Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Финансии

Намален бројот на патници превезени со автобус
Намален бројот на патници превезени со автобус
Според податоците од Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2025 година бројот на превезени патници во патничкиот патен превоз е намален за 6.3 % во однос на истото тримесечје од претходната година. Во второто тримесечје од 2025 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 10 007 илјади и е намален за 6.3 % во однос на второто тримесечје од 2024 година, и тоа: - Градскиот превоз е намален за 10.6%. - Приградскиот превоз е намален за 3.5%. - Меѓуградскиот превоз е зголемен за 5.2 %. - Меѓународниот превоз е зголемен за 27.7 %. Вкупниот број на патничките километри е 256 889 илјади и е зголемен за 19.3 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа: - Градскиот превоз е зголемен за 35.4%. - Приградскиот превоз е зголемен за 9.1%. - Меѓуградскиот превоз е намален за 0.2%. - Меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 32.5 %.
Се подготвуваат нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан
Се подготвуваат нови мерки за полесен пристап до кредити за прв стан
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски. На средбата се разговараше за тековната состојба на пазарот на недвижности и можностите за поефикасна размена на информациите, што ќе придонесе за подготвување новите мерки за полесен пристап до кредити за прв стан. Гувернерот Славески нагласи дека во тек се подготовки за воведување мерки со кои ќе се поттикне поповолно кредитирање на објектите за живеење, особено за млади граѓани и брачни парови кои првпат купуваат стан. „Нашата цел е да се овозможат подобри услови и достапност на кредити за становите што се купуваат за живеење. Со тоа ќе им помогнеме на граѓаните што навистина имаат потреба од сопствен дом, во услови кога цените на недвижностите растат“, истакна гувернерот Славески. Директорот Живковски ја изрази подготвеноста на Катастарот за поголема соработка со Народната банка, посочувајќи дека податоците за тековните трендови на пазарот на недвижности се клучни за носењето ефективни мерки.
Србија со нови пакет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните
Србија со нови пакет мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претстави нов пакет економски мерки, насочен кон значително подобрување на животниот стандард на граѓаните. Мерките опфаќаат: - Ограничување на трговските маржи за намалување на цените на производите, со што ќе се зголеми куповната моќ на граѓаните и ќе помогне во борбата против инфлацијата. - За граѓаните со месечни примања и пензии до 100.000 динари (околу 850 евра), ќе се намалат каматните стапки на готовинските и потрошувачките кредити. - Како социјална мерка, донесена е одлука според која никој нема да може да остане без единствениот недвижен имот со површина до 60 м², со што се заштитуваат семејствата и децата. - Одредени категории на граѓани ќе добијат нови попусти на цената на електричната енергија, а социјално загрозените граѓани ќе имаат значителен попуст на цената на огревното дрво во следните шест месеци. „Ова се чудесни мерки кои ќе придонесат за подобар живот на милиони наши граѓани. Тие се плод на нивните барања, а јас ве молам и понатаму да ни укажувате што можеме да направиме и заедно да одиме кон промени.“ - истакна Вучиќ.
Се зголемува цената на горивата
Се зголемува цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Зголемувањето, кое во просек изнесува 0,64%, стапува на сила на 26 август 2025 година, почнувајќи од 00:01 часот. Од полноќ, максималните цени на горивата ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар). Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари за литар (зголемување за 0,50 денари). - Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,50 денари за литар (зголемување за 0,50 денари). - Мазут М-1 НС: 38,265 денари за килограм (намалување за 0,378 денари). Одлуката за корекција на цените е донесена врз основа на движењата на светските пазари. Референтните цени на нафтените деривати бележат просечно зголемување: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.
Просечната бруто-плата достигна 68.340 денари во јуни, зголемување од 8,5% на годишно ниво
Просечната бруто-плата достигна 68.340 денари во јуни, зголемување од 8,5% на годишно ниво
Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен во јуни 2025 година изнесува 68.340 денари. Ова претставува значително зголемување од 8,5% во однос на истиот месец минатата година. Растот на просечната плата најмногу е поттикнат од зголемувањата во одредени сектори. Најголем пораст е забележан во Образование, каде платите се повисоки за 14,9%, потоа во Дејностите на здравствена и социјална заштита со зголемување од 13,0% и во секторот Рударство и вадење на камен со раст од 12,3%. Сепак, во споредба со претходниот месец, некои сектори забележаа намалување на платите. Најголемо намалување има во Финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2%, потоа во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1% и во Транспорт и складирање за 2,0%.
Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули, УЈП најавува присилна наплата
Истече рокот за плаќање на месечните обврски за јули, УЈП најавува присилна наплата
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека истече законскиот рок за плаќање на месечните обврски за јули, при што евидентиран е значителен број на неплатени даноци и придонеси. Според податоците од УЈП, 2.129 даночни обврзници не ја платиле месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година. Во исто време, кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Иако дел од овие обврски може да се подмират преку пребивање со даночни побарувања, УЈП нагласува дека тоа не ги исклучува законските обврски за плаќање во предвидениот рок. За да ги поттикне даночните обврзници да ги подмират своите долгови, Управата вчера достави персонализирани известувања до сите засегнати. УЈП потсетува дека овие средства се клучни за финансирање на буџетските потреби, вклучувајќи ги здравството, образованието и социјалната сигурност. Затоа, нагласуваат дека во наредните денови ќе започнат со законски мерки за присилна наплата против оние кои нема да ги подмират своите обврски.</p>
Rumble на Крис Павловски во вториот квартал ги зголемил приходите но се намалил бројот на корисници
Rumble на Крис Павловски во вториот квартал ги зголемил приходите но се намалил бројот на корисници
Rumble Inc, платформата за споделување видеа, ги објави своите финансиски резултати за вториот квартал од 2025 година. Приходите и просечните приходи по корисник се зголемија, но компанијата забележа пад во бројот на месечно активни корисници. Приходите се зголемија за 2,6 милиони долари, достигнувајќи 25,1 милион долари, во споредба со 22,5 милиони долари во истиот квартал минатата година. Овој раст е поттикнат од зголемувањето на приходите од монетизација на публиката, особено преку претплати и лиценцирање, и покрај намалувањето на приходите од рекламирање. Нето загубата се продлабочи на 30,2 милиони долари, споредено со загуба од 26,8 милиони долари во вториот квартал од 2024 година. Бројот на месечно активни корисници изнесува 51 милион корисници, што претставува намалување од 59 милиони во првиот квартал од 2025 година. Компанијата смета дека овој тренд е резултат на забавувањето на вестите и политичките коментари надвор од изборниот циклус во САД. Компанијата располага со солидна ликвидност од 306,4 милиони долари, вклучувајќи 283,8 милиони долари во кеш и 210,82 биткоини. Крис Павловски, претседател и извршен директор на „Rumble“, изјави: „Со неверојатната поддршка од Tether и ресурсите што сега ни се на располагање, Rumble влегува во нова фаза на агресивен раст. Во вториот квартал, ја докажавме цврстината на нашата платформа со 51 милион месечно активни корисници, постигнавме двоцифрен раст на приходите и изградивме моментум преку стратешки партнерства.“
Министерството за финансии исплати нова транша од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании
Министерството за финансии исплати нова транша од 11,3 милиони евра за поддршка на домашните компании
Министерството за финансии префрли нова, петта транша во износ од 11,3 милиони евра (700,9 милиони денари) на Развојната банка. Овие средства се наменети за поддршка на домашните компании, со цел да се поттикнат инвестициите во приватниот сектор. Трансферот е реализиран од Буџетот за 2025 година, врз основа на барање од Развојната банка, откако деловните банки претходно ги одобрија проектите. Ова е дел од поголемата поддршка за економијата, за која се предвидени вкупно 250 милиони евра во Буџетот. Досега, вкупно се исплатени пет транши во вредност од 171,1 милиони евра. Овие средства беа обезбедени преку заем од Унгарската експорт-импорт банка и се пласираат кон домашните компании под поволни услови. Според податоците од Министерството, искористеноста на оваа кредитна линија од страна на компаниите во моментов е 68%.
УЈП со засилени контроли за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор
УЈП со засилени контроли за подобрување на даночната усогласеност во градежниот сектор
Управата за јавни приходи (УЈП), во рамки на „Планот за подобрување на усогласеноста во градежниот сектор“ усвоен во јануари 2025 година, започна со спроведување на засилени активности насочени кон даночните обврзници од градежниот сектор. Според направените анализи, овој сектор е идентификуван како високоризичен од аспект на даночна дисциплина, особено во контекст на актуелните пазарни трендови, зголемената побарувачка за недвижности и зачестеното плаќање во готово. Во изминатиот период, со цел подигнување на даночната свест и поттикнување на доброволна усогласеност, УЈП реализираше низа активности меѓу кои: - Едукативни средби/настани за даночните обврзници од градежниот сектор, со фокус на правилна примена на даночните прописи. - Во соработка со претставници на Стопанските комори се одржаа консултативни состаноци со цел зајакнување на институционалната соработка и размена на информации. - Појаснување на одредбите од даночните закони и усогласено работење на компаниите од градежен сектор според регулативите. Овие активности претставуваат основа за даночно усогласено работење на обврзниците од овој сектор. Преку овој пристап, Управата за јавни приходи има за цел да се поттикне одговорно однесување на даночните обврзници од градежниот сектор и да се создадат услови за доброволна усогласеност, што е во интерес и на обврзниците и на јавните финансии. Управата за јавни приходи потсетува дека, согласно важечките законски прописи, првиот промет на станови во рок од пет години по изградбата подлежи на оданочување со повластена стапка на ДДВ од 5%. По истекот на пет години, прометот е ослободен од ДДВ, но без право на одбивка на влезниот данок, што подразбира обврска за корекција кај обврзниците кои претходно го одбиле истиот. Управата за јавни приходи достави 318 персонализирани известувања до таргетирани даночни обврзници од градежниот сектор, со кои ги повика да извршат корекција на одбивката на влезниот данок на додадена вредност (ДДВ) во вакви случаи. Оваа мерка има превентивен карактер и овозможува усогласување со законските обврски, со цел избегнување на санкции и дополнителна постапки за контрола. Паралелно со превентивните мерки, УЈП започнува и со спроведување на даночни контроли насочени кон следните утврдени потенцијални ризични состојби: - Продажба на објекти по истекот на пет години од нивната изградба. - Договори со нереално ниска продажна вредност. - Непријавени вработувања и ангажмани. - Значителни разлики меѓу реалниот обем на изградба и пријавените приходи од продажба. - Издавање фактури без прибелешки во јавните книги. - Неправилна примена на механизмот за пренос на даночна обврска (reverse charge). Целта на овие контроли е откривање и санкционирање на даночни неправилности, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер услови за сите учесници на пазарот.
Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања на готовина од банкомати на други банки
Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања на готовина од банкомати на други банки
Со цел да се обезбеди поголема достапност до готовина за сите граѓани, без разлика од која банка се, Народната банка на Македонија предлага воведување на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки. Оваа мерка, која би требало да стапи на сила на почетокот на 2026 година, би се однесувала на трансакции до 2.000 денари. Според гувернерот Трајко Славески, иако обемот на користење на готовина се намалува, таа и понатаму ќе биде важна за мнозинството граѓани. Тој препорачува дома да се има готовина за основните потреби за период од неколку дена до една недела. Славески, исто така, нагласува дека треба да се цени мислењето на оние кои се залагаат за користење на готовина, истакнувајќи ја нејзината анонимност и слобода. Тој додава дека стравот од централна контрола врз сите трансакции на поединците буди непријатни асоцијации и дека современите луѓе треба сами да одлучат во која мера ќе користат готовина, платежни картички или апликации. И покрај ова, Славески потенцира дека процесот на исфрлање на готовина од употреба е длабоко напреднат и дека така треба да продолжи, бидејќи со тек на времето користењето на кеш станува неприфатливо за околината.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk