Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Финансии

ССМ: Еден газда зема плата колку за 817 работници на минималец
ССМ: Еден газда зема плата колку за 817 работници на минималец
Во време кога над 73% од македонските работници примаат плата под просекот, фрапантни се податоците за платите на најбогатите, алармира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. Во јули највисоката исплатена нето-плата во земјава изнесувала над 320.000 евра, ССМ побара одговорност и истакна дека оваа плата е еквивалентна на платите на 817 работници со минималец. Трите највисоки плати заедно надминуваат 700.000 евра, што е плата за 1790 работници со минимална плата за еден месец. „Но, уште позагрижувачки се податоците дека во мај има 0 (нула) работници кои примиле минимална плата и 0 (нула) кои примиле просечна плата, што фрла дополнителен сомнеж на состојбите со платите во Македонија“, изјави Трендафилов. Синдикатот посочува на големата неправда и дискриминација во даночниот систем. Според нив, додека работниците со минимални и просечни плати плаќаат 38% придонеси, газдите со милионски примања над највисоката основица од 16 просечни бруто-плати, плаќаат само 10% персонален данок.
Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
Мицкоски: За прв пат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека базичната инфлација во земјата за првпат е негативна на месечно ниво, што го оцени како добар индикатор за македонската економија. Мицкоски посочи дека месечната стапка на инфлација за август е намалена во однос на јули, и дека годишната инфлација е намалена од 4,9% на 4,4%. Тој изрази очекување дека трендот на намалување ќе продолжи, со цел инфлацијата да се стабилизира на ниво од 2 до 2,5%. Според премиерот, негативната базична инфлација е важен показател бидејќи токму таа беше главен двигател на општата инфлација. Тој нагласи дека владата води внимателна макроекономска политика, која не е интервенционистичка. Целта на оваа политика, како што објасни, е да се одржи баланс меѓу растот на платите и инфлацијата, со тоа што растот на платите секогаш ќе биде барем двојно поголем од инфлацијата, за да се обезбеди подобар животен стандард за граѓаните. Мицкоски додаде дека Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата спроведуваат интензивни контроли за да се обезбеди фер пазар, и дека редовно добива извештаи за нивната работа.
Народна банка: Поевтини електронски плаќања за граѓаните и компаниите
Народна банка: Поевтини електронски плаќања за граѓаните и компаниите
Иницијативата на Народната банка на Република Македонија за намалување на надоместоците за електронските плаќања дава конкретни резултати. По интензивната комуникација со банките и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), банките ги ревидираа своите тарифници, со што значително се намалија надоместоците за платежни услуги. Според Народната банка, сите банки веќе усвоија нови тарифници, а промените се однесуваат и на граѓаните и на компаниите. За граѓаните, надоместоците за електронските плаќања извршени преку МИПС се намалени во просек за околу 50%, додека интерните плаќања, односно оние што се извршуваат во рамките на иста банка, во најголем дел од банките станаа бесплатни. За компаниите, надоместоците за електронските плаќања во МИПС се поевтини во просек за околу 30%, додека електронските интерни плаќања се намалени за околу 55%. Дополнително, банките се префрлаат на поевтини, фиксни надоместоци по трансакција, што значи дека цената на услугата ќе биде однапред позната и нема да зависи од висината на сумата која се плаќа. Дел од банките веќе ги применуваат новите, намалени цени, додека останатите планираат да почнат со нивна примена најдоцна до октомври оваа година. Оваа мерка е дел од пошироката визија на Народната банка за дигитализација и модернизација на платниот систем. Целта е да се поттикне користењето на електронските плаќања, да се зајакне довербата во финансискиот сектор и да се придонесе кон општествено одговорно работење на банките.
УЈП: 22% од контролираните субјекти со утврдени неправилности, за 3 субјекти е воведена привремена забрана за вршење на дејност
УЈП: 22% од контролираните субјекти со утврдени неправилности, за 3 субјекти е воведена привремена забрана за вршење на дејност
Во периодот од 25.08.2025 - 31.08.2025 година, Управата за јавни приходи (УЈП) спроведе вкупно 90 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, бензиски пумпи и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите се иницирани претежно по пријави од граѓани преку телефонскиот број 198 и се реализирани во координација со други државни институции. Дополнително, инспекциски надзори се спроведени и на музички и забавни настани со цел да се поттикне транспарентност, да се заштитат правата на потрошувачите и да се охрабрат даночните обврзници да ги почитуваат законските обврски. Од 90 контролирани субјекти, кај 70 не се утврдени неправилности, а кај 20 субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 20 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За 3 субјекти поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување). На даночните обврзници каде со контролите за фискализација е утврден неевидентиран промет од страна на Управата за јавни приходи, им се укажува истиот да го евидентираат во книговодствената евиденција и соодветно да го прикажат во даночните пријави. Кај даночните обврзници кои доброволно нема да ја усогласат својата книговодствена евиденција во насока на точно пријавување и плаќање на даночните обврски, Управата за јавни приходи ќе спроведе дополнителни надворешни контроли и ќе ги санкционира прекршителите на законските одредби.
Макстил обезбеди кредит од 45 милиони евра за инвестиции и развој
Макстил обезбеди кредит од 45 милиони евра за инвестиции и развој
Макстил АД Скопје, македонска компанија од металургијата, објави склучување на голема зделка со Стопанска банка АД Скопје. На седница на Собранието на акционери, одржана на 2 септември 2025 година, е донесена одлука за одобрување на Договор за мултивалутна кредитна рамка, со што компанијата ќе добие финансиски средства во износ од 45 милиони евра. Кредитната рамка, чија вредност надминува 50% од книговодствената вредност на имотот на компанијата, е наменета за поддршка на тековното работење и за идни инвестициски проекти. Според објавеното известување до Македонската берза, договорот ќе биде со важност до 31 декември 2040 година, а средствата ќе се користат преку дефинирани подлимити. Како гаранција за оваа значајна зделка, Макстил обезбеди залог на подвижен и недвижен имот, меници и корпоративна гаранција од Duferco Internacional Trading Holding S.A., што укажува на цврстата финансиска позиција на компанијата и поддршката од нејзините партнери. Оваа финансиска инјекција се очекува да го зајакне развојниот потенцијал на Макстил, овозможувајќи му да ги реализира своите стратешки планови и да ја зацврсти својата позиција на пазарот. Зделката е дел од долгорочната бизнис стратегија на компанијата, насочена кон одржлив раст и модернизација на производствените процеси.
Македонски Телеком ќе исплати дивиденда од 27,62 денари по акција
Македонски Телеком ќе исплати дивиденда од 27,62 денари по акција
Македонски Телеком АД - Скопје на својата годишна седница, одржана на 30 мај 2025 година, донесе одлука за исплата на дивиденда за 2024 година. Вкупниот бруто износ на дивидендата е 2.382.421.058,00 денари, што претставува 27,62 денари по акција. Право на дивиденда имаат сите акционери кои се евидентирани во книгата на акционери заклучно со 11 јули 2025 година. Последниот ден за тргување со право на дивиденда е 9 јули 2025 година, додека првиот ден на тргување без право на дивиденда е 10 јули 2025 година. Исплатата на дивидендата ќе започне на 25 септември 2025 година. Правните и физичките лица, странски резиденти, се повикуваат да достават податоци за банкарската сметка на која ќе се изврши исплатата најдоцна до 10 септември 2025 година. Странските правни лица треба да достават и "Потврда за резидентен статус" заверена од надлежниот даночен орган, најдоцна еден ден пред исплатата. Странските физички лица треба да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во Северна Македонија, најдоцна до 10 септември 2025 година.
Продадени акции на Стопанска банка Битола во вредност од 29 милиони денари
Продадени акции на Стопанска банка Битола во вредност од 29 милиони денари
На Македонската берза е регистрирана значајна блок трансакција со акциите на Стопанска банка АД Битола (SBT), која привлекува внимание на финансискиот пазар поради најавите за купување од страна на српската Алта Банка. Трансакцијата се однесува на 7.206 обични акции, што претставува 1,84% од основната главнина на банката. Акцијата е продадена по цена од 4.050 денари, што ја донесе вкупната вредност на трансакцијата до 29.184.300 денари. Овој голем промет се реализираше на Официјалниот пазар - Берзанска котација. Номиналната вредност на акциите е 3.000 денари, што значи дека трансакцијата е извршена со премија од 1.050 денари по акција.
Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
Царинската управа соопшти дека во август е постигнат рекорден месечен раст на приходите од 8,9%, што претставува зголемување од 14,5 милиони евра во споредба со истиот месец минатата година. Ова е најголемо месечно зголемување на приходите годинава. Најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти. „Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата", вели директорот Бобан Николовски. Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.
УЈП спроведе 167 контроли за фискализација, кај 69 од контролираните субјекти се утврдени неправилности
УЈП спроведе 167 контроли за фискализација, кај 69 од контролираните субјекти се утврдени неправилности
Во периодот од 18.08.2025 до 24.08 2025 година, Управата за јавни приходи спроведе вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите се реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. Од нив, 51 глоби се за неиздавање на фискални сметки, 14 за неводење на книга за дневни извештаи, 2 за непоседување на резервен фискален систем на опрема и 2 заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи. За утврдените неправилности донесени се 69 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За еден субјект поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување). Од УЈП апелираат до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.
Дигитализацијата на УЈП заштедува време, илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги
Дигитализацијата на УЈП заштедува време, илјадници граѓани веќе користат нови електронски услуги
Во февруари годинава, УЈП ја воведе новата дигитална услуга „е-Уверение за остварен доход“, која им овозможува на граѓаните целосно електронски, бесконтактно и преку сигурна постапка да го добијат овој документ. Од воведувањето до денес, за само неколку месеци, се издадени 5.688 уверенија, со што е заштедено значително време како за граѓаните, така и за службениците на УЈП, а работата се одвива според најсовремени дигитални стандарди. Значително е модернизирана и услугата за издавање на „Уверение за состојба на даноци“. Со автоматизација на внатрешните процеси, во изминатите три месеци сите поднесени барања навремено се обработуваат и уверенијата се издаваат во рок од најмногу пет календарски дена, што претставува значително подобрување во споредба со претходниот период. Тоа значи дека 100% од уверенијата се издадени во законски предвидениот рок. Во следната фаза, оваа услуга ќе биде целосно дигитална и бесконтактна, овозможувајќи уште поедноставен, побрз и поефикасен пристап за граѓаните и компаниите. „Нашата цел е јасна – даночните услуги да бидат со висок стандард, брзи, едноставни и доверливи. Сакаме граѓаните и компаниите да добиваат квалитетна услуга со само неколку клика, без непотребни процедури и без губење време. Долгорочната и стратешка определба за трансформација на УЈП е создавање „нов лик“ и „нов амбиент“ – како за даночните обврзници, така и за даночните службеници и соработниците на даночната администрација. Овие резултати покажуваат дека сме на вистинскиот пат.“ - изјави директорката на УЈП.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk