Царинската управа на Република Македонија бележи историски успех, надминувајќи ја бројката од 12 милијарди денари во наплата, објави денеска директорот Бобан Николовски. Овој резултат претставува значајна пресвртница и континуитет во позитивните трендови на институцијата. Тој посочи дека во истиот месец минатата година (јули 2024), наплатата изнесувала 11 милијарди и 993 милиони денари, што било „само чекор до неа“. Годинава, пак, постигнат е раст од 5,4 проценти, што е еквивалентно на 10,5 милиони евра повеќе од рекордниот резултат остварен тогаш. Растот на наплатата на приходи е евидентен по сите основи, при што најзначајни зголемувања се забележани кај: Царина: раст од дури 21,6%, ДДВ при увоз: раст од 3,8%, Акцизи: раст од 4,5%, Акцизи: раст од 4,5%, Данок на моторни возила: раст од 10,4%. Целта на новото раководството не е само да се биде подобар од претходната администрација, туку да се надминуваат самите себеси. Бруто домашниот производ (БДП) на Германија забележа пад од 0,1% во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, покажуваат најновите податоци објавени од Сојузниот завод за статистика (Дестатис). Овој пад доаѓа по ревидираниот раст од 0,3% забележан на почетокот на годината, во првиот квартал. Според прелиминарните податоци на Дестатис, намалувањето на БДП во голема мера се должи на пониските инвестиции во опрема и градби во вториот квартал. Спротивно на тоа, приватната и државната потрошувачка забележаа раст во истиот период. Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП во вториот квартал од 2025 година остана на исто ниво (0,0%), иако имаше еден работен ден помалку. Сепак, прилагодено за цени и календарски ефекти, БДП е повисок за 0,4% во однос на истиот квартал лани. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2025 година продажбите достигнуваат 6.754.023.385 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.113.230.177 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 15%, што значително ги надмина нашите првични проекции и претставуваше речиси двојно зголемување во однос на планираното за 2024 година. Ваквиот исклучителен резултат во 2024 година постави висока основа за тековната година, при што моменталниот раст е умерен, но е во согласност со предвидената динамика. Во споредба со планираните продажби за првата половина од 2025 година реализираните се поголеми за 2 %. Од вкупните консолидирани продажби 34 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 19 %, а во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Холандија, кои се зголемени 6,6-пати; потоа во Австрија, каде што се зголемени 5,3-пати, во Шведска, каде што се зголемени 4-пати, на Јужна Африка, каде што се зголемени 3-пати, како и во Финска каде што продажбите се зголемени 2,8 пати. Потоа следуваат оние во Ирска (раст од 66%), Грузија (раст од 45%), Ерменија (раст од 23 %), во Грција (раст од 17 %), Босна и Херцеговина (раст од 14 %), Германија (раст од 14 %), во Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), Хрватска (раст од 9 %) итн. Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 23 %, препаратите ОТЦ со 16 %, невролошките препарати со 13 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 8 %, хемија раст од 15 %, козметика пад од 7 %, а билкарство намалување од 17 %. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 615.183.731 денари. Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.614.311.178 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 941.846.091 денари и е зголемена за 7 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.699.523.384 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 855.738.395 денари е зголемена за 4 %.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во правните лица во Република Хрватска за мај 2025 година изнесуваше 1.451 евро, што претставува номинален пораст од 0,8%, а реален од 0,5% во однос на април 2025 година. Според најновите податоци, просечната месечна бруто плата во истиот период достигна 2.019 евра, што е номинално повисоко за 1,1%, а реално за 0,8% во споредба со претходниот месец. Во однос на истиот месец минатата година, просечната нето плата е номинално повисока за 9,6%, а реално за 5,9%. Истовремено, просечната бруто плата бележи номинален пораст од 10,2% и реален од 6,5% во споредба со мај 2024 година. Медијалната нето плата за мај 2025 година изнесуваше 1.236 евра, што е за 1,5% повеќе во однос на април 2025 година и за 10,2% повеќе во однос на истиот месец минатата година. Медијалната бруто плата беше 1.686 евра, со пораст од 1,8% во однос на претходниот месец и 10,9% во однос на мај 2024 година. Највисока просечна месечна бруто плата по вработен во мај 2025 година е забележана во дејноста Воздушен сообраќај, во износ од 3.314 евра. Спротивно на тоа, најниска просечна бруто плата е евидентирана во дејноста Производство на облека, со износ од 1.205 евра. Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места. Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и за плаќање во апликации на Apple Watch. „Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Утрешниот состанок на Социјално-економскиот совет ќе биде посветен на анализа на потрошувачката кошничка, наместо на зголемувањето на платите, тема која Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе ја постави како клучно барање. ССМ инсистира на итно зголемување на минималната плата на 500 евра и дополнителни 6.000 денари покачување за сите останати плати. ССМ своето барање го темели на четири клучни причини: Раст на трошоците за живот: Вредноста на синдикалната минимална кошничка е драстично зголемена. Од јануари 2024 до јануари 2025 година, таа се зголемила за околу 6.500 денари. По завршувањето на владините мерки, забележан е дополнителен раст од 2.000 денари, што значи дека на едно семејство му недостасуваат околу 150 евра месечно за основни услови за живот. Недостапност на одмор за граѓаните: Податоците на Евростат покажуваат дека 55,7% од работниците во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена, дури ни во бунгалов во Дојран. Ова укажува на нискиот животен стандард и неможноста за задоволување на основните потреби за рекреација. Најниска минимална плата во регионот: Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите од регионот. Во Србија, минималната плата од октомври ќе изнесува 500 евра (за 100 евра повеќе од нашата), во Босна и Херцеговина веќе е 511 евра (за 111 евра повеќе), а во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра (200 до 400 евра повеќе од македонската минимална плата). Преседан со измените на Законот за работни односи: ССМ потсетува дека пратениците, "шверцерски" преку ноќ и без јавна расправа, го изменија Законот за работни односи за да удоволат на еден синдикат со цел да стане репрезентативен. Синдикатот потенцира дека ако можеле да го направат тоа за прашање на репрезентативност, исто така можат, по истата формула, да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за 100 евра да ги зголемат и останатите плати. АДИНГ АД Скопје објави импресивни финансиски резултати за првата половина од годинава, покажувајќи значително зголемување на вкупните приходи и добивката пред оданочување. Компанијата оствари вкупен приход од 321.073 илјади денари, што претставува раст од 21,8% во однос на истиот период лани, или зголемување од 57.459 илјади денари. Приходите од продажба се најголем придонесувач за вкупниот приход, сочинувајќи 99%, односно 317.755 илјади денари. Домашната продажба останува силна, со 61,7% од приходите од продажбата, додека извозот придонесува со значителни 38,3%. Главни извозни пазари за АДИНГ АД Скопје се Србија со 52,2% од вкупниот извоз, Бугарија со 23,1%, Црна Гора со 10,3%, Босна и Херцеговина со 4,7%, Косово со 3,9% и Украина со 3,3%. Останатите пазари сочинуваат 2,5% од извозот. Истовремено со растот на приходите, АДИНГ АД Скопје забележа и зголемување на вкупните расходи, кои достигнаа 277.108 илјади денари. Ова е зголемување од 20,9% или 47.905 илјади денари во однос на истиот период минатата година. И покрај зголемените расходи, компанијата успешно оствари позитивен финансиски резултат. Добивката пред оданочување за првата половина од годинава изнесува 42.822 илјади денари, што е за 9,8% повеќе од добивката од 38.990 илјади денари остварена во истиот период минатата година.