Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Срушена нелегална доградба од ресторанот „Мечка“ што го блокираше тротоарот во Дебар Маало
Срушена нелегална доградба од ресторанот „Мечка“ што го блокираше тротоарот во Дебар Маало
Општина Центар денеска изврши уривање на нелегална доградба која беше дел од ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Инспекциските служби и механизацијата денеска излегоа на терен и ја отстранија бесправно поставената конструкција, која со месеци го блокираше тротоарот и зафаќаше дел од коловозот во фреквентната населба. Градоначалникот Герасимовски истакна дека акцијата е резултат на непочитувањето на законските процедури од страна на сопственикот, и покрај повеќе претходни опомени од општината. „Општина Центар ја урна нелегалната доградба која подолго време го блокираше тротоарот и дел од коловозот. По повеќе опомени и непостапување, инспекциските служби и механизацијата ја отстранија конструкцијата што го попречуваше нормалното движење. Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата.“ - изјави Герасимовски. Општината најавува дека ова е само дел од засилените контроли и активности кои ќе продолжат да се спроведуваат со цел да се воспостави ред и да се заштити јавниот интерес од нелегално поставени објекти на целата територија на Центар.
Продуктоводот Солун-Скопје ќе биде оперативен до крајот на годината
Продуктоводот Солун-Скопје ќе биде оперативен до крајот на годината
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Владата презема чекори за ставање во функција на продуктоводот Солун-Скопје, кој со години е надвор од употреба и се очекува да биде оперативен до крајот на оваа година. Иако во новинарското прашање беше спомната можноста за снабдување на Јужна Србија со нафтени деривати во контекст на американските санкции кон српската нафтената компанија „НИС“, Мицкоски нагласи дека трговијата со нафтените деривати е работа на приватните компании, а не на Владата. Иако во новинарското прашање беше спомната можноста за снабдување на Јужна Србија во контекст на американските санкции кон српската нафтената компанија „НИС“, Мицкоски нагласи дека трговијата со деривати е работа на приватните компании, а не на Владата. „Нормално дека како Влада ја разгледуваме секоја можност, но ние како Влада не сме акционерско друштво за да ја снабдуваме Јужна Србија или другите земји, тоа го прават приватни компании коишто водат бизнис.“ - изјави Мицкоски. Премиерот информираше дека испитувањата на цевководот се завршени и претстои фаза на проби на притисок. Тој посочи дека ценовникот за користење на продуктоводот е веќе усвоен од Владата.
Девет државјанки на Колумбија се приведени во гостиварскиот крај поради злоупотреба на туристичкиот престој
Девет државјанки на Колумбија се приведени во гостиварскиот крај поради злоупотреба на туристичкиот престој
Вчера во 01:30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар спроведоа акција во угостителски објект во селото Добри Дол, општина Врапчиште. При извршените проверки, затекнати биле вкупно 13 женски лица, од кои девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, деветте странски државјанки, П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), и П.М.М.М. (32), сите од Колумбија, се лишени од слобода. Против нив се поднесени соодветни пријави, а по одлука на Основниот суд Гостивар, на странските државјанки им е изречена мерка забрана за влез во Македонија во траење од една година, како и парична казна.
Пет лица лишени од слобода за проневера на 2.000 тони пченица и јачмен
Пет лица лишени од слобода за проневера на 2.000 тони пченица и јачмен
Полициски службеници од Единицата за финансиски криминал приведоа пет лица поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Приведени се: Н.Р. (51) од Куманово, поранешен директор на ЈП „Агро Берза“ Скопје; Р.А. (61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви; Т.К. (55) од Скопје, поранешен раководител во Агенцијата за стоковни резерви; Т.Д. (58) од Куманово, поранешен заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и државен советник; и М.П. (68) од Скопје, ангажирано вешто лице. Во акцијата биле извршени и претреси на пет локации во Скопје, Куманово и Тетово, а против лицата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичното дело е сторено со злоупотреба на службената должност, при што Н.Р., Р.А., Т.К. и Т.Д., во својство на овластени лица, доставиле неточни податоци и информации до Владата. Имено, иако биле должни да ја известат Владата за фактичката состојба и за настанат неоснован кусок на меркантилна пченица и јачмен во ЈП „Агро Берза“ за периодот од 2019 до 2021 година, тие постапиле спротивно на Законот за стоковни резерви. Пријавените во 2022 година изготвиле записник со кој предложиле прифаќање отпис на кусок во количина од 1.500 тони меркантилна пченица и 500 тони јачмен, знаејќи дека овој кусок всушност се однесува на долг период од 2007 до 2021 година, иако немало законска основа да се земе предвид тој период. Причината е што во 2019 година била извршена целосна обнова на складираните житни култури, а во претходните годишни надзори не бил констатиран кусок. Ангажираното вешто лице, М.П., постапил спротивно на Законот за процена и договорот за услуга, изготвувајќи вешт наод со внесени невистинити податоци, при што не ја зел предвид целокупната документација од Агенцијата за стоковни резерви и ЈП „Агро берза“. Овој вешт наод бил приложен кон информацијата која Владата ја прифатила, со што Агенцијата за стоковни резерви била задолжена да изврши отпис на житните култури. Со ова, на државниот Буџет му е нанесена штета од 473 илјади евра (според цените во моментот на отписот, вредноста достигнала 780 илјади евра).
Општина Кисела Вода започна со уривање на дивоградба во населбата „11 Октомври“
Општина Кисела Вода започна со уривање на дивоградба во населбата „11 Октомври“
Општина Кисела Вода денес спроведе уривање на дивоградба лоцирана во населбата „11 Октомври“, постапувајќи по донесено решение за отстранување на објект кој не поседува соодветни технички акти. Како што информира Општината, станува збор за поранешен деловен објект во сопственост на ГП „Пелагонија 5 - Градилиште механизација“ во стечај, за кој не постои потребната техничка документација и кој никогаш не бил евидентиран во Агенцијата за катастар. „Општина Кисела Вода ќе работи исклучиво законски, почитувајќи ги сите закони и правила. Нема да има двојни стандарди за никого и нема да дозволиме прекршување на било каков закон. Законите мора да важат подеднакво за сите. Во мојот мандат ќе се залагам за работење исклучиво според право и правда“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска. Таа нагласи дека институцијата ќе постапува одговорно за сите случаи каде ќе се утврдат нерегуларности во однос на објекти на територијата на општината. „За секој објект кај кој ќе се утврдат неправилности ќе биде издадено решение за отстранување. Тоа е единствениот начин да воспоставиме ред и правичност и да го заштитиме јавниот интерес.“ - додаде Стаменкоска Трајкоска.
Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено
Во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено
Според Државниот завод за статистика, во септември е произведено повеќе електрична енергија отколку што е потрошено. Вкупната бруто-произведена електрична енергија во септември изнесува 391.740 MWh, што е за 4,9% повеќе од вкупната бруто-домашна потрошувачка. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија. Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 373.518MWh електрична енергија, 19.406 милиони нормални кубни метри природен гас, 368.114 тони јаглен и 95.577 тони нафтени продукти. Според податоците, 99,9% од вкупната потрошувачка на јаглен е употребена за производство на електрична енергија. Во споредба со истиот месец лани, забележано е намалување на потрошувачката на одредени енергенти: потрошувачката на природен гас е намалена за 15,5%, што ДЗС го објаснува со намалената активност на когенеративните постројки, додека потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 13,2%.
Министерство за енергетика: Над 15 милиони евра приходи од концесии во првите девет месеци, наплатата зголемена за два и пол пати
Министерство за енергетика: Над 15 милиони евра приходи од концесии во првите девет месеци, наплатата зголемена за два и пол пати
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини за првите 9 месеци достигна над 15 милиони евра. Само во третиот квартал од 2025 година, наплатата достигна рекордна сума од околу 6,2 милиони евра, што е зголемување за повеќе од два и пол пати споредено со истиот период во 2024 година, кога биле наплатени околу 2,4 милиони евра. Во првиот квартал од 2025 година се наплатени околу 4,2 милиони евра, а во вториот квартал околу 4,6 милиони евра, што е значително повеќе од истите квартали во 2024 година. Министерството нагласи дека овие резултати се директна последица на посветените активности за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите. Клучни чекори вклучуваат засилени инспекциски контроли и испраќање писмени опомени, со ризик од едностран раскин на договорите за оние кои не ги почитуваат законите. Владата, на предлог на Министерството, веќе донесе 46 одлуки за едностран раскин на договори за концесија за експлоатација на минерални суровини, делумно поради неплаќање на концесискиот надоместок. Дополнително, од 1 јануари 2025 година е воведен Нов Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100%, со цел да се обезбеди правична вредност за користење на природните ресурси. Овие измени не се однесуваат на енергетските минерални суровини, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија. Министерството очекува наплатата дополнително да расте откако концесионерите ќе ги регулираат преостанатите обврски.
Мицкоски: Пристигнати се рекордни 6045 апликации за искористување на мерката за самовработување
Мицкоски: Пристигнати се рекордни 6045 апликации за искористување на мерката за самовработување
Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека мерката за самовработување бележи најголем интерес досега, со вкупно 6.045 пристигнати апликации. Од вкупниот број апликации, 3.296 се од млади лица под 29 години. До овој момент се издадени 2.916 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети се 2.681, при што 1.140 се за млади до 29 години, 912 за лица над 29 години, а 629 за правни субјекти регистрирани како ДОО. Во моментот, 2.545 лица веќе се во процес на потпишување договори за грант, по што ќе следи дводневна обука. Финансиската поддршка е зголемена за 7.000 евра за лица над 29 години (или 14.000 евра ако се здружат во ДОО) и 10.000 евра за млади до 29 години (или 20.000 евра ако се здружат во ДОО). Овие средства ќе овозможат отворање на нови занаетчиски работилници, ИТ-стартапи, услуги и производствени мали фирми, создавајќи нови можности за развој на целата економија. Мерката е дел од Оперативниот план за 2025 година, кој тежи над 2,5 милијарди денари (40 милиони евра), што е рекорден износ и за 7,5 милиони евра повеќе од минатата година, а се очекува да опфати 16.507 лица. Поради огромниот интерес, Министерството за економија и труд заедно со Агенцијата за вработување предложија ревизија на Планот, при што се прераспределија дополнителни 300 милиони денари, плус 161 милион денари обезбедени преку ребалансот на Буџетот. Премиерот ја нарече мерката силен инструмент во борбата против невработеноста, менувајќи ја филозофијата од држава која само обезбедува социјална поддршка, во држава која создава можности и охрабрува личен напредок.
Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје
Ѓорѓиевски: Тротоарите веќе не се паркинзи, се поставуваат столпчиња низ Скопје
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека градежни екипи во моментов работат паралелно на повеќе локации низ целата територија на главниот град. Активностите се фокусирани на неопходни брзи интервенции и воведување поголем ред во јавниот простор. Екипите на Градот тековно интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците. Овие брзи зафати се неопходни поради зимските услови и целта е да се подобри безбедноста во сообраќајот. Градоначалникот најави дека со подобрувањето на временските услови напролет, фокусот ќе се префрли кон темелна и целосна обнова на коловозите. Паралелно со санацијата на коловозите, Град Скопје започна акција за ослободување на тротоарите преку поставување на столпчиња. „Тротоарите не се паркинзи и повеќе нема да дозволиме така да се третираат.“ - изјави е градоначалникот Ѓорѓиевски. Дополнително, во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно, се поставува нова урбана опрема со цел да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.
Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби
Со дрон ќе се следи дали концесионерите на рудниците прават злоупотреби
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воведе современ дигитален систем и специјализиран дрон за надзор и мониторинг на сите концесии во државата – од минерални суровини, до соларна енергија и ветерни инсталации. Овој чекор е насочен кон зајакнување на контролата, транспарентноста и одговорното користење на природните ресурси. Новата технологија овозможува прецизно следење на експлоатацијата на минералното богатство, како и проверка на точните координати и инфраструктурата на соларните панели и столбовите за мерење на ветерните паркови. Со воведувањето на дронот, инспекцискиот надзор значително се зајакнува: им овозможува на инспекторите да вршат увид без секогаш да бидат физички присутни на терен, обезбедува побрза реакција, пократко време за контрола и непречено следење на активностите. Овој систем овозможува подетално следење на работата на концесионерите и значително го намалува ризикот од злоупотреби. Министерката Сања Божиновска истакна дека со овој систем се унапредува инспекциската контрола: „Создадовме можност за современ и ефикасен надзор, кој овозможува концесиите да се користат одговорно и согласно законот“. Вработените во Министерството кои ќе управуваат со дронот веќе поминаа специјализирана обука за негово користење и правилна интерпретација на податоците од далечинското набљудување. Користењето на дронови е веќе стандардна практика во развиените земји за мапирање, инспекциски надзор и мониторинг на енергетски и природни ресурси. Со оваа иновација, Министерството ја следи светската пракса и ја унапредува модернизацијата и ефикасноста во управувањето со ресурсите.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk