Царинската управа на Република Македонија бележи историски успех, надминувајќи ја бројката од 12 милијарди денари во наплата, објави денеска директорот Бобан Николовски. Овој резултат претставува значајна пресвртница и континуитет во позитивните трендови на институцијата. Тој посочи дека во истиот месец минатата година (јули 2024), наплатата изнесувала 11 милијарди и 993 милиони денари, што било „само чекор до неа“. Годинава, пак, постигнат е раст од 5,4 проценти, што е еквивалентно на 10,5 милиони евра повеќе од рекордниот резултат остварен тогаш. Растот на наплатата на приходи е евидентен по сите основи, при што најзначајни зголемувања се забележани кај: Царина: раст од дури 21,6%, ДДВ при увоз: раст од 3,8%, Акцизи: раст од 4,5%, Акцизи: раст од 4,5%, Данок на моторни возила: раст од 10,4%. Целта на новото раководството не е само да се биде подобар од претходната администрација, туку да се надминуваат самите себеси. Проектот за изградба на автопатската делница Букојчани – Кичево, клучен сегмент од европскиот патен Коридор 8, влегува во финална фаза пред отпочнување на градежните работи. Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ја заврши претквалификацијата за избор на изведувач, со што девет фирми се квалификуваа за поднесување понуди за проектот вреден околу 11,5 километри. Како што соопштија од ЈПДП, тендерот за претквалификација е спроведен согласно процедурите за набавки на ЕБОР. По успешното завршување на овој процес, деветте претквалификувани компании добија покана за поднесување понуди. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 септември 2025 година, по што ќе следи детална евалуација и избор на најповолниот изведувач за градежните работи. Постоечката делница на државниот пат А2 од Гостивар до Кичево проектирана е пред повеќе од 50 години и изградена како единечен коловоз со две сообраќајни ленти во двата правца, а наместа на планинските превои има и трета лента за бавни возила. Сепак, поради зголемениот обем на сообраќај и недоволно добрите возно - диманички услови, неминовно е надградување на оваа делница на ниво на современо автопатско решение по кое ќе се одвива брз, безбеден и непречен меѓународен и домашен превоз на патници и стоки. Активностоте, пак за автопатската делница од Гостивар до Букојчани се во тек, Бехтел и Енка веќе работат на изградбата, а засилена градежна активност има и на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, сите дел од Коридорот 8. Со ова ќе има целосно автопатско поврзување од главниот град Скопје до туристичкиот центар Охрид. Соединетите Американски Држави донесоа значајна одлука за намалување на царините за производи од Македонија, симнувајќи ги од досегашните 33% на 15%. Овој чекор ја изедначува Македонија со царините кои САД ги применува кон земјите членки на Европската Унија. Ова намалување ја става Македонија во значително поповолна позиција во однос на некои еврпски држави. За споредба, царините за Србија изнесуваат 35%, додека за Босна и Херцеговина се 30%. Изненадувачки, Швајцарија се соочува со високи царини од 39%. Премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави одлуката, истакнувајќи дека ова е само прва фаза од преговорите. „Преговорите продолжуваат. Во моментот се наоѓаме во пауза поради годишните одмори. Очекувам втора половина во август да продолжиме со преговорите и очекувам уште намалување“, изјави Мицкоски. Министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, исто така ја поздрави одлуката на САД, нагласувајќи дека ова претставува важен поттик за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и јасен сигнал за градење на поамбициозно трговско партнерство. „Иако преговорите за сеопфатен договор за тарифна либерализација сè уште се во тек, оваа одлука е конкретен доказ за заедничката посветеност на отворање нови можности за нашите извозници, компании и економијата во целина“, истакна Муцунски. Тој додаде дека владата останува целосно посветена на финализирање на договор што ќе ги отстрани преостанатите трговски бариери и ќе создаде долгорочни придобивки за двете економии. Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, денеска присуствуваше на големата воена парада во Загреб, организирана по повод 30-годишнината од Воено-полициската операција „Олуја“. Во своето обраќање, премиерот Пленковиќ истакна дека на парадата се присутни припадници на хрватската војска, полиција, ветерани и сите составни делови на системот на татковинска безбедност. „Во време на бројни геополитички предизвици, ќе продолжиме да инвестираме во модернизација на војската и полицијата, чувари на нашата безбедност“, рече Пленковиќ. Тој нагласи дека Хрватска денес, со значително зголемени издвојувања за одбраната, првенствено се потпира на себе и на своите сили, користејќи моќни воени средства, како и на своето членство во НАТО. Премиерот Пленковиќ им честиташе и им се заблагодари на сите учесници за одлично организираната парада. „Нека сите видат колку е силна хрватската држава!“, заклучи Пленковиќ. Во трансформаторската станица „Дуброво“ пристигна нов, клучен 400/110 kV трансформатор, инвестиција вредна 4,8 милиони евра од страна на МЕПСО, соопшти министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Оваа инвестиција значително ќе ја зајакне стабилноста и сигурноста на македонскиот електропреносен систем во наредните три до четири децении. „Трансформаторската станица 'Дуброво' е клучна за македонскиот електропреносен систем, бидејќи го поврзува нашиот најголем производствен капацитет, РЕК Битола, со најголемиот потрошувачки регион – Скопје“, изјави министерката Божиновска. „Трансформаторската станица 'Дуброво' е клучна за македонскиот електропреносен систем, бидејќи го поврзува нашиот најголем производствен капацитет, РЕК Битола, со најголемиот потрошувачки регион – Скопје“, изјави министерката Божиновска. Таа потенцираше дека „Дуброво“ е еден од најважните енергетски јазли во регионот, со оглед на тоа што тука се вмрежуваат и 400 kV интерконективни далекуводи со соседните Бугарија и Грција. Пристигнувањето на новиот трансформатор е дел од стратешките инвестиции на МЕПСО, чија цел е модернизација и зајакнување на енергетската инфраструктура на државата. Овој чекор се очекува да придонесе за непречено снабдување со електрична енергија и поголема отпорност на системот кон потенцијални пречки. Македонија добива значајно зајакнување на воздушната поврзаност со Европа, откако министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, утрово објави потпишување на договор за пет нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје. Овој потег, како што истакна министерот, ќе донесе повеќе туристи, подобри бизнис можности и нови опции за патување за граѓаните. Новите редовни линии ќе започнат со работа кон крајот на годината: Од ноември: Скопје-Стокхолм и Скопје-Мадрид. Од декември: Скопје-Бари, Келн-Скопје и Прага-Скопје. Со овие пет нови линии, вкупниот број на новоотворени дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром во последната година достигна 16, што претставува значителен напредок во регионалната и меѓународната поврзаност на земјата. Министерот Николоски, исто така, ги презентираше и позитивните резултати од работењето на аеродромите во првата половина од годината. Скопскиот и Охридскиот аеродром заедно достигнале милион и петсто илјади превезени патници. Конкретно, Скопскиот аеродром бележи раст од 5%, додека Охридскиот аеродром оствари уште позначаен раст од 11%. Бруто домашниот производ (БДП) на Германија забележа пад од 0,1% во вториот квартал од 2025 година во споредба со претходниот квартал, покажуваат најновите податоци објавени од Сојузниот завод за статистика (Дестатис). Овој пад доаѓа по ревидираниот раст од 0,3% забележан на почетокот на годината, во првиот квартал. Според прелиминарните податоци на Дестатис, намалувањето на БДП во голема мера се должи на пониските инвестиции во опрема и градби во вториот квартал. Спротивно на тоа, приватната и државната потрошувачка забележаа раст во истиот период. Во споредба со истиот квартал минатата година, БДП во вториот квартал од 2025 година остана на исто ниво (0,0%), иако имаше еден работен ден помалку. Сепак, прилагодено за цени и календарски ефекти, БДП е повисок за 0,4% во однос на истиот квартал лани. Американскиот претседател Доналд Трамп денеска потпиша извршна наредба со која се воведуваат дополнителни царини од 40% за Бразил, со што вкупниот износ на царини се искачува на 50%. Одлуката е донесена како одговор на, како што е наведено, „невообичаени и вонредни закани за националната безбедност, надворешната политика и економијата на Соединетите Американски Држави“ кои произлегуваат од неодамнешните политики, практики и дејствија на Владата на Бразил. Целта е да се одговори на политиките и дејствијата на бразилската влада кои, според наредбата, им штетат на американските компании, на правата на слободен говор на американските граѓани, на американската надворешна политика и на американската економија. Во наредбата се наведува дека „политички мотивираното прогонување, заплашување, вознемирување, цензура и гонење на поранешниот бразилски претседател Болсонаро и илјадници негови поддржувачи од страна на Владата на Бразил се сериозни кршења на човековите права кои го поткопуваат владеењето на правото во Бразил. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2025 година продажбите достигнуваат 6.754.023.385 денари, што е за 1 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 10.113.230.177 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Во 2024 година остваривме импресивен раст од 15%, што значително ги надмина нашите првични проекции и претставуваше речиси двојно зголемување во однос на планираното за 2024 година. Ваквиот исклучителен резултат во 2024 година постави висока основа за тековната година, при што моменталниот раст е умерен, но е во согласност со предвидената динамика. Во споредба со планираните продажби за првата половина од 2025 година реализираните се поголеми за 2 %. Од вкупните консолидирани продажби 34 % се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 66 % се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28 %, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР...) се остварени 19 %, а во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 19 % од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со минатата година, бележат продажбите остварени во Холандија, кои се зголемени 6,6-пати; потоа во Австрија, каде што се зголемени 5,3-пати, во Шведска, каде што се зголемени 4-пати, на Јужна Африка, каде што се зголемени 3-пати, како и во Финска каде што продажбите се зголемени 2,8 пати. Потоа следуваат оние во Ирска (раст од 66%), Грузија (раст од 45%), Ерменија (раст од 23 %), во Грција (раст од 17 %), Босна и Херцеговина (раст од 14 %), Германија (раст од 14 %), во Словенија (раст од 10 %), Србија (раст од 10 %), Хрватска (раст од 9 %) итн. Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 91 %. Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 23 %, препаратите ОТЦ со 16 %, невролошките препарати со 13 %, кардиолошките препарати со 12 % од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 9 % во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2 %, козметика со 6 %, а билкарство учествува со 1 %. Вкупните продажби бележат пораст кај сегментот фармација, додека во Сегментот хемија, козметика и билкарство бележат намалување во споредба со остварените во истиот период од 2024 година. Сегментот фармација бележи раст од 8 %, хемија раст од 15 %, козметика пад од 7 %, а билкарство намалување од 17 %. Намалувањето на продажбите во сегментите козметика и билкарство во голема мера се должи на намалените и ограничени цени и маржи на речиси целото портфолио во Македонија и во Црна Гора. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2025 година изнесуваат 615.183.731 денари. Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.614.311.178 денари, бележи зголемување од околу 10 %, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 941.846.091 денари и е зголемена за 7 %. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.699.523.384 денари и бележи раст од 9 %, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 855.738.395 денари е зголемена за 4 %.