Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.451 евро во мај 2025 година
Просечната нето плата во Хрватска достигна 1.451 евро во мај 2025 година
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во правните лица во Република Хрватска за мај 2025 година изнесуваше 1.451 евро, што претставува номинален пораст од 0,8%, а реален од 0,5% во однос на април 2025 година. Според најновите податоци, просечната месечна бруто плата во истиот период достигна 2.019 евра, што е номинално повисоко за 1,1%, а реално за 0,8% во споредба со претходниот месец. Во однос на истиот месец минатата година, просечната нето плата е номинално повисока за 9,6%, а реално за 5,9%. Истовремено, просечната бруто плата бележи номинален пораст од 10,2% и реален од 6,5% во споредба со мај 2024 година. Медијалната нето плата за мај 2025 година изнесуваше 1.236 евра, што е за 1,5% повеќе во однос на април 2025 година и за 10,2% повеќе во однос на истиот месец минатата година. Медијалната бруто плата беше 1.686 евра, со пораст од 1,8% во однос на претходниот месец и 10,9% во однос на мај 2024 година. Највисока просечна месечна бруто плата по вработен во мај 2025 година е забележана во дејноста Воздушен сообраќај, во износ од 3.314 евра. Спротивно на тоа, најниска просечна бруто плата е евидентирана во дејноста Производство на облека, со износ од 1.205 евра.
НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања
НЛБ Банка воведува Apple Pay за брзи и безбедни плаќања
Денеска НЛБ Банка Скопје, на своите клиенти, им го носи Apple Pay, побезбеден, посигурен и самостоен начин за плаќање во продавници, преку апликации и онлајн За да платат во продавница, клиентите едноставно кликнуваат двапати на страничното копче, се автентицираат, и го допираат својот iPhone или Apple Watch близу до терминалот за плаќање за да извршат бесконтактно плаќање. Секое купување со Apple Pay е безбедно бидејќи е автентицирано со Face ID, Touch ID или лозинка на уредот, како и со еднократен уникатен динамичен безбедносен код. Apple Pay е прифатен во продавници за храна, аптеки, такси, ресторани, кафетерии и многу други места. Клиентите можат да го користат Apple Pay на iPhone, iPad и Mac за да прават побрзи и поудобни купувања преку апликации или на интернет, без да мора да креираат сметки или постојано да внесуваат контакт информации, детали за картичка, информации за испорака и фактурирање. Apple Pay, меѓу другото, го олеснува плаќањето за достава на храна и намирници, онлајн купување, транспорт и паркирање. Apple Pay може да се користи и за плаќање во апликации на Apple Watch. „Задоволство е да се биде првата банка на пазарот која на своите клиенти им го овозможува Apple Pay – иновативно, едноставно и безбедно решение за бесконтактно плаќање. Ова е уште еден значаен чекор во нашите заложби за дигитална трансформација, модерно банкарство, и безбедно и супериорно корисничко искуство. Во динамичниот свет во кој живееме, ние постојано вложуваме во решенија кои го поедноставуваат секојдневието на нашите клиенти, го следат нивниот животен стил и ги поставуваат стандардите на модерното банкарство.“ – истакнува Тони Стојановски, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.
ССМ ќе бара минимална плата од 500 евра
ССМ ќе бара минимална плата од 500 евра
Утрешниот состанок на Социјално-економскиот совет ќе биде посветен на анализа на потрошувачката кошничка, наместо на зголемувањето на платите, тема која Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) најави дека ќе ја постави како клучно барање. ССМ инсистира на итно зголемување на минималната плата на 500 евра и дополнителни 6.000 денари покачување за сите останати плати. ССМ своето барање го темели на четири клучни причини: Раст на трошоците за живот: Вредноста на синдикалната минимална кошничка е драстично зголемена. Од јануари 2024 до јануари 2025 година, таа се зголемила за околу 6.500 денари. По завршувањето на владините мерки, забележан е дополнителен раст од 2.000 денари, што значи дека на едно семејство му недостасуваат околу 150 евра месечно за основни услови за живот. Недостапност на одмор за граѓаните: Податоците на Евростат покажуваат дека 55,7% од работниците во Македонија не можат да си дозволат годишен одмор во траење од седум дена, дури ни во бунгалов во Дојран. Ова укажува на нискиот животен стандард и неможноста за задоволување на основните потреби за рекреација. Најниска минимална плата во регионот: Македонија има најниска минимална плата во споредба со земјите од регионот. Во Србија, минималната плата од октомври ќе изнесува 500 евра (за 100 евра повеќе од нашата), во Босна и Херцеговина веќе е 511 евра (за 111 евра повеќе), а во Црна Гора се движи од 600 до 800 евра (200 до 400 евра повеќе од македонската минимална плата). Преседан со измените на Законот за работни односи: ССМ потсетува дека пратениците, "шверцерски" преку ноќ и без јавна расправа, го изменија Законот за работни односи за да удоволат на еден синдикат со цел да стане репрезентативен. Синдикатот потенцира дека ако можеле да го направат тоа за прашање на репрезентативност, исто така можат, по истата формула, да предложат измени на Законот за минимална плата со кои ќе ја зголемат на 500 евра, а за 100 евра да ги зголемат и останатите плати.
Бугарија распиша тендер за изградба на последната делница од Коридорот 8 кон Македонија
Бугарија распиша тендер за изградба на последната делница од Коридорот 8 кон Македонија
Бугарската национална компанија за железничка инфраструктура денеска распиша јавна набавка за изградба на нова железничка траса од Ѓуешево до границата со Македонија. Ова е единствената делница што недостасува од железничкиот Коридор 8 на бугарска територија, со што Бугарија ги исполнува преземените обврски за целосно изградување на железничка врска меѓу двете земји. Тендерот опфаќа проектирање и изградба на 2,4 километри железничка пруга, како и реконструкција на железничката станица Ѓуешево. Вредноста изнесува 114 милиони лева (околу 58 милиони евра), а рокот за завршување на активностите е до крајот на 2028 година. Покрај ова, објавен е уште еден тендер – за модернизација на 17-километарската делница од Перник до Радомир. Овој проект вклучува изградба на двојна железничка пруга за брзини од 160 километри на час. Вредноста на овој проект изнесува 462 милиони лева (околу 236 милиони евра), а рокот за завршување е до средината на 2029 година.
Трамп го скрати рокот за мировен договор со Русија на само 10 до 12 дена
Трамп го скрати рокот за мировен договор со Русија на само 10 до 12 дена
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја скрати својата претходно поставена 50-дневна крајна линија за Русија да постигне мировен договор со Украина на 10 до 12 дена. Оваа изјава ја даде во Шкотска, каде што се сретна со европските лидери. Трамп изјави дека е разочаран од претседателот Путин поради продолжувањето на конфликтот во Украина и недостигот на напредок кон мировен договор. Тој првично постави 50-дневен рок на 14 јули, заканувајќи се со строги санкции за Русија и земјите кои купуваат нејзини производи доколку не се постигне напредок. Сега, Трамп истакна дека нема причина да се чека, бидејќи не гледа никаков напредок. Тој предупреди дека доколку не се постигне договор до новиот, скратен рок (околу 7-9 август), ќе бидат воведени санкции и секундарни тарифи кон Москва, што би ги погодило и трговските партнери на Русија како Кина и Индија.
САД и ЕУ постигнаа голем трговски договор, избегната трговска војна
САД и ЕУ постигнаа голем трговски договор, избегната трговска војна
Соединетите Американски Држави и Европската Унија денеска објавија постигнување на долгоочекуваниот и сеопфатен трговски договор, со кој се става крај на долготрајните трговски тензии и се отвора нова ера на економска соработка. Договорот, кој е резултат на интензивни преговори, цели кон ребалансирање на трговскиот биланс и создавање попредвидлива и стабилна трговска средина. Централен дел од договорот е воведувањето 15% царина за повеќето стоки од ЕУ во САД, вклучувајќи автомобили, автоделови, фармацевтски производи и полупроводници. Ова претставува значително намалување од претходно најавените повисоки царини од страна на САД, што ги смири стравувањата од ескалација на трговска војна. За возврат, ЕУ ќе ги укине сите царини за американски индустриски стоки извезени во ЕУ, отворајќи голем простор за американски производи на европскиот пазар. Дополнително, двете страни се согласија на „нула за нула“ царини за одредени стратешки производи, како што се сите авиони и нивни компоненти, одредени хемикалии, генерички лекови, опрема за полупроводници, но и некои земјоделски производи и критични суровини. Во однос на царините за челик и алуминиум, САД ќе ги задржат актуелните 50% царини за увоз од ЕУ, но најавени се понатамошни преговори за намалување и воведување систем на квоти. Сепак, статусот на царините за европско вино и жестоки пијалаци сè уште не е дефиниран. Договорот вклучува и значајни обврски за инвестиции. Европската Унија се обврза да инвестира дополнителни 600 милијарди долари во САД во текот на актуелниот претседателски мандат, што е надополнување на веќе постоечките годишни инвестиции од над 100 милијарди долари од европски компании во САД. На енергетски план, ЕУ ќе купи 750 милијарди долари вредност на американски енергетски извоз (течен природен гас, нафта и нуклеарно гориво) до 2028 година. Оваа обврска е насочена кон зајакнување на енергетската доминација на САД и намалување на зависноста на ЕУ од други извори. Истовремено, ЕУ ќе купи и воена опрема од САД во вредност од стотици милијарди долари.
Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз
Владата ги зголемува стратешките резерви на пченица и ориз
Премиерот Мицкоски денеска објави дека Владата донела одлука за значително зголемување на државните резерви на пченица и ориз. Целта е да се зајакне националната безбедност на храна, особено имајќи ја предвид реколтата од 2024 година. Одлучено е да се набават 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа. Земјоделците ќе можат да конкурираат со количини од 5 до 30 тони за пченица, додека за ориз и оризова арпа квотата е од 3 до 20 тони по производител. Како дел од оваа стратегија, за првпат е донесена законска измена со која оризот е прогласен за стратешка култура. Овој потег се очекува значително да ги олесни предизвиците со кои се соочуваат оризопроизводителите и да придонесе за поголема стабилност во овој сектор.
Свечено пуштен во употреба нов затворен базен во Кисела Вода
Свечено пуштен во употреба нов затворен базен во Кисела Вода
Денеска беше свечено пуштен во употреба нов модерен затворен базен кој се наоѓа во состав на основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во општина Кисела Вода. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.Овој нов објект претставува значајна придобивка за заедницата, овозможувајќи услови за пливање и рекреација во текот на целата година. Базенот е со должина од 30 метри и ширина од 20 метри, зафаќајќи габаритна површина од 600 квадратни метри. Длабочината на базенот варира од 80 сантиметри до 1 метар и 20 сантиметри. Објектот е комплетиран со модерни машки и женски санитарии и гардеробери. Отворањето на овој базен е дел од поширок проект за развој на спортската инфраструктура во земјата. Во таа насока, беше најавено дека до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири нови базени кои се наоѓаат во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.
Александар Николоски ги објасни придобивките од новиот експресен пат Градско-Фариш
Александар Николоски ги објасни придобивките од новиот експресен пат Градско-Фариш
Експресниот пат Градско-Прилеп, на делниците Градско-Дреново и Дреново-Фариш, веќе е во активна употреба и значително го скратува времето на патување, соопшти министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Според министерот, десетици илјади возила веќе поминале по овој патен правец, што ја потврдува неговата важност за регионот. „Општините од Пелагонискиот крај се веќе многу поблиску до Скопје и останатите места“, изјави Николоски. Тој додаде дека патувањето до Грција е значително олеснето, а исто така и движењето на север кон Србија. Оваа подобрена инфраструктура, според министерот, веќе дава позитивни резултати во развојот на бизнисот и туризмот, овозможувајќи им на граѓаните полесно патување. Министерот Николоски најави дека активно се работи и на автопатот Прилеп-Битола. Овој проект, кога ќе биде завршен, драстично ќе го скрати времето на патување. „За многу брзо време, од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина“, истакна Николоски.
Адинг АД Скопје бележи значителен раст на приходите и добивката во првата половина од годината
Адинг АД Скопје бележи значителен раст на приходите и добивката во првата половина од годината
АДИНГ АД Скопје објави импресивни финансиски резултати за првата половина од годинава, покажувајќи значително зголемување на вкупните приходи и добивката пред оданочување. Компанијата оствари вкупен приход од 321.073 илјади денари, што претставува раст од 21,8% во однос на истиот период лани, или зголемување од 57.459 илјади денари. Приходите од продажба се најголем придонесувач за вкупниот приход, сочинувајќи 99%, односно 317.755 илјади денари. Домашната продажба останува силна, со 61,7% од приходите од продажбата, додека извозот придонесува со значителни 38,3%. Главни извозни пазари за АДИНГ АД Скопје се Србија со 52,2% од вкупниот извоз, Бугарија со 23,1%, Црна Гора со 10,3%, Босна и Херцеговина со 4,7%, Косово со 3,9% и Украина со 3,3%. Останатите пазари сочинуваат 2,5% од извозот. Истовремено со растот на приходите, АДИНГ АД Скопје забележа и зголемување на вкупните расходи, кои достигнаа 277.108 илјади денари. Ова е зголемување од 20,9% или 47.905 илјади денари во однос на истиот период минатата година. И покрај зголемените расходи, компанијата успешно оствари позитивен финансиски резултат. Добивката пред оданочување за првата половина од годинава изнесува 42.822 илјади денари, што е за 9,8% повеќе од добивката од 38.990 илјади денари остварена во истиот период минатата година.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk