Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи опаѓање од 10.4 %. Секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.5 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат на зголеменото производство во следните оддели: - Производство на тутунски производи. - Производство на текстил и облека. - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. - Производство на електрична опрема, машини и уреди. - Производство на гума, пластични и неметални минерални производи. - Производство на мебел. Анализирано според главните индустриски групи, најголем пораст е забележан кај Капиталните производи со дури 18.6 %, додека Интермедијарните производи (освен енергија) се зголемени за 12.5 %. Раст има и кај Трајните производи за широка потрошувачка од 2.9 %. Опаѓање има кај Енергијата (-6.5 %) и Нетрајните производи за широка потрошувачка (-8.5 %). Заклучно, податоците покажуваат дека и вкупното индустриско производство за периодот јануари-јули 2025 година е зголемено за 3.0 % во однос на истиот период минатата година. Според податоците објавени од Државниот завод за статистика, околу 45,8 милиони лица биле вработени во Германија, што претставува минимален раст од само 4.000 лица во споредба со претходниот месец. Оваа состојба доаѓа по два последователни месеци на намалување на вработеноста, со пад од 17.000 лица во мај и 19.000 во јуни. Стагнацијата од јули е особено забележителна и на годишно ниво. Бројот на вработени остана речиси ист како и во јули 2024 година, со зголемување од само 1.000 лица. Ова е трет месец по ред во кој вработеноста се задржува на исто ниво како и во истиот период од минатата година. Според истражувањето на работната сила, бројот на невработени во јули 2025 година изнесува 1,74 милиони луѓе. Ова е значително зголемување од 9,4% во споредба со јули 2024 година, што претставува 149.000 повеќе невработени лица. Како резултат на тоа, стапката на невработеност се зголеми на 3,9%, што е за 0,3 процентни поени повеќе од минатата година. Сепак, кога се прават прилагодувања за сезонските влијанија бројот на невработени останува речиси ист како и во јуни, а прилагодената стапка на невработеност се задржува на стабилни 3,7%.
Царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани котури со сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, лекови, објективи за камери, цигари, маслиново масло и ремени за товар. 18 котури од по 10 метри сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер откриени од страна на царинските службеници од ЦИ Богородица, пронајдени по извршен детален преглед во задниот дел во багажниот простор во ПМВ Ауди А8 со косовски регистарски таблички управувано од страна на косовски државјанин пријавен за влез во државата на царинска испостава Богородица. Непријавената стоката била покриена со заштитна навлака за одело, врз која биле ставени три патни торбици со личен багаж. Вредноста на непријавената стока е 664.200,00 денари, истата е привремено одземена од лицето, а против сторителот до надлежното ОЈО е поднесена кривична по чл. 278 (криумчарење) од КЗ. 63 пакувања со разни лекови и медицински материјали (сирупи, таблети, чепови, спрејови, клизми, ленти за бандажирање и друго), откриени од страна на мобилни царински тимови, пронајдени во автомобил со германски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. 4 објективи за камери, марка ARRI Signature Prime, пронајдени во куфер сместен во багажникот на автомобил со бугарски регистарски таблички управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Вредноста на објективите изнесува 4.808.700 денари, а избегнатите давачки изнесуваат 1.149.279 денари. 60 ремени за затегнување на товар, откриени од страна на мобилни царински тимови пронајдени во багажникот на автомобил со австриски регистарски таблички, со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. 30 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во три одвоени случаи, при контрола на три возила управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Дојран. Во првиот случај, во две најлонски кеси сместени под креветот во кабината на камион со косовски регистарски таблички, биле пронајдени 18 штеки цигари MARLBORO, со вредност 25.200 денари и избегнати давачки во износ од 35.972 денари. Во вториот случај, во фабричка преграда во кабината на камион со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари KARELIA L BLUE, со вредност 5.676 денари и избегнати давачки во износ од 9.317 денари. Во третиот случај, под предните седишта и на задното седиште на автомобил со македонски регистарски таблички, биле пронајдени 6 штеки цигари PS, со вредност 4.320 денари и избегнати давачки во износ од 9.714 денари. 17 штеки цигари без акцизни маркички, откриени во два одвоени случаи, при контрола на два автомобили со македонски регистарски таблички, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, во багажниот простор на автомобилот биле пронајдени 8 штеки цигари OME и LM. Вредноста на цигарите изнесува 7.200 денари а избегнатите давачки изнесуваат 14.172 денари. Во вториот случај, исто така во багажникот на вториот автомобил, биле пронајдени 9 штеки цигари MALBORO, OME и PS, со вредност 9.077 денари и избегнати давачки во износ од 16.909 денари. 472 лименки со вкупно 153 литри маслиново масло, пронајдени во просторот за резервна гума како и во повеќе кутии и торби сместени во внатрешноста и во багажниот простор на автомобил со словенечки регистарски таблички управуван од словенечки државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Меџитлија. Вредноста на производите изнесува 60.000 денари а избегнатите давачки изнесуваат 10.800 денари. 250 маски за мобилен телефон,, IPHONE’’ пронајдени на ЦИ Деве Баир за влез во државата во товарно моторно возило со бугарски регистарски ознаки.
Хрватската економија продолжува да расте, покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика на Хрватска. Во вториот квартал на 2025 година, бруто домашниот производ пораснал за 3,4% во однос на истиот период минатата година. Според првичните проценки, бруто додадената вредност е зголемена за 3,3%. Растот е забележан во сите економски дејности. Главни двигатели на растот се: - Потрошувачката на домаќинствата е зголемена за 4,0%, главно поттикната од зголемениот промет во трговијата на мало и угостителските услуги. - Државната потрошувачка бележи раст од 2,4% во однос на истиот период минатата година. - Извозот на стоки и услуги е зголемен за 1,6%, додека увозот се зголемил за 3,3%. Регистрациите на нови автомобили во Европската Унија забележаа благ пад од 0,7% во првите седум месеци од 2025 година во споредба со истиот период минатата година. Сепак, само во јули, растот на регистрациите изнесува 7,4% на годишно ниво. Податоците објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили укажуваат на јасен тренд кон електрификација. Иако падот на вкупните регистрации е присутен, пазарот на возила со алтернативен погон продолжува да расте, додека традиционалните мотори со внатрешно согорување губат удел. Во периодот од јануари до јули 2025 година, хибридните електрични автомобили го задржаа статусот на најпопуларен избор меѓу потрошувачите, со пазарен удел од 34,7%. Вкупниот број на регистрирани хибридни возила достигна 2.255.080, а растот е особено силен на четирите најголеми пазари: Франција (+30,5%), Шпанија (+30,2%), Германија (+10,7%) и Италија (+9,4%). Во исто време, електричните автомобили на батерии зазедоа удел од 15,6%, со вкупно 1.011.903 регистрирани возила. Ова претставува значително зголемување во споредба со 12,5% во истиот период во 2024 година. Три од четирите најголеми пазари за електрични возила (Германија, Белгија и Холандија) забележаа раст, додека во Франција е регистриран пад од 4,3%, и покрај позитивниот пораст во месец јули. Plug-in хибридите исто така забележаа силен раст, со удел од 8,6% на пазарот. Спротивно на електрификацијата, пазарниот удел на автомобилите на бензин и дизел е намален. Заедничкиот удел на овие два типа на мотори падна на 37,7%, во споредба со 47,9% во истиот период лани. Регистрациите на бензински автомобили се намали за 20,1%, а нивниот пазарен удел падна на 28,3%. Сите големи пазари забележаа двоцифрен пад, предводен од Франција (-33,6%), Германија (-25,9%), Италија (-17,8%) и Шпанија (-12,6%). Пазарот на дизел автомобили се намали за 26,4%, достигнувајќи удел од 9,5%. Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните утрински часови, на 26.08.2025 година, при вршење на редовна царинска контрола на патничко моторно возило Mercedes со македонски регистарски таблички, со кое патувало семејство што изјавило дека се враќа од одмор во Турција и преку Грција пристигнало на влез во нашата земја, од страна на царинските службеници биле откриени 322 шишиња хемиски препарати за прскање, од кои 300 шишиња инсектицид CORAGEN 20 SC и 22 шишиња фунгицид Bellis BASF со вкупна вредност од 16.058,00 евра. Препаратите биле сокриени на повеќе места во возилото – во багажниот простор зад куферите со лични работи, во просторот за резервна гума и на задните седишта. Возачот не поседувал соодветна дозвола за увоз, иако станува збор за стока што подлежи на посебен режим на дозволи со што безбедноста на производите не е гарантирана. Стоката е задржана, возилото со кое била транспортирана е одземено, а против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Случајот е предаден на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги за понатамошно постапување. По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, а понатаму и работните групи од двете земји, се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка. Во рамки на тие активности, Владата на седница донесе одлука да се ефектуира Договорот за грант за техничка поддршка во висина од 3,7 милиони евра добиен од Европската Инвестициска Банка. Со ова, избраниот Консултант во следниот период ќе изработи нова проектна документација, како и подготовка на тендерската постапка за избор на изведувач. Дополнително да се забрзаат активностите, ЈП за Железничка Инфраструктура ќе започне постапка за избор на Надзор на изградбата. Преку овие активности, Владата во континуитет покажува цврста заложба во реализација на стратешко-инфраструктурните проекти за државата. Изградбата и модернизацијата на железничката мрежа е приоритет на Владата и во рамките на тие приоритети се преземаат засилени активности за доизградба на железницата на Коридор 8, како и изградба на брза пруга на Коридор 10. Овие проекти кои имаат и регионално значење ќе ја позиционираат државата како транзит земја на Балканот- дел од европските транспортни рути со што бенефитот е повеќекратен.