Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

ССМ: 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата
ССМ: 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата
Според Сојузот на синдикати на Македонија, во земјава, во месец мај 2025 година евидентирани се 509.960 работници со пресметана и уплатена нето плата од кои 374.045 работници или 73,3% од работниците примиле плата под просечната плата, а 135.915 работници или 26,7% од работниците примиле плата над просечната плата. Според ССМ, загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1% од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. ССМ тврди дека со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна на Владата, газдите и парламентот се прави директна штета на 169.082 работници и нивните семејства кои ниту со две плати не можат да си дозволат ниту да ги обезбедат најосновните услови за живот за своите семејства согласно вредноста на Синдикалната минимална кошница што е загрижувачки. Во својата објава ССМ истакнуваат дека во Македонија оние кои живеат добро со примања над просечната плата (функционерите, политичарите, газдите и експертите) се против зголемување на минималната плата, односно малцинството владее со мнозинството. Синдикатот ја опишува ситуацијата како функционер со 150.000 денари плата или 2.500 евра плата му кажува на работник со 24.397 денари или 400 евра плата како нема да му ја зголеми платата и како добро се живее, веројатно за да не аздиса многу работникот.
Бугарија и „Рајнметал“ ќе градат фабрики за барут и артилериски гранати
Бугарија и „Рајнметал“ ќе градат фабрики за барут и артилериски гранати
Бугарија и еден од најголемите европски одбранбени концерни, "Рајнметал" (Rheinmetall), ќе изградат две заеднички воени фабрики на територијата на земјата. Ова беше објавено на средбата меѓу Бојко Борисов и главниот извршен директор на "Рајнметал", Армин Папергер, во Диселдорф. Едниата фабрика ќе биде специјализирана за производство на барут и полнења, додека дгугата ќе произведува 155-милиметарски гранати по стандард на НАТО. Се очекува двете фабрики да го издигнат производството на артилериска муниција на високо ниво во Бугарија. Плановите предвидуваат комплетирање на целиот производствен циклус, што ќе гарантира висок квалитет на производот, минимизирање на ризиците при испорака на клучни компоненти и искористување на локалниот научен и производствен потенцијал. Произведената муниција ќе ги задоволува потребите на Бугарската армија, а ќе биде наменета и за извоз во други земји. Покрај тоа, изградбата на фабриките ќе отвори многу нови работни места. За изградба на новите претпријатија се избрани локации во рамките на државната ВМЗ-Сопот. Моментално, стручни тимови од бугарската влада и "Рајнметал" работат на утврдување на сите детали за реализацијата на проектот. Бугарската страна го увери Армин Папергер за својата намера проектот да биде реализиран што е можно поскоро и поуспешно. Се очекува изградбата на двете фабрики да ја зајакне позицијата на бугарската одбранбена индустрија меѓу партнерите од ЕУ и НАТО.
Се зголемува цената на горивата
Се зголемува цената на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Зголемувањето, кое во просек изнесува 0,64%, стапува на сила на 26 август 2025 година, почнувајќи од 00:01 часот. Од полноќ, максималните цени на горивата ќе изнесуваат: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 75,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар). Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 77,00 денари за литар (зголемување за 1,00 денар). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 68,00 денари за литар (зголемување за 0,50 денари). - Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,50 денари за литар (зголемување за 0,50 денари). - Мазут М-1 НС: 38,265 денари за килограм (намалување за 0,378 денари). Одлуката за корекција на цените е донесена врз основа на движењата на светските пазари. Референтните цени на нафтените деривати бележат просечно зголемување: кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1230%.
Просечната бруто-плата достигна 68.340 денари во јуни, зголемување од 8,5% на годишно ниво
Просечната бруто-плата достигна 68.340 денари во јуни, зголемување од 8,5% на годишно ниво
Според најновите податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто-плата по вработен во јуни 2025 година изнесува 68.340 денари. Ова претставува значително зголемување од 8,5% во однос на истиот месец минатата година. Растот на просечната плата најмногу е поттикнат од зголемувањата во одредени сектори. Најголем пораст е забележан во Образование, каде платите се повисоки за 14,9%, потоа во Дејностите на здравствена и социјална заштита со зголемување од 13,0% и во секторот Рударство и вадење на камен со раст од 12,3%. Сепак, во споредба со претходниот месец, некои сектори забележаа намалување на платите. Најголемо намалување има во Финансиски дејности и дејности на осигурување за 8,2%, потоа во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4,1% и во Транспорт и складирање за 2,0%.
Реконструкцијата на салата „Работнички“ во финална фаза, завршени 65% од работите
Реконструкцијата на салата „Работнички“ во финална фаза, завршени 65% од работите
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, преку својот профил на Фејсбук објави дека реконструкцијата на култната спортска сала „Работнички“ влегува во својата финална фаза, а досега се завршени 65 отсто од предвидените градежни активности. Герасимовски истакнува дека во моментов се работи на инсталациите, внатрешното уредување и финализирање, како и на горните делови од објектот и фасадата. „Со реконструкцијата, федерациите ќе добијат современи услови за работа, а КК „Работнички“ конечно ќе се врати во својот дом. Покрај тоа, Скопје ќе добие модерна спортска сала која ќе ги задоволува потребите на спортистите и на публиката“, напиша градоначалникот.
Стокомак го отвори четвртиот маркет во Србија
Стокомак го отвори четвртиот маркет во Србија
Стокомак, еден од најголемите дисконт ланци на маркети во Македонија, продолжува со своето проширување на српскиот пазар. Денес свечено беше отворен нивниот четврти маркет во Србија, лоциран во Панчево, на адреса: Ул. Новосељански Пут, влез бр.39Д. Од Стокомак изразија голема благодарност до граѓаните на Панчево за големиот интерес и бројната посета уште на првиот ден, што го сметаат за најголема потврда за нивниот труд и успех. Посебна благодарност упатија и до своите вработени, чија посветеност и напорна работа придонесоа за успешната реализација на овој проект. Седиштето на компанијата за Србија се наоѓа во Ниш. Досега се отворени маркети во четири града: Пирот, Ниш, Лесковац и Панчево. Во првата фаза на проширување планираат да отворат маркет и во Параќин. Концептот на Стокомак се заснова на продажба на основни прехранбени и непрехранбени производи по ниски цени со свои сопствени брендови.
После локалните избори ќе има реконструкција на Владата
После локалните избори ќе има реконструкција на Владата
Премиерот Христијан Мицкоски денеска, даде отчет на настанот „4 години работа за тебе“, кадешто најави промени и реконструкција во Владата, истакнувајќи ја потребата за поголема динамика и ефикасност. Во своето обраќање, тој ја отфрли можноста за коалиција со ДУИ, посочувајќи дека партијата ќе остане во опозиција. „После овие избори ќе ги отвориме вратите на партијата за нови смени и за нови луѓе. И во Владата ќе има реконструкција, подобрување и поголема динамика на капацитетите“, изјави Мицкоски. Тој појасни дека промените се неопходни за да се овозможи уште посилно и похрабро темпо за промените што се спроведуваат. Премиерот нагласи дека ротациите нема да значат дека заменетите лица биле лоши или немарни, туку дека на Владата ѝ е потребен подинамичен капацитет за да може да одговори на предизвиците. Осврнувајќи се на шпекулациите за можна коалиција со ДУИ, Мицкоски беше дециден: „Мојот директен одговор е дека ДУИ уште долго време ќе биде опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да се вратат на власт без ниту една научена лекција.“
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
Владата, по предлог на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), донесе три одлуки за едностран раскин на Договори за концесија за експлоатација на минерални суровини и една одлука за одбивање на ново барање за концесија. Одлуките се веќе објавени во Службен весник на Република Македонија. Од формирањето на Министерството до денес, вкупно се донесени 34 одлуки за едностран раскин на концесии поради: - Непочитување на законските одредби за експлоатација на минерални суровини. - Неплаќање на концесиски надоместоци согласно утврдениот тарифник. - Непочитување на мерките за заштита на животната средина. - Пренесување на концесијата на друг субјект без согласност. - Експлоатација надвор од одобрениот експлоатационен предел. Во моментов се во тек и повеќе постапки за раскин или одбивање на продолжување на концесии по исти или слични причини. Во истиот период констатиран е и раскин на 11 дозволи за експлоатација поради истек на договорот за концесија. „Нашата цел е транспарентно и одговорно управување со природните ресурси. Со засилената контрола и примената на законските мерки, обезбедуваме фер и одржлива експлоатација, која носи економски придобивки за државата и поддршка за локалните заедници. Овие одлуки се директна последица на посветените активности и системската работа на Министерството за воспоставување на највисоки стандарди за транспарентно и фер управување со природните ресурси, подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите.“ - истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини спроведува засилени инспекциски контроли и писмени опомени и санкции до концесионерите
Трамп: Тешко е да се добие војна без напад на агресорот
Трамп: Тешко е да се добие војна без напад на агресорот
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на социјалната мрежа „Truth Social“ ја критикува стратегијата на администрацијата на Џо Бајден во однос на војната во Украина. Во својата објава, Трамп тврди дека е „многу тешко, ако не и невозможно, да се добие војна без напад на земјата на напаѓачот“. Споредувајќи ја ситуацијата со спортски тим кој има одлична одбрана, но не му е дозволено да игра напад, Трамп истакна дека Украина нема шанса да победи ако е ограничена само на одбрана. Тој директно го обвини Бајден, нарекувајќи го „нечесен и крајно неспособен“, дека не ѝ дозволува на Украина „да возврати“, туку само да се брани. „Без оглед на сѐ, ова е војна која НИКОГАШ немаше да се случи ако јас бев претседател – НУЛА ШАНСА. Интересни времиња нѐ очекуваат“, заклучи Трамп.
Германската економија се намали повеќе од очекуваното во вториот квартал
Германската економија се намали повеќе од очекуваното во вториот квартал
Според последните податоци објавени од Државниот завод за статистика (Destatis), германската економија забележа пад од 0.3% во вториот квартал од 2025 година во однос на претходниот квартал. Оваа бројка е полоша од првичните проекции и го сигнализира најголемиот пад на економската активност во изминатиот период. Падот, кој е прилагоден за цена, сезонски и календарски варијации, е за 0.2 процентни поени поголем од првичната проценка објавена на 30 јули 2025 година. Како главни причини за оваа ревизија се наведуваат послабите резултати од очекуваното во индустриското производство и градежништвото. Посебно се истакнува дека производството во јуни 2025 година имало полоши перформанси од очекуваните. Дополнително, ревидирани се и податоците за крајната потрошувачка на домаќинствата во вториот квартал, која е намалена поради нови информации од секторот на услуги, вклучувајќи ги и месечните статистики за сместување и угостителство. Оваа негативна ревизија доаѓа по релативно стабилниот раст во претходните периоди, кога БДП порасна за 0.3% во првиот квартал од 2025 година и за 0.2% во четвртиот квартал од 2024 година. Вкупните економски индикатори кои станаа достапни по првичната објава на БДП придонесоа за влошување на целокупната економска слика во вториот квартал на 2025 година.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk