Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Американски Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на Казакстан во вредност од 4,2 милијарди евра
Американски Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на Казакстан во вредност од 4,2 милијарди евра
Министерството за трговија на САД го објави потпишувањето на историскиот трговски договор во транспортниот сектор помеѓу американската компанија Wabtec и Владата на Казахстан, во рамки на свечена церемонија која се одржа за време на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. Според договорот, вреден 4,2 милијарди долари, Wabtec ќе испорача 300 локомотиви на казахстанските железници во следната деценија, што е најголем договор за железничка опрема во историјата. Локомотивите од серијата Evolution ES44Aci, кои ќе бидат испорачани како монтажни комплети, се наменети за тешки товарни услуги и ќе се произведуваат во САД, со што се очекува да се поддржат повеќе од 11.000 добро платени американски работни места.
Мицкоски оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Дубаи
Мицкоски оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Дубаи
Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници од бизнис заедницата и Мохамед Али Рашед Лута, претседател и главен извршен директор на Стопанската комора на Дубаи. На средбата премиерот Мицкоски информираше дека приоритет на Владата е економската стабилизација на земјата, односно како што рече тој да донесеме што е можно повеќе странски, директни инвестиции и секако да ги подржи домашните директни инвеститори. Мохамед Али Рашед Лута претседател и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи на средбата истакна: „Растечката соработка меѓу Дубаи и Северна Македонија ја одразува нашата заедничка амбиција да изградиме отпорни економии и да поттикнеме одржлив развој. Трговијата меѓу нашите пазари достигна вкупно 495 милиони американски долари во текот на изминатите пет години, нагласувајќи го долгорочниот тренд на позитивен ангажман и растечки можности. Овој моментум се одразува и во растечкото присуство на македонските компании во Дубаи во различни сектори.“ Мохамед Али Рашед Лута додаде: „Стопанската комора на Дубаи останува посветена на зајакнување на врските меѓу нашите деловни заедници и промовирање на инвестициски текови што ги унапредуваат нашите заеднички приоритети. Гледаме значаен потенцијал во ова партнерство и сме решени да осигуриме дека ќе донесе опипливи резултати преку проширена трговија и подлабока соработка за обликување на долгорочен просперитет на двата пазара.“
РКЕ ја зголеми цената на дизелот и мазутот, новите цени стапуваат на сила од полноќ
РКЕ ја зголеми цената на дизелот и мазутот, новите цени стапуваат на сила од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,26% во однос на претходната пресметка од 15.09.2025 година. Оваа промена ќе се одрази на цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот, додека цените на бензините остануваат непроменети. Според последната пресметка, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар покажуваат мешан тренд. Бензините поевтинуваат за 0,368%, додека цените на дизелот, екстра лесното масло и мазутот се зголемуваат. Така, дизелот бележи зголемување од 2,18%, екстра лесното масло за 1,48%, а мазутот за 1,69%. Дополнително, ослабувањето на курсот на денарот во однос на доларот за 0,6675% има влијание врз цените на нафтените деривати. Од 23 септември 2025 година, од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе бидат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 – 75,50 денари/литар. - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,50 денари/литар. - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,50 денари/литар. - Масло за горење Екстра лесно (ЕЛ-1) – 69,00 денари/литар. - Мазут М-1 НС – 36,947 денари/кг. Сите други нафтени деривати, освен дизелот и мазутот, ќе останат на исти цени. Малопродажната цена на дизелот ќе се зголеми за 0,50 ден/лит, додека мазутот ќе поскапе за 0,207 ден/кг. РКЕ нагласува дека овие цени претставуваат максимални износи и дека трговците на големо и мало со нафтени деривати и горива за транспорт имаат право да ги формираат цените и пониско од утврдените максимуми.
Брако испорача 50 возила за чистење во главниот град на Саудиска Арабија
Брако испорача 50 возила за чистење во главниот град на Саудиска Арабија
Над 50 возила за чистење Грин Машинс произведени во фабриката БРАКО од Велес се продадени во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад. Со тоа, македонскиот инженерски производ се најде во служба на еден од најголемите урбани проекти на Блискиот Исток. Од производствените хали на БРАКО во Велес, директно на улиците на Ријад – над 50 специјализирани возила GM636 се веќе испорачани и активно се користат за одржување на хигиената во главниот град на Саудиска Арабија. Се работи за голема и комплексна испорака, во рамки на една од најобемните јавни програми за чистење во тој регион, каде што повеќе изведувачи беа ангажирани за чистење на различни делови од градот. 50 возила од брендот Грин Машинс на БРАКО се вклучени во тој проект. За потребите на проектот во Ријад, тимот на БРАКО дополнително го зајакна моделот, прилагодувајќи го за работа во специфични климатски услови и за ефикасно справување со песочни наноси на улиците и јавните површини. Испораките за Саудиска Арабија не завршуваат тука – фабриката во Велес очекува нови нарачки за возила за чистење и во други саудиски урбани центри.
Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто додадената вредност во земјоделството
Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто додадената вредност во земјоделството
Според податоците од Државниот завод за статистика, Југоисточниот регион на Македонија има најголемо учество во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството за 2023 година, со учество од 31.6%. Следен по важност е Пелагонискиот регион, кој придонесува со 27.8% во оваа вредност, додека најмало учество има Југозападниот регион со само 2.0%. Во поглед на структурата на земјоделското производство, Југоисточниот регион исто така доминира во создавањето на вредноста на растителното производство со учество од 32.8%, додека Пелагонискиот регион има најголемо учество во добиточното производство со 20.8%.
МВР објави тендер за нови униформи за полицијата
МВР објави тендер за нови униформи за полицијата
Министерството за внатрешни работи објави тендер за нови униформи и за замена на старите, непрактични и нефункционални униформи со нови, модерни, квалитетни и функционални по терк на европските полиции. Министерството оствари технички дијалог со 13 заинтересирани компании при што беа земени во предвид сите сугестии и предлози. Министерството апелира на тендерот да се јават сите заинтересирани компании и во утврдените рокови, да може да се промовира новата, модерна, квалитетна и функционална униформа за оние кои се грижат за безбедноста на македонските граѓани. Новата униформа во себе ќе содржи елементи како виндјакна, теренска јакна, летни и зимски теренски панталони, кошули со кратки и долги ракави, капи, маички, чевли со потенок и подебел ѓон и високи зимски и летни тактички чизми. Тендерот е објавен на електронскиот систем за е-набавки и на него можат да учествуваат сите заинтересирани компании.
Трамп најави трговски и воени договори со Турција
Трамп најави трговски и воени договори со Турција
Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку објава на социјалната мрежа TruthSocial, потврди дека на 25 септември во Белата Куќа ќе го пречека претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган. Трамп изрази задоволство од продолжената соработка меѓу двете земји, особено во сферата на трговијата и одбраната. „Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот Ердоган, вклучувајќи и голема набавка на авиони Боинг, значаен договор за Ф-16 и продолжување на преговорите за Ф-35, кои очекуваме да завршат позитивно“, напиша Трамп. Претседателот на САД изрази уверување дека односите меѓу него и Ердоган се одлични и дека со нетрпение го очекува состанокот.
Царинска управа: Увозот со потекло од САД е целосно ослободен од царински давачки
Царинска управа: Увозот со потекло од САД е целосно ослободен од царински давачки
Царинската управа на Република Македонија продолжува да ги интензивира своите напори за унапредување на трговската соработка со САД. Растот на трговската размена и привлекувањето нови инвестиции од страна на американски компании се клучни цели во рамките на новата трговска стратегија на Царинската управа. Во тој контекст, целосно се применуваат најновите измени на Законот за царинска тарифа, што резултира со ослободување на увозот на производи со потекло од САД од сите царински давачки. Оваа важна мерка беше потврдена од страна на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, кој се сретна со Барнабас Биркланд, економско аташе на амбасадата на САД, и Јордан Дамчевски, економски советник во амбасадата. На средбата, Николовски истакна дека оваа иницијатива е од витално значење за зголемување на трговскиот обем и создавање поволни услови за американски инвеститори да се насочат кон македонскиот пазар. „Оваа посета е значајна можност за унапредување на соработката, особено во реализацијата на заедничките приоритети - спроведување ефективни трговски политики кои ќе го зголемат обемот на трговската размена и ќе привлечат нови инвеститори од САД“, изјави директорот Николовски. Тој додаде дека заедно со САД се работи на економска трансформација преку подобрена трговска политика, борба против криминалот и корупцијата, како и создавање подобра бизнис-клима која ќе обезбеди стабилен и одржлив економски раст. Економскиот аташе на САД, Биркланд, ја потврди важноста на добрата соработка и истакна дека Амбасадата на САД продолжува да негува одлични релации со Царинската управа. Соработката меѓу двете институции ќе продолжи и во иднина, со цел понатамошно унапредување на економските врски.
Странските филијали во Македонија генерираат 34,6% од бруто-додадената вредност, Австрија со најмногу филијали
Странските филијали во Македонија генерираат 34,6% од бруто-додадената вредност, Австрија со најмногу филијали
Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во 2023 година, 2.6% од домашните претпријатија во деловниот сектор се странски филијали, односно претпријатија контролирани од странство. Тоа претставува 1.783 претпријатија кои работат под странска контрола. Странските филијали имаат значајно влијание на македонската економија, со тоа што ангажираат 22.8% од вкупно вработените и генерираат 34.6% од вкупната бруто-додадена вредност. Најголемо учество во додадената вредност на овие претпријатија имаат секторите: Преработувачка индустрија (37.7%), Информации и комуникации (17.0%) и Трговија на големо и трговија на мало (12.2%). Од податоците произлегува дека странските филијали се најмногу контролирани од европски земји, со што 90.6% од нив потекнуваат од Европа. Од тие, земјите членки на Европската унија (ЕУ) контролираат 57.5% од филијалите, во кои се ангажирани 63.9% од вработените и кои учествуваат со 64.2% во вкупната додадена вредност. Меѓу економски најзначајните странски филијали во Македонија се оние под контрола на Австрија (16.9% учество во додадената вредност), Холандија (11.2%), Германија (10.1%) и Обединетото Кралство (9.1%).
Макпрогрес ги врати на работа сите вработени после пожарот кој целосно изгоре неколку погони
Макпрогрес ги врати на работа сите вработени после пожарот кој целосно изгоре неколку погони
По пожарот кој целосно изгоре неколу погони на фабриката, компанијата Макпрогрес објави дека целиот тим е успешно вратен и целосно прилагоден на новата ситуација во фабриките Винчини, Сончева Долина, Фантазија, Натура, Дониа и Винчини Чоколадна Фабрика. „Навистина сме горди што ги преземаа сите предизвици како вистински шампиони,“ изјавија од Макпрогрес, додавајќи дека поддршката која ја добија од вработените и заедницата била од огромно значење. Компанијата истакна дека цела Македонија застанала зад Винчини, домашнен бренд кој е гордост не само на Виница, туку и на целата држава. Овој момент, според нив, ја дефинира иднината на брендовите на Макпрогрес и ќе биде поттик за понатамошен раст и развој. „Ова е феномен! Да се види како цела Македонија застана зад еден домашен бренд и мал град како Виница. Тоа од сега натака ќе го дефинира нашиот бренд и нашата приказна“, се наведува во објавата.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk