Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

М-НАВ успешно го отстрани дефектот на радарската глава Бањски Рид, повторно е ставен во функција
М-НАВ успешно го отстрани дефектот на радарската глава Бањски Рид, повторно е ставен во функција
М-НАВ АД Скопје ја информира македонската јавност дека по три дена интензивна работа, стручниот тим успешно го отстранил дефектот на електрониката на радарската глава Бањски рид. По поправката, на 24 септември 2025 година, во 16:40 часот, радарската глава беше вратена во функција и започнати се неопходни тестирања кои траеја до 25 септември 2025 година до 12 часот, кога истата беше повторно вклучена во системот за контрола на воздушниот сообраќај. Согласно информациите од М-НАВ, за време на нефункционалноста на радарската глава, безбедноста на воздушниот сообраќај не беше доведена во опасност. Сите безбедносни мерки беа имплементирани во согласност со меѓународните стандарди, а само беше забележан краткотраен намалување на протокот на летови на Меѓународниот аеродром Скопје. Од компанијата исто така нагласуваат дека било каква дезинформација која предизвикува страв кај јавноста само дополнително ја нарушува довербата во институциите и предизвикува штети на државата. М-НАВ АД Скопје упати благодарност до Владата на Република Македонија, како и до Министерот за транспорт и врски, г. Александар Николовски, за нивната безрезервна поддршка во овие моменти.
Царинската управа заплени дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
Царинската управа заплени дрога, цигари, суплементи, парфеми и алкохол на граница и во внатрешноста
40 штеки цигари, 5 грама марихуана, 2.700 ќесички суплементи, 17 парфеми, 7.500 евра, 600 пакувања со вештачки трепки, 35 литри алкохолни пијалоци и разна друга стока е запленета во текот на изминатите денови, во случаи на откриени прекршочни дела, при што против сторителите е спроведена соодветна постапка. Најголем дел од случаите се откриени од мобилните тимови кои при контроли извршени на граничните премини и во внатрешноста на државата открија и спречија повеќе прекршочни дела: - 40 штеки цигари и 17 парфеми, се откриени на Меѓуградската автобуска станица при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Истанбул-Гостивар, извршена на Меѓуградската автобуска станица Скопје. Непријавените производи биле пронајдени на повеќе места во внатрешноста на автобусот - фиоката над возачот, позади возачкото седиште, во фиоката над предните скали, под и на претпоследните седишта и во просторот за одмор на возачите. - Пет грама опојна дрога марихуана е откриена при контрола на патнички кампер со швајцарски регистарски таблички со кој француски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блаце. - При претрес на возач на автобус на граничниот премин Табановце, откриени се непријавени 9.500 евра. На лицето, македонски државјанин, согласно законските прописи му се вратени две илјади евра, а останатите 7.500 евра се запленети. - Во друг случај на граничниот премин Табановце, мобилен тим при контрола на камион со скенер, откри разна стока која не била пријавена меѓу која и опрема за уредување на домот. - При контрола на минибус на влез во државата на граничниот премин Блаце се откриени дури 2.700 ќесички со суплементи Arabesca Genitals и Arabesca Slim Mix, кои биле скриени на различни места во возилото. Возачот на минибусот, изјавил дека пронајдената стока е пратка која требало да ја достави на лице во Скопје. - Вкупно 600 пакувања со вештачки трепки, се пронајдени при контрола на патните торби на италијанска државјанка кој допатувала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Рим. - При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Гостивар, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 4 се запленети 120 пара чорапи со ознаки на заштитена трговска марка поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во други случаи царински службеници на граничните премини Дојран и Табановце, открија прекршочни дела при што се запленети употребувана пумпа, 35 литри алкохолни пијалоци, 117 парчиња облека и разна друга стока.
Македонија со повеќе произведена отколку потрошена електрична енергија во јули
Македонија со повеќе произведена отколку потрошена електрична енергија во јули
Државниот завод за статистика објави дека во јули, Македонија забележа значителен пораст во производството на електрична енергија, со вкупно произведени 458.478 MWh, што е за 8.8% повеќе од бруто-домашната потрошувачка. Според податоците, вкупната потрошувачка по видови енергенти во јули 2025 изнесува: - 421.489 MWh електрична енергија. - 25.599 милиони nm3 природен гас. - 357.665 тони јаглен. - 112.946 тони нафтени продукти. Државниот завод за статистика наведува дека бруто-домашното производство на електрична енергија целосно ја покрива бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, односно учествува со 100%. Дополнително, 99.9% од вкупната потрошувачка на јаглен се користи за производство на електрична енергија.
Анализа на АВМУ: Колкави се приходите во телевизиите и радијата?
Анализа на АВМУ: Колкави се приходите во телевизиите и радијата?
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на известувањето на радиодифузерите за Локалните избори 2025, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, доделените дозволи за радио емитување, активностите на полето на меѓународната соработка. На состанокот беа презентирани и наодите од Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година. Анализата содржи податоци за економското работење на радиодифузерите, односно податоци за вкупните приходи, вкупните трошоци, финансискиот резултат од работењето и просечниот број на вработени. Вкупните приходи во индустријата во 2024 година изнесувале 3.219,21 милиони денари, додека вкупните трошоци 2.994,12 милиони денари. Вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години и изнесувале 1.365,55 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.266,52 милиони денари. Јавниот сервис работел со добивка во износ од 87,81 милион денари, што е најдобар финансиски резултат остварен во последните шест години. Приходите што ги оствариле сите комерцијални телевизии заедно изнесувале 1.607,39 милиони денари, додека вкупните трошоци изнесувале 1.503,13 милиони денари. Вкупните приходи на пазарот на радијата изнесувале 246,27 милиони денари, а трошоците на радиостаниците изнесувале 224,47 милиони денари. Просечниот број вработени лица во редовен работен однос во 36-те комерцијални телевизии изнесувал 887 лица, додека кај радиостаниците изнесувал 186 лица.
Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Средба на Николоски и Казидакис, во фокусот е изградбата на брза пруга на коридорот 10
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска во Атина оствари работна средба со вицепремиерот на Владата на Грција, Костис Казидакис. Ова е прва средба на двајцата вицепремиери со која се истакна важноста и промоцијата на економската соработка и регионалните инфраструктурни проекти. На средбата беа потврдени заложбите на двете земји за подобра регионална соработка во делот на инфраструктурата, транспортот и услугите. Беа презентирани стратешките приоритети на Владата во инфраструктурата и се потенцира важноста од поефикасно регионално поврзување како предуслов за забрзан економски развој на регионот. Се истакна силната одлучност на двете Влади за изградба на брзата пруга на коридорот 10, регионален проект кој ќе овозможи развој на трговијата, зголемување на размената меѓу двете држави и брза врска на пристаништата во Грција со пазарите во Централна Европа. На средбата се презентираа усовите за инвестирање во земјата како и можноста за поголема економска и трговска соработка меѓу бизнис заедницата на двете земји. На средбата заклучија дека соработката и реализацијата на проектите од регионално значење ќе продолжи во следниот период во насока на зголемување на ефикасноста на транспорот и меѓуграничната соработка.
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Владата потпиша договор за соработка со Обединетото Кралство за модернизација на железничката инфраструктура
Министерот за транспорт Александар Николоски најави важен чекор напред во развојот на железничката инфраструктура во земјава. На редовна седница на Владата е разгледана и усвоена информацијата за склучување на договор за соработка помеѓу Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Скопје и Јавното тело на Министерството за транспорт на Владата на Обединетото Кралство, Кросрејл Интернешнал Лимитед (Crossrail International Limited - CIL). Овој договор за соработка претставува значаен потег за модернизација на македонската железничка мрежа, со посебен фокус на развојот на брзата железница и товарниот железнички сообраќај. Како дел од договорот, двете страни ќе соработуваат преку споделување на експертиза, искуства, добра практика и научени поуки во областите како што се сигнални и контролни системи, надградба на инфраструктурата, модернизација на депоата и железничкиот возен парк. "Овој договор е продолжување на веќе успешната соработка помеѓу нашата влада и владата на Обединетото Кралство, која започна во контекст на партнерството за реализација на приоритетни инфраструктурни проекти," изјави министерот Николоски. "Со оваа соработка, ќе имаме можност да ја унапредиме нашата железничка инфраструктура и да го зајакнеме транспортниот сектор во Македонија." Договорот е важечки пет години, со можност за продолжување на уште пет години, и ќе има значајно влијание врз развојот на железничката инфраструктура и економскиот раст на земјата.
644 сообраќајни прекршоци и 5 возачи лишени од слобода за безобзирно управување со возило
644 сообраќајни прекршоци и 5 возачи лишени од слобода за безобзирно управување со возило
Во текот на вчерашниот ден (23.09.2025) во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, вкупно се издадени 644 платни од кои 183 се сообраќајни прекршоци за непрописно паркирање и 158 прекршоци за управување на возилото со брзина поголема од пропишаната. Согласно одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се изречени и 82 прекршоци за возачи кои управувале возила без возачка дозвола, потоа евидентирани биле 33 прекршочни санкции за користење на мобилен телефон и 37 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неносење заштитен шлем биле санкционирани 27 возачи на мотоцикл. Исто така, санкционирани се двајца возачи на електрични тротинети, петмина возачи што поминале на црвено светло како и 10 возачи што управувале возило со недозволено количество алкохол во крвта. Воедно од страна на полициските службеници вчера се лишени од слобода и петмина возачи на коишто ќе им бидат поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од КЗ на РСМ („безобзирно управување моторно возило“) затоа што кај нив се детектирани вредности на алкохол во крвта над 1,5 промили. Инаку, согласно Законот за возачи од сообраќај се отстранети 16 возила заради непоседување важечка сообраќајна дозвола, како и четири возила поради техничка неисправност. Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален
Мицкоски: Платите пораснаа за над 10,5% во јули, а државниот и јавниот долг е намален
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека според последните податоци на Државниот завод за статистика, платите во јули 2025 година пораснале за повеќе од 10,5% во споредба со јули 2024. Мицкоски ја истакна важноста на овие податоци како доказ за растот на економијата, а посебно на платите и ја разбија тезата на опозицијата дека во неговиот мандат не се остваруваат подобрувања на економски план. „Секогаш треба да работиме повеќе за да создадеме услови во кои бизнисите ќе се развиваат и ќе можат да обезбедат повисоки плати за работниците“, изјави премиерот. Во врска со критиките на опозициската партија СДСМ, Мицкоски посочи дека нивните тврдења дека платите не растеле, а задолжувањето на државата се зголемило, се покажуваат како неосновани. Според него, податоците објавени од Државниот завод за статистика го покажуваат спротивното, со што ги демантирале тврдењата на опозицијата. Покрај растот на платите, премиерот истакна дека по долг период, за првпат, и државниот и јавниот долг се намалени. Државниот долг се намалил за 4%, додека јавниот долг за 2,7% на крајот од вториот квартал на 2025 година.
Градоначалникот Костовски најави изградба на нова поликлиника во Бутел
Градоначалникот Костовски најави изградба на нова поликлиника во Бутел
Општина Бутел го добива најголемиот здравствен проект досега – нова поликлиника. Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел, најави дека Владата ја одобрила последната одлука за реализација на овој важен проект, кој ќе ја подигне здравствената инфраструктура во оваа општина на високо ниво. Според Костовски, проектот е веќе подготвен, локацијата е обезбедена, а потребните средства од 117.725.000 денари се осигурени. Ова е голем чекор напред за општината, бидејќи ќе се обезбеди современ здравствен сервис за сите граѓани на Бутел. "До крајот на неделата, очекуваме потпис на договорот со Министерството за здравство, а за неколку дена ќе започнеме со тендерирање за изведувач на проектот", изјави Костовски. Градоначалникот изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски за неговата значајна поддршка која ја овозможи реализацијата на оваа одлука и ги пофали напорите за исполнување на најголемото барање на граѓаните на Бутел.
Полициски тим евакуираше тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во Центар Жупа
Полициски тим евакуираше тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во Центар Жупа
Полициски тим од ОВР Дебар синоќа успешно извлече тројца белгиски државјани кои побарале помош додека планинареле во планинскиот предел над Дебар, во близина на селото Новак, општина Центар Жупа. Повикот за помош бил примен на 22 септември во 19:13 часот, откако странските државјани пријавиле дека биле нападнати од овчарски кучиња. По добиената локација, полициски тим со теренско возило веднаш се упатил на терен, каде со помош на локалниот ловочувар ги лоцирал и безбедно ги пренел планинарите до нивното возило. Спасените се идентификувани како Л.М. (42), М.Л.К. (62) и Ј.Ј. (41), сите белгиски државјани. Тие изјавиле дека биле нападнати од кучиња откако поставиле камп-шатор, по што биле принудени да побегнат и да се искачат на столб за мобилна телефонија за да се заштитат. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека лицата биле во добра здравствена состојба и не претрпеле повреди.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk