Витаминка ги зголеми приходите на над 48 милиони евра - Добивката порасна за 5% во првите девет месеци

Витаминка ги зголеми приходите на над 48 милиони евра - Добивката порасна за 5% во првите девет месеци

Прехранбената компанија „Витаминка“ АД Прилеп објави позитивен финансиски резултат за периодот јануари – септември 2025 година, остварувајќи раст на вкупните приходи и зголемување на добивката по оданочување.

Според неревидираниот единечен Биланс на успех, компанијата оствари вкупни приходи од 3 милијарди денари (околу 49 милиони евра). Ова претставува значителен раст од 14% во споредба со приходите реализирани во истиот период од 2024 година.

Вкупните расходи за првите девет месеци изнесуваат 2,9 милијарди денари (околу 48 милиони евра), што е зголемување од 21% во однос на истиот период лани. Компанијата појаснува дека висината на расходите е во корелација со обемот на работењето.

И покрај зголемувањето на расходите, „Витаминка“ оствари добивка по оданочувањето во висина од 37 милиони денари (614 илјади евра). Овој резултат е за 5% поголем во споредба со добивката постигната во периодот јануари – септември 2024 година.

Следете ги најновите вести на Viber
Витаминка ги зголеми приходите на над 48 милиони евра - Добивката порасна за 5% во првите девет месеци