По пожарот кој целосно изгоре неколу погони на фабриката, компанијата Макпрогрес објави дека целиот тим е успешно вратен и целосно прилагоден на новата ситуација во фабриките Винчини, Сончева Долина, Фантазија, Натура, Дониа и Винчини Чоколадна Фабрика. „Навистина сме горди што ги преземаа сите предизвици како вистински шампиони,“ изјавија од Макпрогрес, додавајќи дека поддршката која ја добија од вработените и заедницата била од огромно значење. Компанијата истакна дека цела Македонија застанала зад Винчини, домашнен бренд кој е гордост не само на Виница, туку и на целата држава. Овој момент, според нив, ја дефинира иднината на брендовите на Макпрогрес и ќе биде поттик за понатамошен раст и развој. „Ова е феномен! Да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и мал град како Виница. Тоа од сега натака ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна“, се наведува во објавата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска беше на теренска посета во Тиквешкиот регион, каде посети неколку откупни пунктови со цел следење на процесот на откуп на винско грозје. „Можам да ве информирам дека според податоците од претходниот ден, досега се откупени нешто над 78 милиони килограми винско грозје”, истакна министерот Трипуновски. Од откупените количини, над 35 милиони килограми се црвено грозје, околу 40 милиони килограми бело грозје, плус дополнителни количини наменети за извоз. Целиот процес се следи од страна на Државниот инспекторат за земјоделство. Министерот додаде дека се следи состојбата со откупот на винско грозје и дека оваа година има зголемена количина, што радува бидејќи Министерството вложи напори да донесе вода до секој лозов насад. „Она што сакам да го упатам е дека не треба лозарите да бидат загрижени. Интензивно изминатите денови го следиме откупот и динамиката. Определената количина која меѓу лозарите наводно нема да се откупи не е точно - од утре веќе во откупот влегува уште една винарска визба, тоа е „Вардар винарија“, која ќе ги отвори своите порти и ќе ја собере дополнително онаа количина што ќе се појави за откуп”, појасни министерот Трипуновски. „Секое едно зрно, секој еден грозд ќе биде собран - лозарите да не бидат загрижени. Нашата заложба беше да има зголемена количина на винско грозје. Наредниот период продолжуваме да бидеме тука секојдневно на терен за да елиминираме било каква манипулација”, заклучи министерот. Министерот истакна дека останатите винарски визби согласно динамиката продолжуваат со откуп на винско грозје. Во август 2025 година, годишната инфлација во еврозоната изнесувала 2,0%, што е стабилно во споредба со јули. За разлика од тоа, пред една година, стапката на инфлација била 2,2%. Во Европската унија, годишната инфлација исто така се задржала на 2,4% во август 2025, што е исто така стабилно во споредба со претходниот месец. За споредба, и пред една година, инфлацијата во ЕУ била на истото ниво од 2,4%. Според податоците на Евростат, најниски годишни инфлациски стапки се забележани во Кипар (0,0%), Франција (0,8%) и Италија (1,6%). Од друга страна, највисоки инфлациски стапки се забележани во Романија (8,5%), Естонија (6,2%) и Хрватска (4,6%). Во однос на месечните промени, споредено со јули 2025, инфлацијата паднала во девет земји-членки на ЕУ, останала стабилна во четири, а пораснала во четиринаесет земји. Најголемиот придонес за годишната инфлација во еврозоната доаѓа од услугите (+1,44 процентни поени), потоа следуваат храна, алкохол и тутун (+0,62 процентни поени), независни индустриски производи (+0,18 процентни поени), додека енергијата има негативен придонес (-0,19 процентни поени). Германската компанија Rheinmetall постигна договор со групацијата Lürssen за преземање на воената бродоградба Naval Vessels Lürssen од Бремен, заедно со сите нејзини подружници. Официјалното финализирање на договорот се очекува наскоро, а целосното затворање на трансакцијата е планирано за почетокот на 2026 година, по добивање на одобрение од надлежните регулаторни органи. Со оваа значајна стратешка аквизиција, Рајнметал го проширува своето портфолио и влегува во бродоградбата, дополнително зајакнувајќи ја својата позиција како водечки снабдувач на одбранбена технологија во Германија и Европа. „Создаваме бродоградбен гигант во Германија,“ изјави Армин Папергер, извршен директор на Rheinmetall AG. „Во иднина ќе бидеме релевантен играч на копно, вода, воздух и во вселената.“, додаде тој. NVL, поранешна Lürssen Defence, е приватна бродоградбена група со четири бродоградилишта во северна Германија и неколку меѓународни локации. Во 2024 година компанијата остварила приходи од околу 1 милијарда евра и вработува околу 2100 лица ширум светот. NVL има повеќе од 150 години традиција и досега испорачала околу 1000 бродови на повеќе од 50 поморски сили и крајбрежни стражи низ светот. Папергер нагласи: „Оваа аквизиција не нè прави само производител на бродови, туку комплетен интегриран поморски системски снабдувач. Во иднина, ќе нудиме сеопфатни решенија преку партнерската мрежа.“ Двете компании не ја открија вредноста на трансакцијата. Индустриското производство во еврозоната порасна за 0,3% во јули 2025 година во однос на претходниот месец, додека во Европската унија е забележан пораст од 0,2%, покажуваат првичните проценки на Евростат. Овој пораст следи по падот од 0,6% во еврозоната и 0,4% во ЕУ забележан во јуни 2025. На годишно ниво, индустриското производство порасна за 1,8% и во еврозоната и во ЕУ, во споредба со јули 2024 година. Во еврозоната, на месечно ниво најголем раст е забележан кај: Недолготрајните производи за широка потрошувачка (+1,5%), капиталните добра (+1,3%) и долготрајните производи за широка потрошувачка (+1,1%), додека Производството на енергија забележа значителен пад од 2,9%. Слична слика има и во целата ЕУ, каде енергијата опадна за 2,1%, додека капиталните добра и недолготрајните производи пораснаа за 0,9% и 1,3% соодветно. На месечно ниво, најголем раст во индустриското производство е забележан во: Хрватска (+2,6%), Унгарија и Словенија (по +2,1%), додека најголеми падови се регистрирани во Естонија (-5,5%), Малта (-4,7%) и Шведска (-3,9%). Во однос на јули 2024, индустриското производство во еврозоната и ЕУ е во пораст, иако не сите сектори следат исти трендови. Силен годишен раст е забележан кај: Недолготрајните производи за широка потрошувачка (+6,6% во еврозоната, +5,2% во ЕУ) и капиталните добра (+2,1% во еврозоната, +2,4% во ЕУ). На годишно ниво, највисок раст на индустриското производство имаат: Летонија (+9,8%), Ирска (+8,1%) и Шведска (+4,1%). Најголеми падови се забележани во: Бугарија (-8,3), Луксембург (-4,7%) и Словачка (-4,6%). Државниот завод за статистика објави дека вкупниот промет во индустријата во јули 2025 година се зголемил за 13,8% во однос на јули 2024 година. Според главните индустриски групи, растот е забележан кај интермедијарните производи освен енергија (2,6%), капиталните производи (36,4%), трајните производи за широка потрошувачка (7,2%) и нетрајните производи за широка потрошувачка (2,6%). Прометот во индустријата во јули 2025, во однос на јуни истата година, бележи благо опаѓање од 0,7%, додека во периодот јануари – јули 2025 во однос на истиот период во 2024 година е зголемен за 8,1%. Прометот на домашниот пазар во јули 2025 година забележал пораст од 3,4% во однос на јули 2024 година, но во периодот јануари – јули 2025 година има опаѓање од 1,3%. За разлика од тоа, прометот на странските пазари во јули 2025 година расте за 17,4%, а во периодот јануари – јули 2025 година за 10,3%. Најголемо влијание врз порастот на вкупниот промет во јули 2025 година имаат секторите: - Производство на прехранбени производи со пораст од 12,2%. - Производство на електрична опрема со пораст од 8,1%. - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со импресивни 106,0%. Регулаторната комисија за енергетика, донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на одлуката од 9.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,075%, кај дизелот за 0,414%, кај екстра лесното масло за 0,058% и кај мазутот намалувањето е за 1,145%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3613%. Од 16.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 – 75,50 денари за литар. - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 – 77,50 денари за литар. - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 денари за литар. - Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 денари за литар. - Мазут М-1 НС – 36,740 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,408 ден/кг и сега ќе изнесува 36,740 ден/кг. Од РКЕ истакнуваат дека намалувањето е резултат на пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на американскиот долар. Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата платформа Truth Social објави дека поддржува странски компании да носат свои експерти во САД со цел да ги обучуваат американските работници. Според него, ова е неопходен чекор за да се привлечат големи инвестиции во земјата и да се обнови американското производство. Во својата објава, Трамп истакна дека кога странски компании инвестираат во САД за да произведуваат комплексни производи, треба да им се дозволи привремен престој на нивниот стручен кадар. Целта е тие да го пренесат своето знаење на американските работници, кои потоа ќе продолжат сами со производството. „Ако не го направиме ова, сите големи инвестиции никогаш нема да дојдат“, напиша Трамп. Тој како примери ги наведе чиповите, полупроводниците, компјутерите, бродовите и возовите, области каде според него, САД треба да учат од другите земји или да го обноват знаењето што го имале во минатото. Претседателот посебно се осврна на бродоградбата, наведувајќи дека во минатото САД граделе по еден брод дневно, а денес градат едвај еден годишно.