Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

За Универзалната сала ќе се потрошат 20 милиони евра, ќе има 1200 седишта и ќе биде завршена до 2027 година
За Универзалната сала ќе се потрошат 20 милиони евра, ќе има 1200 седишта и ќе биде завршена до 2027 година
Министерот за култура, Зоран Љутков, денес пред јавноста го презентираше визуелното решение за изградбата на новата Универзална сала. Проектот кој се очекува да чини 20 милиони евра, има за цел да го врати значењето на оваа култна локација и да ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје. Според министерот, клучна карактеристика на новиот објект е тоа што ќе ја задржи постоечката, препознатлива форма, како почит кон колективната меморија. Сепак, сала ќе биде целосно модерна и функционална. Планираниот капацитет е 1.200 седишта, а салата ќе биде опремена со најнова технологија за врвна акустика, како и современа сценска техника, LED осветлување и аудио-видео системи. Покрај тоа, новиот објект ќе биде енергетски ефикасен, а за неговата изградба ќе се користат нови, современи материјали. Проектот вклучува и модерно партерно и хортикултурно уредување на околниот простор, со цел да се создаде атрактивна и пријатна околина за посетителите. Министерството очекува дека постапката за избор на изведувач и надзор ќе биде завршена на почетокот на октомври, со што веднаш потоа би започнала изградбата по систем „клуч на рака“. Планирано е градежните активности да се завршат до крајот на 2027 година, за да може Универзалната сала гордо да биде дел од програмата „Скопје - Европска престолнина на културата“ во 2028 година.
Пуштен во употреба првиот дел од новиот булевар Струмица – Дабиле
Пуштен во употреба првиот дел од новиот булевар Струмица – Дабиле
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска соопшти дека е пуштена во сообраќај првата делница од новиот булевар што ги поврзува Струмица и Дабиле. Проектот, како што истакна Костадинов, е заедничка инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и Општина Струмица, со средства обезбедени од буџетот. Градоначалникот потенцираше дека реализацијата на овој важен инфраструктурен проект е резултат на соработката на повеќе лица. Тој посочи дека проектот е започнат во времето на директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, а партнерскиот договор е потпишан од негова страна заедно со тогашниот директор Ејуп Рустеми. Првата делница е завршена во соработка со сегашниот директор Коце Трајановски, на кои Костадинов им се заблагодари за придонесот. Костадинов посебно му се заблагодари на својот општински тим за нивните напори во надминувањето на бројните имотно-правни проблеми кои го одложуваа завршувањето на првата делница. Тој ја призна нервозата кај граѓаните поради пролонгирањето на изградбата, но објасни дека причината се сложените законски процедури. Според градоначалникот, важноста на овој булевар е огромна. Тој не само што ќе го растовари сообраќајот на една од најфреквентните делници, туку и ќе овозможи подобра поврзаност на голем дел од околните села. Со булеварската врска, Дабиле ќе добие третман на градска населба, со директен пристап до центарот на Струмица, две индустриски зони и врска кон Република Бугарија.
Започнува заштитата на македонскиот рубин – национално богатство единствено во Европа
Започнува заштитата на македонскиот рубин – национално богатство единствено во Европа
Денес, по иницијатива и залагање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, започна сериозен институционален процес за заштита на македонскиот рубин – геолошки уникат што се наоѓа единствено во Прилеп и Мариово и е единствениот рубин во Европа кој природно се вади и обработува. На состанокот меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Геолошкиот завод и Заводот за индустриска сопственост беа дефинирани конкретни чекори за да се обезбеди официјален статус на македонскиот рубин како заштитено национално минерално наследство. Геолошкиот завод ги запозна присутните со веќе изработената анализа за правната заштита, која ќе биде надополнета согласно новите податоци, а дополнително беше истакната и потребата од поширока институционална координација. На средбата присуствуваше и долгогодишниот промотор на македонскиот рубин, Деко, кој ја пренесе историјата и значењето на секој примерок изработен со овој исклучителен камен. „Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство – како дел од националниот идентитет и нашата природна гордост.“ порача министерката Божиновска. Рубинот што се вади во Македонија е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја, која се јавува поради присуството на хром во неговата кристална структура. Се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово, што го прави единствен природен рубин во копнената Европа кој се обработува локално. Покрај својата естетска и колекционерска вредност, тој претставува дел од културното и историското наследство на земјата – симбол на природната убавина и националната гордост.
Народната банка донесе мерки за олеснување на купувањето прв стан
Народната банка донесе мерки за олеснување на купувањето прв стан
Извршниот одбор на Народната банка усвои нова Одлука за макропрудентните мерки поврзани со макропрудентните инструменти за квалитетот на кредитната побарувачка од физичките лица. Со оваа одлука се регулираат основните показатели со кои се оценува кредитоспособноста на физичките лица, кога тие бараат кредити од банките и од штедилниците. Мерките ќе се применуваат од 1 декември 2025 година. Гувернерот д-р Трајко Славески на конференцијата за печатот објасни дека со новата одлука се олеснува кредитирањето за купување или градење прво живеалиште, односно стан или куќа наменети за сопствено живеење. Но, имајќи ги предвид условите на пазарот на недвижности, особено во главниот град, што водат кон забрзан раст на цените на становите, поради што стануваат недостапни за помладите генерации, се врши и затегнување на условите за користење кредит за станбен објект којшто не претставува примарно живеалиште за кредитобарателите. „За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента.“ - изјави Славески. Имено, олеснувањето при купување прв стан се однесува на лицата коишто навистина немаат стан или куќа на свое име и планираат да купат или да изградат дом за сопствено живеење, за што треба да исполнат одредени критериуми, а се воспоставуваат соодветни механизми за проверка и следење, коишто се детално образложени во Одлуката. „Промените во макропрудентните мерки имаат превентивен карактер и нивната цел е да нѐ заштитат сите нас од прекумерна задолженост, што може да се одрази понатаму на способноста за редовно отплаќање на обврските, како и на вкупната стабилност на финансискиот систем. Истовремено, со овие промени внимаваме да не „ги погодиме“ оние лица кои имаат потреба да го решат своето животно, станбено прашање, овозможувајќи им поповолни критериуми и полесен пристап до кредити, во однос на останатите корисници на кредити“, посочи гувернерот Славески. Со ваквиот пристап, Народната банка се усогласува со практиката на голем број други централни банки во светот.
Зголемен прометот во услужниот сектор за 3.5% во вториот квартал
Зголемен прометот во услужниот сектор за 3.5% во вториот квартал
Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека прометот од продажбата на услуги во второто тримесечје од 2025 година бележи раст од 3.5% во споредба со истиот период минатата година. Според податоците, зголемување на прометот е забележано во сите сектори. Најголем раст е регистриран во секторот „Административни и помошни услужни дејности“, каде прометот се зголемил за 6.8%. Веднаш по него следи секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ со раст од 6.6%, што укажува на оживување на туризмот и угостителството во земјата.
Намалени цените на горивата, бензините и дизелот поевтини за 0,5 денари
Намалени цените на горивата, бензините и дизелот поевтини за 0,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика, донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 % во однос на одлуката од 9.09.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,075%, кај дизелот за 0,414%, кај екстра лесното масло за 0,058% и кај мазутот намалувањето е за 1,145%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,3613%. Од 16.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 – 75,50 денари за литар. - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 – 77,50 денари за литар. - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 69,00 денари за литар. - Маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 денари за литар. - Мазут М-1 НС – 36,740 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,408 ден/кг и сега ќе изнесува 36,740 ден/кг. Од РКЕ истакнуваат дека намалувањето е резултат на пад на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на американскиот долар.
Запленети 204 колекционерски банкноти и монети на аеродромот во Скопје
Запленети 204 колекционерски банкноти и монети на аеродромот во Скопје
Царинската управа денеска информираше за заплена на 204 колекционерски банкноти и монети, чија проценета вредност достигнува 700 илјади денари. Случајот е откриен на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД. Според објавата на Царинската управа, патникот се упатил кон зелениот канал, иако со себе носел голема количина вредносни предмети. Царинските службеници, поради сомневање, го селектирале за детален претрес. При контролата, во двата куфери и во личните торби на патникот биле пронајдени банкнотите и монетите. Против патникот е поведена соодветна постапка пред надлежниот суд. Царинската управа уште еднаш апелира до сите граѓани и патници дека е законска обврска да се пријават сите вредносни предмети при влез и излез од државата, со цел да се избегнат вакви ситуации.
Запленети околу 1000 електронски цигари со непозната материја на Табановце
Запленети околу 1000 електронски цигари со непозната материја на Табановце
На граничниот премин Табановце, полицијата заплени голема пратка од 971 електронска цигара исполнета со непозната материја и уапси холандски државјанин. Инцидентот се случил на 12 септември 2025 година, околу 14:30 часот, кога полициски службеници при редовна контрола на влез во земјата го запреле патничкото возило „опел“ со германски таблички, управувано од 19-годишниот А.А.Р. од Холандија. При деталната проверка на автомобилот, во 37 ќеси се пронајдени и одземени речиси 1.000 електронски цигари. Поради сериозноста на прекршокот, младиот холандски државјанин е приведен во полициска станица. Според Министерството за внатрешни работи, по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Запленетата материја ќе биде испратена на вештачење за да се утврди нејзиниот точен состав.
Кривична пријава против тројца грчки државјани, извршиле кражба во продажен објект во хотел на ГП Богородица
Кривична пријава против тројца грчки државјани, извршиле кражба во продажен објект во хотел на ГП Богородица
СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Тие се сомничат дека на 12.09.2025 во периодот од 10:40 до 11:15 часот од продажен објект во состав на хотел на ГП Богородица одзеле повеќе парфеми. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило „тојота“, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници. Во 21.30 часот на Граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.
Јавно обвинителство: Тројца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, истрагата е во тек
Јавно обвинителство: Тројца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, истрагата е во тек
Тројца работници загинаа, а две лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на експресниот пат Штип-Радовиш. Комбе со петмина патници излетало од патот и паднало од мостот во коритото на Балталичка река. Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на местото на несреќата. Според првичните информации, во комбето се превезувале работници ангажирани од фирма од Струмица. Загинатите се двајца државјани на Бангладеш и еден од Непал. Еден од патниците се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот е со полесни повреди. Јавното обвинителство презема активности за утврдување на точните причини за несреќата. Истрагата е во тек.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk