Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%

Индустриското производство во септември се зголеми за 2,7%

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека индустриското производство во Македонија во септември 2025 година бележи раст од 2,7% во споредба со истиот месец минатата година.

Најголемо влијание врз растот имаат одделите: Производство на прехранбени производи (+8,3%), Производство на електрична опрема (+8,2%) и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки (+7,7%).

Спротивно, секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 1,7%, додека секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација е намален за 2,5%.

Гледано според главните индустриски групи, забележан е пораст кај: Интермедијарни производи, освен енергија (6,0%), Капитални производи (3,0%) и Енергија (1,6%). Истовремено, опаѓање има кај Трајни производи за широка потрошувачка (5,6%) и Нетрајни производи за широка потрошувачка (0,6%).

ДЗС соопшти дека кумулативното индустриско производство во периодот јануари – септември 2025 година е зголемено за 2,3% во однос на истиот период од 2024 година.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.