувајќи 1.487.454.694 денари (24,11 милиони евра).

Компанијата истакнува дека и покрај исклучително високата основа поставена со растот од 14% во 2024 година, тековниот умерен раст е во согласност со предвидената динамика, а реализираните продажби се за 2% поголеми од планираните за првата половина на 2025 година.

Извозот изнесува 160,4 милиони евра, при што 65% од вкупните консолидирани продажби се остварени на странските пазари.

Најголем пораст на извозот е забележан на пазарите во Австрија (зголемување од 6 пати), Холандија (5,5 пати), Шведска (4 пати) и Финска (3,5 пати). Позитивни трендови бележат и Германија (раст од 19%), Полска (раст од 23%) и земјите од Југоисточна Европа.

На домашниот пазар е остварен раст од 17% на консолидираните продажби, делумно благодарение на активното учество на компанијата во обезбедувањето на ретки и специфични терапии.

Сегментот фармација учествува со доминантни 91% во вкупните продажби, бележејќи раст од 7%. Најголем придонес имаат антибиотиците (23%), ОТЦ препаратите (18%) и невролошките препарати (13%). Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9%, при што сегментот хемија бележи раст од 20%.

Алкалоид има 2.996 вработени, од кои 2.251 се во земјава. Во првите девет месеци од 2025 година во Македонија се реализирани 46 нови вработувања.

Асоцијација (08 април 2026)