Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
Царинска управа: За 14,5 милиони евра зголемена наплатата на приходи во август
Царинската управа соопшти дека во август е постигнат рекорден месечен раст на приходите од 8,9%, што претставува зголемување од 14,5 милиони евра во споредба со истиот месец минатата година. Ова е најголемо месечно зголемување на приходите годинава. Најголем раст од 19,5 проценти е остварен во наплатата на акциза, при што по овој основ во август се собрани приходи од 3,78 милијарди денари. Наплатата на приходи од царина бележи пораст од 7,9 проценти, додека приходите од данокот на моторни возила бележат раст од 7,3 проценти. „Претходниот месец наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, овој месец за 14,5 милиони евра. Ова е новиот систем на вредности во Царинската управа. Систем што генерира повисоки приходи во Буџетот на државата, систем што овозможува повеќе пари за болници, училишта, патишта. Одржлив систем што го разобличува криминалот и ја издигнува економијата на државата", вели директорот Бобан Николовски. Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 86 милијарди денари или 1,4 милијарди евра, што е за 65,5 милиони евра повеќе од лани истиот период.
Од полноќ нови цени на горивата
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија донесе одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на одредени нафтени деривати. Вкупното зголемување во просек изнесува 0,36% во однос на претходната одлука, а стапува на сила од полноќ, односно од 2 септември 2025 година. Според одлуката на РКЕ, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети. Нивната максимална цена ќе биде 75,00 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-95 и 77,00 денари за литар за ЕУРОСУПЕР БС-98. Сепак, ќе има зголемување на цените на дизел горивото и маслото за горење. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 денари, па така максималната цена од утре ќе изнесува 68,50 денари за литар. Исто така, цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денари и ќе чини 68,00 денари за литар. Зголемување има и кај мазутот М-1 НС, чија цена се зголемува за 0,128 денари по килограм, со што новата максимална цена ќе изнесува 38,393 денари за килограм. Како причина за оваа промена, РКЕ ги наведува зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и повисокиот курс на денарот во однос на американскиот долар. Референтните цени на светските берзи бележат зголемување кај бензините за 0,529%, кај дизелот за 1,366% и кај екстра лесното масло за 1,033%. Од РКЕ напоменуваат дека овие цени се максимални и трговците на големо и мало можат да ги формираат цените на пониско ниво.
Бројот на работници во индустријата се намалил за 4.0% во првата половина од годината
Бројот на работници во индустријата се намалил за 4.0% во првата половина од годината
Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во јули 2025 година е намален за 3.8% во споредба со истиот месец минатата година. Ова е дел од трендот на намалување што се забележува во првиата половина од годината, каде што вкупниот пад изнесува 4.0% во однос на истиот период во 2024 година. Анализата по сектори покажува дека најголем пад претрпела Преработувачката индустрија, која бележи пад од 4.0%. Намалување на бројот на вработени има и во секторот „Рударство и вадење на камен“ со 2.4% и во „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ со 0.5%. Според главните индустриски групи, намалување има во групата „Капитални производи“ со пад од 8.8%, потоа „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ со 3.8% и „Енергија“ со 1.9%. Зголемување на бројот на работници е забележан во „Трајни производи за широка потрошувачка“ со раст од 9.6% и „Интермедијарни производи, освен енергија“ со благ раст од 0.3%
Министерката Јаневска: Во новата учебна година ќе има учебници по сите предмети
Министерката Јаневска: Во новата учебна година ќе има учебници по сите предмети
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска соопшти дека за новата учебна година се обезбедени учебници по сите предмети во основното и средното образование. Со тоа, како што нагласи, прашањето за недостиг на учебници е затворено и не треба повеќе да биде предмет на дискусија. „Изготвивме нов Закон за учебници заедно со сите засегнати чинители и успеавме да ги завршиме постапките за обезбедување на учебници по сите предмети, вклучително и по странските јазици, по кои овие основни помагала за совладување на наставната материја недостигаа цели седум години“, изјави министерката. Јаневска го потенцираше овој успех како одговорност на актуелната Влада и го нарече „срамота“ тоа што во 21-виот век воопшто се дискутира за ова прашање. Таа ја обвини претходната Влада дека за седум години не успеала да го реши проблемот со недостиг на учебници.
Се реконструира градскиот базен во Кавадарци во вредност од 48 милиони денари
Се реконструира градскиот базен во Кавадарци во вредност од 48 милиони денари
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го посети Кавадарци, каде заедно со градоначалникот Митко Јанчев направија увид во проектите кои се во тек. Во фокусот на посетата беше реконструкцијата на градскиот базен, проект кој по 40 години добива целосно нов изглед и функционалност. Според изјавите на премиерот Мицкоски, реконструкцијата на базенот е во завршна фаза и се очекува многу брзо да биде пуштен во употреба. Тој изрази уверување дека базенот ќе претставува убаво место за дружење и рекреација на кавадарчани, особено во текот на летните денови. „Мислам дека ако се оди според динамиката, веќе следната година ќе го имаме во целосна функција“, изјави Мицкоски. Градоначалникот Јанчев истакна дека овој базен со олимписки димензии ќе добие и дополнителни реквизити со цел да се зголеми неговата атрактивност. Како дел од проектот, предвидено е и хортикултурно уредување на околниот простор, со игралишта и игротеки за најмладите, како и кафетерии. Се очекува базенот да стане една од најголемите атракции не само во Кавадарци, туку и во целиот тиквешки регион. Освен како рекреативен објект, базенот е од големо значење и за професионалното пливање. Општина Кавадарци веќе има бесплатна школа за пливање, а пред реконструкцијата во неа учествувале 300 до 400 деца, кои учеле професионално пливање.
Јапонија ќе инвестира 68 милијарди долари во Индија
Јапонија ќе инвестира 68 милијарди долари во Индија
Јапонскиот премиер Ишиба Шигеру се состана со индискиот премиер Нарендра Моди во Токио, со цел да ги зајакнат стратешкото и глобално партнерство меѓу двете земји. Средбата траеше околу 90 минути, резултираше со усвојување на повеќе клучни документи, вклучувајќи ја „Заедничката изјава од годишниот самит Јапонија-Индија“ и „Заедничката визија за следната деценија“. Еден од најголемите успеси е предвременото достигнување на целта за јапонски инвестиции во Индија. Постигната е целта од 34 милијарди долари за период од пет години поставена во 2022 година. Како резултат на тоа, лидерите се согласија да постават нова амбициозна цел: 68 милијарди долари приватни инвестиции во Индија. Ќе се прошири опсегот на соработка во клучни области како што се полупроводници, вештачка интелигенција и вселенска технологија. Двајцата лидери потврдија дека ќе продолжи соработката за реализација на проектот за брза железница, кој се смета за главен проект на партнерството. Имајќи предвид дека безбедносната состојба во Индо-пацифичкиот регион станува сè посложена, Јапонија и Индија се согласија да ја преземат заедничката одговорност за регионалниот мир и стабилност. Воведени се нови договори за соработка во областа на одбраната и економската безбедност. Лансирана е „Иницијатива за економска безбедност Јапонија-Индија“ која има за цел да ја зајакне отпорноста на синџирите за снабдување со критични материјали. За да се продлабочи меѓусебната поврзаност, најавена е „Иницијатива за размена на човечки ресурси Јапонија-Индија“. Оваа иницијатива ќе овозможи циркулација на висококвалификувани професионалци и ќе ја зајакне соработката на локално ниво преку партнерства меѓу градовите.
УЈП спроведе 167 контроли за фискализација, кај 69 од контролираните субјекти се утврдени неправилности
УЈП спроведе 167 контроли за фискализација, кај 69 од контролираните субјекти се утврдени неправилности
Во периодот од 18.08.2025 до 24.08 2025 година, Управата за јавни приходи спроведе вкупно 167 теренски контроли за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, шанкови, хотели, бутици, фризерски салони, аптеки, ПЗУ, спа центри, бензиски пумпи, приредувачи на игри на среќа и други трговски објекти за продажба на мало. Контролите се реализирани во повеќе градови низ државата, меѓу кои и туристичките места каде во летниот период има зголемена фреквенција на туристи. Од вкупно 167 контролирани субјекти, кај 69 (41,3%) од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. Од нив, 51 глоби се за неиздавање на фискални сметки, 14 за неводење на книга за дневни извештаи, 2 за непоседување на резервен фискален систем на опрема и 2 заради тоа што фискалната сметка не ги содржи пропишаните елементи. За утврдените неправилности донесени се 69 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За еден субјект поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување). Од УЈП апелираат до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата.
Над 100 предлози од јавноста за новиот закон за рударство
Над 100 предлози од јавноста за новиот закон за рударство
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини најави дека новиот Закон за рударство ќе биде изработен врз основа на транспарентен процес, во кој се прифаќаат конструктивни предлози од јавноста. Над стотина мислења, забелешки и предлози од компании, институции и граѓански здруженија биле доставени во рамките на јавната расправа, која траеше до 28 август 2025 година. Нацрт-законот беше објавен на платформата ЕНЕР, со што им се овозможи на сите заинтересирани страни да го разгледаат и да дадат свои забелешки во период од 30 дена. „Јавната расправа ни овозможи вредни препораки и забелешки. Ги разгледуваме сите доставени предлози и ќе организираме работни средби со засегнатите страни. Нашата цел е да добиеме усогласено, јасно и спроведливо законско решение кое ќе обезбеди заштита на животната средина, висока безбедност при работа и предвидлива инвестициска рамка“, изјави министерката Сања Божиновска. Министерството истакнува дека прифаќањето на предлозите од јавноста е во насока на добивање модерна и правична рамка за рударството во Македонија. Новиот закон, според МЕРМС, ќе се подготвува според највисоките европски стандарди и ќе обезбеди одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини. Клучни цели на новиот закон се: - Одржлива експлоатација и преработка на минерални суровини. - Засилена контрола и транспарентност во сите процеси. - Задолжителни мерки за рекултивација и заштита на локалните заедници. - Јасна и правична регулатива за сите учесници во секторот. Министерството нагласува дека ќе инсистира на строга примена на правилата и нулта толеранција за прекршувања, со што ќе се заштитат безбедноста, животната средина и добросостојбата на локалните заедници.
Премиерот Мицкоски најави изградба на експресен пат Романовце-Страцин
Премиерот Мицкоски најави изградба на експресен пат Романовце-Страцин
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе започне јавната набавка за изградба на експресниот пат Романовце-Страцин, кој е дел од патниот Коридор 8. Оваа делница е продолжение на веќе изградениот експресен пат од Страцин до Крива Паланка, со што значително ќе го забрза патувањето кон Бугарија и ќе ја подобри поврзаноста со североисточниот дел на Македонија. Во изјава за медиумите, премиерот Мицкоски истакна дека експропријацијата на земјиштето за овој патен правец е веќе целосно завршена, а во тек е и ревизија на проектот. Премиерот очекува и тука да почне јавната набавка и тој проект да почне со реализација, за да може од Скопје до Крива Паланка да се стига за помалку од 45 минути.
Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
Мицкоски: Почнуваме со проектот за третата фаза од пругата кон Бугарија
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека започнува проектот за третата фаза од изградбата на железничката пруга кон Бугарија, потенцирајќи дека ова ќе ѝ помогне на Северна Македонија да стане крстосница на двата важни паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Мицкоски истакна дека сите претходни пречки се надминати и дека е постигната согласност со бугарската страна. Владата донела одлука за активирање на грант од Европската инвестициска банка, кој ќе обезбеди техничка поддршка за проектот. Оваа поддршка вклучува ревизија на основната проектна документација и потоа објавување на јавен повик за изградба. „Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување на јавен повик за изградба и на третата фаза, со што практично ние ќе ја заокружиме целата делница, којашто е дел од Коридорот 8, од Куманово до граница со Бугарија“, изјави премиерот Мицкоски. Тој додаде дека и процесот од бугарска страна добро напредува, со што Коридорот 8 ќе биде целосно завршен. Премиерот исто така спомена и напредок во проектот за Коридорот 10, кој се реализира со Владата на Обединетото Кралство, нагласувајќи дека претстои период со „убави вести и убави моменти за Македонија и граѓаните“.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk