Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Премиерот Мицкоски во Куманово: 700.000 евра за реконструкција на „Соколана“
Премиерот Мицкоски во Куманово: 700.000 евра за реконструкција на „Соколана“
Премиерот Христијан Мицкоски, денеска ја посети Општина Куманово, каде што заедно со градоначалникот Максим Димитриевски и други претставници на локалната власт, го најавија започнувањето на проектот за реконструкција на најстариот спортски комплекс во Куманово – „Соколана“. Владата ќе обезбеди 700.000 евра за целосна обнова на објектот, кој по реконструкцијата ќе го врати своето историско значење и функционалност. „Сакам да изразам задоволство што сум денеска тука, заедно со градоначалникот, да честитам за сето она што се постигнато до сега и да нагласам дека во наредниот период ќе продолжиме да работиме заедно на уште повеќе проекти во интерес на Куманово“, изјави Мицкоски. Тој истакна дека успешната соработка меѓу Владата и локалната власт е клучна за напредокот на градот и подобрување на животот на неговите граѓани. Премиерот ја поздрави и позитивната атмосфера меѓу стопанствениците и градоначалникот, кои во изминатите денови го посетиле, со што, како што рече, се потврдува дека кумановската администрација активно работи за поддршка на инвестициите. „Би сакал да се заблагодарам и на пратениците од Куманово, кои во континуитет се борат за својот град и се заложуваат за нови проекти и финансирање од страна на Владата. Таа борба е инспирација за нас и ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои ќе водат кон подобрување на животот на кумановци“, додаде Мицкоски. Градоначалникот Максим Димитриевски ја претстави деталната визија за обновата на „Соколана“, која ќе вклучува реконструкција на спортската сала, инсталирање на нови објекти и подобрување на инфраструктурата. Проектот за реконструкција е веќе подготвен, а сега останува да се обезбедат финансиите, што премиерот го потврди како сигурно. „Овој проект е значаен не само за Куманово, туку и за целата земја, бидејќи „Соколана“ е историски симбол на градот. Ние како Влада ќе се погрижиме да обезбедиме средства и започнеме со реконструкцијата во најкраток можен рок“, заклучи Мицкоски.
АХВ започна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
АХВ започна со орална вакцинација на лисиците против беснило, внимателно движете се во природа
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од 15 септември почна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило. Кампањата се спроведува со авионско фрлање на вакцинални мамки од спортскиот аеродром во Штип и се реализира со финансиска поддршка од Европска здравствена и дигитална извршна агенција (HADEA). Вредноста на поддршката од Агенцијата за период од три години за пролетната и есенската орална вакцинација изнесува околу 2,5 милиони евра. Мамките се фрлаат на целата територија на државата, со исклучок на населените места, водените површини и планинските врвови над 2.000 метри надморска височина. Во оваа кампања фрлени ќе бидат околу 450 илјади вакцинални мамки. Кампањата е предвидено да заврши на крајот на септември годинава, а со истата ќе се одбележи Светскиот ден за борба против беснило - 28 Септември. Апелираме до граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа, да внимаваат во комуникацијата со животните, особено со лисиците кои се приближуваат до населените места и кои не покажуваат страв од луѓето и во никој случај да не ги допираат вакциналните мамки, кои се со кафена боја и личат на чоколадни коцки. Направени се од смеса со рибино брашно и имаат мирис на риба кој ги привлекува лисиците. Во мамките има пластична капсула со течна вакцина која содржи атенуиран вирус на беснило и биолошки маркер – тетрациклин за утврдување на успешноста на вакцинацијата. Истите се соодветно обележани, со инструкции за начинот на постапување при допир. Доколку сепак се случи да дојдет во контакт со мамките, рацете задолжително да се измијат со поголемо количество вода и сапун, а при самоповредување или рассечување со дел од капсулата на вакцината, задолжително да се побара помош од доктор по медицина. За време на кампањата и наредните денови, се препорачува кучињата да се шетаат на поводник, за да се избегне нивен контакт со мамките. Доколку кучињата или мачките дојдат во контакт со мамката, таа не е штетна по нивното здравје. Три недели по завршувањето на вакциналната кампања, АХВ ќе спроведе контрола на успешноста на акцијата (поствакцинален мониторинг), при што апелираме до ловните друштва, од средината на месец октомври, согласно склучените договори, да извршат застрел на договорениот број лисици за лабораториско испитување на успешноста на имунизацијата кај лисиците преку утврдување на присуство на антитела и детекција на тетрациклин во забите кај отстреланите лисици. Македонија почна со имплементација на Програмата за орална вакцинација на лисиците против беснило во мај 2011 година кога се реализираше првата кампања. Оттогаш потврдени се 9 случаи на беснило, 8 кај диви животни (4 лисици и 4 волци) и еден кај домашна мачка во 2012 година. Од 2012 година, кога е потврден последниот случај на беснило кај мачка во Радовишко, во земјава не се регистрирани нови случаи на болеста кај домашните животни. Овогодинешната есенска кампања за орална вакцинација се спроведува за прв пат по 3 години пауза, односно последната ваква акција е извршена во есента 2022 година.
Приведено лице кое подметнало пожар на нивa во струмичко
Приведено лице кое подметнало пожар на нивa во струмичко
На 16.09.2025 година, на регионалниот пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица го привеле 59-годишниот С.В. од село Дабиле, струмичко, поради сомнение дека подметнал пожар. Инцидентот се случил околу 19:00 часот на нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, на која било поставено арско ѓубре, а сопственик на земјиштето бил В.С. Пожарот бил брзо угасен од страна на екипата на Територијалната противпожарна единица Струмица, при што не се пријавени повредени лица. По приведувањето на осомничениот, тој го признал делото во службени разговор во полициска станица. За случајот е известен јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а на местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Струмица. По завршувањето на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Трипуновски: Досега се откупени над 78 милиони килограми на винско грозје
Трипуновски: Досега се откупени над 78 милиони килограми на винско грозје
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска беше на теренска посета во Тиквешкиот регион, каде посети неколку откупни пунктови со цел следење на процесот на откуп на винско грозје. „Можам да ве информирам дека според податоците од претходниот ден, досега се откупени нешто над 78 милиони килограми винско грозје”, истакна министерот Трипуновски. Од откупените количини, над 35 милиони килограми се црвено грозје, околу 40 милиони килограми бело грозје, плус дополнителни количини наменети за извоз. Целиот процес се следи од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Министерот додаде дека се следи состојбата со откупот на винско грозје и дека оваа година има зголемена количина, што радува бидејќи Министерството вложи напори да донесе вода до секој лозов насад. „Она што сакам да го упатам е дека не треба лозарите да бидат загрижени. Интензивно изминатите денови го следиме откупот и динамиката. Определената количина која меѓу лозарите наводно нема да се откупи не е точно - од утре веќе во откупот влегува уште една винарска визба, тоа е „Вардар винарија“, која ќе ги отвори своите порти и ќе ја собере дополнително онаа количина што ќе се појави за откуп”, појасни министерот Трипуновски. „Секое едно зрно, секој еден грозд ќе биде собран - лозарите да не бидат загрижени. Нашата заложба беше да има зголемена количина на винско грозје. Наредниот период продолжуваме да бидеме тука секојдневно на терен за да елиминираме било каква манипулација”, заклучи министерот. Министерот истакна дека останатите винарски визби согласно динамиката продолжуваат со откуп на винско грозје.
Годишната инфлација во ЕУ изнесува 2,4% во август, највисоки инфлациски стапки имаат Романија, Естонија и Хрватска
Годишната инфлација во ЕУ изнесува 2,4% во август, највисоки инфлациски стапки имаат Романија, Естонија и Хрватска
Во август 2025 година, годишната инфлација во еврозоната изнесувала 2,0%, што е стабилно во споредба со јули. За разлика од тоа, пред една година, стапката на инфлација била 2,2%. Во Европската унија, годишната инфлација исто така се задржала на 2,4% во август 2025, што е исто така стабилно во споредба со претходниот месец. За споредба, и пред една година, инфлацијата во ЕУ била на истото ниво од 2,4%. Според податоците на Евростат, најниски годишни инфлациски стапки се забележани во Кипар (0,0%), Франција (0,8%) и Италија (1,6%). Од друга страна, највисоки инфлациски стапки се забележани во Романија (8,5%), Естонија (6,2%) и Хрватска (4,6%). Во однос на месечните промени, споредено со јули 2025, инфлацијата паднала во девет земји-членки на ЕУ, останала стабилна во четири, а пораснала во четиринаесет земји. Најголемиот придонес за годишната инфлација во еврозоната доаѓа од услугите (+1,44 процентни поени), потоа следуваат храна, алкохол и тутун (+0,62 процентни поени), независни индустриски производи (+0,18 процентни поени), додека енергијата има негативен придонес (-0,19 процентни поени).
Најголемиот германски производител на оружје Rheinmetall купи компанија за изградба на воени бродови
Најголемиот германски производител на оружје Rheinmetall купи компанија за изградба на воени бродови
Германската компанија Rheinmetall постигна договор со групацијата Lürssen за преземање на воената бродоградба Naval Vessels Lürssen од Бремен, заедно со сите нејзини подружници. Официјалното финализирање на договорот се очекува наскоро, а целосното затворање на трансакцијата е планирано за почетокот на 2026 година, по добивање на одобрение од надлежните регулаторни органи. Со оваа значајна стратешка аквизиција, Рајнметал го проширува своето портфолио и влегува во бродоградбата, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција како водечки снабдувач на одбранбена технологија во Германија и Европа. „Создаваме бродоградбен гигант во Германија,“ изјави Армин Папергер, извршен директор на Rheinmetall AG. „Во иднина ќе бидеме релевантен играч на копно, вода, воздух и во вселената.“, додаде тој. NVL, поранешна Lürssen Defence, е приватна бродоградбена група со четири бродоградилишта во северна Германија и неколку меѓународни локации. Во 2024 година компанијата остварила приходи од околу 1 милијарда евра и вработува околу 2100 лица ширум светот. NVL има повеќе од 150 години традиција и досега испорачала околу 1000 бродови на повеќе од 50 поморски сили и крајбрежни стражи низ светот. Папергер нагласи: „Оваа аквизиција не нè прави само производител на бродови, туку комплетен интегриран поморски системски снабдувач. Во иднина, ќе нудиме сеопфатни решенија преку партнерската мрежа.“ Двете компании не ја открија вредноста на трансакцијата.
Индустриското производство во ЕУ порасна за 1,8% на годишно ниво, најголем пад е забележан во Бугарија
Индустриското производство во ЕУ порасна за 1,8% на годишно ниво, најголем пад е забележан во Бугарија
Индустриското производство во еврозоната порасна за 0,3% во јули 2025 година во однос на претходниот месец, додека во Европската унија е забележан пораст од 0,2%, покажуваат првичните проценки на Евростат. Овој пораст следи по падот од 0,6% во еврозоната и 0,4% во ЕУ забележан во јуни 2025. На годишно ниво, индустриското производство порасна за 1,8% и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со јули 2024 година. Во еврозоната, на месечно ниво најголем раст е забележан кај: Недолготрајните производи за широка потрошувачка (+1,5%), капиталните добра (+1,3%) и долготрајните производи за широка потрошувачка (+1,1%), додека Производството на енергија забележа значителен пад од 2,9%. Слична слика има и во целата ЕУ, каде енергијата опадна за 2,1%, додека капиталните добра и недолготрајните производи пораснаа за 0,9% и 1,3% соодветно. На месечно ниво, најголем раст во индустриското производство е забележан во: Хрватска (+2,6%), Унгарија и Словенија (по +2,1%), додека најголеми падови се регистрирани во Естонија (-5,5%), Малта (-4,7%) и Шведска (-3,9%). Во однос на јули 2024, индустриското производство во еврозоната и ЕУ е во пораст, иако не сите сектори следат исти трендови. Силен годишен раст е забележан кај: Недолготрајните производи за широка потрошувачка (+6,6% во еврозоната, +5,2% во ЕУ) и капиталните добра (+2,1% во еврозоната, +2,4% во ЕУ). На годишно ниво, највисок раст на индустриското производство имаат: Летонија (+9,8%), Ирска (+8,1%) и Шведска (+4,1%). Најголеми падови се забележани во: Бугарија (-8,3), Луксембург (-4,7%) и Словачка (-4,6%).
ДЗС: Индустрискиот промет порасна за 13,8% во јули
ДЗС: Индустрискиот промет порасна за 13,8% во јули
Државниот завод за статистика објави дека вкупниот промет во индустријата во јули 2025 година се зголемил за 13,8% во однос на јули 2024 година. Според главните индустриски групи, растот е забележан кај интермедијарните производи освен енергија (2,6%), капиталните производи (36,4%), трајните производи за широка потрошувачка (7,2%) и нетрајните производи за широка потрошувачка (2,6%). Прометот во индустријата во јули 2025, во однос на јуни истата година, бележи благо опаѓање од 0,7%, додека во периодот јануари – јули 2025 во однос на истиот период во 2024 година е зголемен за 8,1%. Прометот на домашниот пазар во јули 2025 година забележал пораст од 3,4% во однос на јули 2024 година, но во периодот јануари – јули 2025 година има опаѓање од 1,3%. За разлика од тоа, прометот на странските пазари во јули 2025 година расте за 17,4%, а во периодот јануари – јули 2025 година за 10,3%. Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во јули 2025 година имаат секторите: - Производство на прехранбени производи со пораст од 12,2%. - Производство на електрична опрема со пораст од 8,1%. - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со импресивни 106,0%.
Царинската управа спречи обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
Царинската управа спречи обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
Мобилен царински тим на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје спречи обид за шверц на 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле на влез во државата. Царинските службеници при контролa на еден патник, државјанин на Турција, во негов куфер и лична торба пронајдоа вкупно 27,5 кг тутун за наргиле. Тутунот е запленет, а против лицето е поведена соодветна постапка. Според Царинската управа, со спречувањето на оваа нелегална пратка е избегнат обид за нелегална трговија и неплаќање на давачки за акцизна стока во износ од 138.435 денари. Царината предупредува дека нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции сè со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.
Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога
Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога
Во присуство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и раководството на МВР, Агенцијата за управување со одземен имот, Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната комисија за мало и лесно оружје, во електропечката на Макстил - Скопје со палење беа уништени голема количина на дрога и оружје. „Денеска уништуваме над четири тони марихуана. осумнаесет илјади стебла на марихуана, над 79 килограми цвет од марихуана и над 21 килограми други видови дрога како амфетамини, хероин, кокаин и други видови дрога. Исто така уништуваме над стотина парчиња оружје и над 1000 парчиња чаури и други компоненти од оружје. Сакаме да упатиме јасна порака до сите дека дрогата и нелегалното оружје немаат иднина во Македонија. Со секој еден уништен грам дрога или парче оружје, безбедноста на граѓаните се крева на повисоко ниво и во иднина очекуваме уништување на уште поголеми количини.“, потенцираше министерот Тошковски. Министерот Тошковски пренесе порака до граѓаните кои во изминатиот период беа сведоци на делувањето на криминалните банди како во Скопје така и други региони можеа да се уверaт дека со нивното разбивање и заплената на големи количини оружје и дрога полицијата решително ја спречува нелегалната трговија, а запленетите количества ефикасно и безбедно ќе бидат уништувани.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk