Царинската управа заплени 130 килограми марихуана на граничниот премин „Табановце“

Царинската управа заплени 130 килограми марихуана на граничниот премин „Табановце“

Царинската управа спречи меѓународен канал за нелегална трговија со дрога и заплени вкупно 130 килограми марихуана на граничниот премин Табановце, на излез од државата.

Како што информираше директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, во акцијата е уапсен државјанин на Република Србија, кој е сопственик и возач на превозна компанија регистрирана во Љубљана, Словенија. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет опојни дроги“.

Запленетата дрога била откриена при детален преглед на товарното моторно возило со кое управувал српскиот државјанин. Царинските службеници забележале дека палетите во возилото се специјално прекроени и отстапуваат од стандардната форма.

„Зад прекроените палети имало повеќе торби во кои беа откриени 131 пакување со вкупно 130 килограми марихуана“, појасни директорот Николовски.

Тој ја истакна квалитетната реакција и зголемената ефективност на царинските службеници како клучна за успехот на акцијата.

Следете ги најновите вести на Viber
Царинската управа заплени 130 килограми марихуана на граничниот премин „Табановце“