Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Индија и Филипини ќе ги подигнат односите на ниво на стратешко партнерство
Индија и Филипини ќе ги подигнат односите на ниво на стратешко партнерство
Во Делхи, индискиот премиер Нарендра Моди го пречека филипинскиот претседател, Бонгбонг Маркос, по повод одбележувањето на 75-годишнината од билатералните односи меѓу двете земји. Посетата означува значаен пресврт во соработката, со одлуката да се издигнат односите на ниво на Стратешко партнерство.</p> <p>Оваа одлука, ќе обезбеди поцврста и поразновидна соработка. За таа цел, веќе е изготвен и Акциски план кој ќе ги дефинира идните чекори. Претседателот Маркос и индискиот премиер имаа опширни разговори на низа теми, вклучувајќи билатерална соработка, регионални и глобални прашања. Еден од клучните аспекти на дискусијата беше зголемувањето на трговијата меѓу двете земји. Истакнаа дека постои огромен потенцијал за соработка во сектори како ИТ, здравство, автомобилска индустрија, рударство, вселена и наука. Посебен акцент беше ставен и на растот на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Покрај економската и безбедносна соработка, двете земји ќе работат на зајакнување на културните врски. Планирани се заеднички активности во туризмот, подобрување на поврзаноста и редовна организација на програми за културна размена.
Средба на Николоски со шпанскиот амбасадор: Авиолиниите Скопје-Мадрид и Скопје-Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
Средба на Николоски со шпанскиот амбасадор: Авиолиниите Скопје-Мадрид и Скопје-Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје-Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје-Барселона, истакнаа на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз. Двете авиолинии, информираше вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и двата народи. На средбата, исто така беа разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакна дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој. На средбата беа потецнирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес. На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете земји е на добро ниво и дека истата дополнително може да се зацврстува особено во делот на економијата.
Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година
Раст на извозот во првото полугодие од 2025 година
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија. Во периодот јануари – јуни 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.4 % во вкупната размена.
Царинската управа разоткри мрежа на шверц на цигари - против пет сторители поднесена кривична пријава
Царинската управа разоткри мрежа на шверц на цигари - против пет сторители поднесена кривична пријава
Царинска управа преку Секторот за контрола и истраги, откри и спречи криминална шема поврзана со акцизна стока – цигари. Против пет лица, меѓу кои еден возач и еден сопственик на транспортна компанија, до Основното јавно обвинителство поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела: криумчарење и прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама. Во моментот кога првоосомничениот, возач на транспортна компанија се обидел да направи примопредавање на цигарите во количина од 171 штека за што требало да му бидат исплатени кеш средства од 3.735 евра од нарачател на делото, истите се приведени од мобилен царински тим, а цигарите и девизите се запленети. По преземени предистражни дејствија од Одделението за истраги, при што извршени се и претреси на домовите како и форензичка анализа на мобилните уреди на сторителите, поднесена е кривична пријава до ОЈО. Истрагата покажа дека организираната мрежа на повеќе наврати го повторува делото – штеки цигари се купувани од грчки фри шоп и истите без да се пријават и за нив да се платат давачки, нелегално се внесувале во државата. Делото го вршат преку користење на товарно моторно возило - цистерна натоварена со нафта.
Трамп најави воведување на повисоки тарифи за Индија поради набавката на руска нафта
Трамп најави воведување на повисоки тарифи за Индија поради набавката на руска нафта
Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро ја критикуваше Индија, обвинувајќи ја дека купува огромни количини на руска нафта, а потоа ја препродава на отворениот пазар за високи профити. „Индија не само што купува огромни количества руска нафта, туку и голем дел од таа нафта ја продава на отворениот пазар за големи профити. Нив не им е грижа колку луѓе во Украина се убиени од руската воена машинерија“, изјави Трамп. Тој нагласи дека поради оваа причина ќе ги зголеми тарифите за Индија. Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии околу глобалната трговија со енергенси и најавените нови санкции кои се наменети за Русија.
УЈП со значителен раст на приходите во јули
УЈП со значителен раст на приходите во јули
Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година. Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.
Владата го зголеми буџетот за наука и обезбеди бесплатен пристап до научни списанија
Владата го зголеми буџетот за наука и обезбеди бесплатен пристап до научни списанија
Буџетот за наука е двојно зголемен во однос на минатата година и сега изнесува околу 650-660 милиони денари, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.Тој нагласи дека оваа сума сè уште не е доволна. Како дел од заложбите за стимулирање на науката, Владата преку Министерството за образование и наука, најави дека ќе обезбеди бесплатен пристап на сите млади и искусни научници до две клучни бази на научни списанија. „Ако во минатото пристапот до овие списанија беше скап и тешко достапен, сега државата целосно ќе ги покрие трошоците“, истакна Мицкоски. Со оваа мерка, според премиерот, ќе се поттикнат младите научници да публикуваат свои научни трудови, што пак би придонело за напредок на домашните универзитети на меѓународната Шангајска листа за рангирање на универзитети. Мицкоски изрази очекување дека во текот на овој мандат, македонските универзитети ќе се придвижат кон првите илјада универзитети на Шангајската листа.
Продолжува процесот за набавка на нови хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“
Продолжува процесот за набавка на нови хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска изјави дека набавката на новите хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“ е во тек, иако се соочува со бројни правни предизвици. Оваа набавка, која беше потпишана од претходната влада, продолжува со исплата на договорите, при што е веќе уплатена втората рата во вредност од над 70 милиони евра. Министерството за одбрана ангажираше адвокатска компанија која работи на решавање на сите правни проблеми поврзани со договорот. Според министерот, новите хеликоптери ќе бидат опремени со дополнителна опрема што ќе им овозможи да се користат за гаснење на сите видови пожари. Мисајловски најави и скорешна работна посета на Италија, каде што делегацијата од Министерството за одбрана ќе има можност да ја види на лице место состојбата со производството на хеликоптерите.
Започна изградбата на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
Започна изградбата на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“
Денес беше официјално означен почетокот на изградбата на нова, повеќенаменска спортска сала во касарната „Гоце Делчев“, која ќе биде дел од комплексот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. На настанот присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Ова е прв објект од ваков тип што се гради на територијата на Академијата по повеќе од 30 години, а неговата цел е да им обезбеди модерен простор за физичка подготовка на питомците и припадниците на Армијата. Салата, исто така, ќе биде достапна и за учениците од општина Аеродром, со што ќе се зајакне соработката меѓу институциите и локалната заедница. Министерството за спорт е инвеститор на проектот, чија вредност изнесува 64.780.000 денари. Оваа инвестиција се очекува значително да ги подобри условите за обука, придонесувајќи за развој на дисциплината, издржливоста и тимската работа, кои се клучни за воената професија.
Косово ги укина царините за американски производи
Косово ги укина царините за американски производи
На денешната седница, Владата на Косово одлучи да ги укине царините за сите производи со потекло од Соединетите Американски Држави. „Од сега па натаму, сите производи со потекло од САД ќе имаат 0% царинска тарифа при влез во нашата земја“, изјави премиерот на Косово, Албин Курти. Според Курти, ова е уште еден чекор за продлабочување на одличните односи кои ги имаат со Соединетите Американски Држави и покажува решителност и посветеност за постигнување договор за слободна трговија.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk