Приходите на Реплек се зголемија на 26 милиони евра, добивката порасна на 3,9 милиони евра

Приходите на Реплек се зголемија на 26 милиони евра, добивката порасна на 3,9 милиони евра

Фармацевтската компанија „Реплек“ АД објави континуиран раст и исклучително стабилни деловни резултати за периодот јануари – септември 2025 година, потврдувајќи ја одржливоста на својот бизнис модел.

Компанијата оствари консолидирана нето-добивка по оданочување во износ од 239 милиони денари (3,9 милиони евра). Ова претставува раст од 77% во однос на истиот период минатата година.

Главниот двигател на растот се приходите од продажба во сегментот Фармација, кои достигнаа 26 милиони евра. Овој приход е за 18% поголем во споредба со првите девет месеци од 2024 година.

„Реплек“ останува силно извозно ориентирана компанија. Извозот во овој период изнесува 19,70 милиони евра, бележејќи раст од 18% на годишно ниво. Приходите од домашниот пазар исто така се зголемени за 18%, достигнувајќи 6,25 милиони евра. Со овие резултати, компанијата ја задржува стратегијата за балансирана географска распределба, при што 75% од приходите доаѓаат од извоз, а 25% од домашниот пазар.

Следете ги најновите вести на Viber
Приходите на Реплек се зголемија на 26 милиони евра, добивката порасна на 3,9 милиони евра