Во периодот од 18.08.2025 до 24.08 2025 година, Управата за јавни приходи спроведе вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите се реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. Од нив, 51 глоби се за неиздавање на фискални сметки, 14 за неводење на книга за дневни извештаи, 2 за непоседување на резервен фискален систем на опрема и 2 заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи. За утврдените неправилности донесени се 69 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За еден субјект поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување). Од УЈП апелираат до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најави дека новиот Закон за рударство ќе биде изработен врз основа на транспарентен процес, во кој се прифаќаат конструктивни предлози од јавноста. Над стотина мислења, забелешки и предлози од компании, институции и граѓански здруженија биле доставени во рамките на јавната расправа, која траеше до 28 август 2025 година. Нацрт-законот беше објавен на платформата ЕНЕР, со што им се овозможи на сите заинтересирани страни да го разгледаат и да дадат свои забелешки во период од 30 дена. „Јавната расправа ни овозможи вредни препораки и забелешки. Ги разгледуваме сите доставени предлози и ќе организираме работни средби со засегнатите страни. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка“, изјави министерката Сања Божиновска. Министерството истакнува дека прифаќањето на предлозите од јавноста е во насока на добивање модерна и правична рамка за рударството во Македонија. Новиот закон, според МЕРМС, ќе се подготвува според највисоките европски стандарди и ќе обезбеди одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини. Клучни цели на новиот закон се: - Одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини. - Засилена контрола и транспарентност во сите процеси. - Задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници. - Јасна и правична регулатива за сите учесници во секторот. Министерството нагласува дека ќе инсистира на строга примена на правилата и нулта толеранција за прекршувања, со што ќе се заштитат безбедноста, животната средина и добросостојбата на локалните заедници. Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека започнува проектот за третата фаза од изградбата на железничката пруга кон Бугарија, потенцирајќи дека ова ќе ѝ помогне на Северна Македонија да стане крстосница на двата важни паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Мицкоски истакна дека сите претходни пречки се надминати и дека е постигната согласност со бугарската страна. Владата донела одлука за активирање на грант од Европската инвестициска банка, кој ќе обезбеди техничка поддршка за проектот. Оваа поддршка вклучува ревизија на основната проектна документација и потоа објавување на јавен повик за изградба. „Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување на јавен повик за изградба и на третата фаза, со што практично ние ќе ја заокружиме целата делница, којашто е дел од Коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија“, изјави премиерот Мицкоски. Тој додаде дека и процесот од бугарска страна добро напредува, со што Коридорот 8 ќе биде целосно завршен. Премиерот исто така спомена и напредок во проектот за Коридорот 10, кој се реализира со Владата на Обединетото Кралство, нагласувајќи дека претстои период со „убави вести и убави моменти за Македонија и граѓаните“. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи опаѓање од 10.4 %. Секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат на зголеменото производство во следните оддели: - Производство на тутунски производи. - Производство на текстил и облека. - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. - Производство на електрична опрема, машини и уреди. - Производство на гума, пластични и неметални минерални производи. - Производство на мебел. Анализирано според главните индустриски групи, најголем пораст е забележан кај Капиталните производи со дури 18.6 %, додека Интермедијарните производи (освен енергија) се зголемени за 12.5 %. Раст има и кај Трајните производи за широка потрошувачка од 2.9 %. Опаѓање има кај Енергијата (-6.5 %) и Нетрајните производи за широка потрошувачка (-8.5 %). Заклучно, податоците покажуваат дека и вкупното индустриско производство за периодот јануари-јули 2025 година е зголемено за 3.0 % во однос на истиот период минатата година. Царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар. 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени од страна на царинските службеници од ЦИ Богородица, пронајдени по извршен детален преглед во задниот дел во багажниот простор во ПМВ Ауди А8 со косовски регистарски таблички управувано од страна на косовски државјанин пријавен за влез во државата на царинска испостава Богородица. Непријавената стоката била покриена со заштитна навлака за одело, врз која биле ставени три патни торбици со личен багаж. Вредноста на непријавената стока е 664.200,00 денари, истата е привремено одземена од лицето, а против сторителот до надлежното ОЈО е поднесена кривична по чл. 278 (криумчарење) од КЗ. 63 пакувања со разни лекови и медицински материјали (сирупи, таблети, чепови, спрејови, клизми, ленти за бандажирање и друго), откриени од страна на мобилни царински тимови, пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. 4 објективи за камери, марка ARRI Signature Prime, пронајдени во куфер сместен во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Вредноста на објективите изнесува 4.808.700 денари, а избегнатите давачки изнесуваат 1.149.279 денари. 60 ремени за затегнување на товар, откриени од страна на мобилни царински тимови пронајдени во багажникот на автомобил со австриски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. 30 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во три одвоени случаи, при контрола на три возила управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран. Во првиот случај, во две најлонски кеси сместени под креветот во кабината на камион со косовски регистарски таблички, биле пронајдени 18 штеки цигари MARLBORO, со вредност 25.200 денари и избегнати давачки во износ од 35.972 денари. Во вториот случај, во фабричка преграда во кабината на камион со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари KARELIA L BLUE, со вредност 5.676 денари и избегнати давачки во износ од 9.317 денари. Во третиот случај, под предните седишта и на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари PS, со вредност 4.320 денари и избегнати давачки во износ од 9.714 денари. 17 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два автомобили со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 штеки цигари OME и LM. Вредноста на цигарите изнесува 7.200 денари а избегнатите давачки изнесуваат 14.172 денари. Во вториот случај, исто така во багажникот на вториот автомобил, биле пронајдени 9 штеки цигари MALBORO, OME и PS, со вредност 9.077 денари и избегнати давачки во износ од 16.909 денари. 472 лименки со вкупно 153 литри маслиново масло, пронајдени во просторот за резервна гума како и во повеќе кутии и торби сместени во внатрешноста и во багажниот простор на автомобил со словенечки регистарски таблички управуван од словенечки државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Вредноста на производите изнесува 60.000 денари а избегнатите давачки изнесуваат 10.800 денари. 250 маски за мобилен телефон,, IPHONE’’ пронајдени на ЦИ Деве Баир за влез во државата во товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки.
Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните утрински часови, на 26.08.2025 година, при вршење на редовна царинска контрола на патничко моторно возило Mercedes со македонски регистарски таблички, со кое патувало семејство што изјавило дека се враќа од одмор во Турција и преку Грција пристигнало на влез во нашата земја, од страна на царинските службеници биле откриени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF со вкупна вредност од 16.058,00 евра. Препаратите биле сокриени на повеќе места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана. Стоката е задржана, возилото со кое била транспортирана е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување. По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка. Во рамки на тие активности, Владата на седница донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската Инвестициска Банка. Со ова, избраниот Консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. Дополнително да се забрзаат активностите, ЈП за Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на Надзор на изградбата. Преку овие активности, Владата во континуитет покажува цврста заложба во реализација на стратешко-инфраструктурните проекти за државата. Изградбата и модернизацијата на железничката мрежа е приоритет на Владата и во рамките на тие приоритети се преземаат засилени активности за доизградба на железницата на Коридор 8, како и изградба на брза пруга на Коридор 10. Овие проекти кои имаат и регионално значење ќе ја позиционираат државата како транзит земја на Балканот- дел од европските транспортни рути со што бенефитот е повеќекратен.