Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Најнови

Што заплени Царинската управа во текот на минатата недела?
Што заплени Царинската управа во текот на минатата недела?
Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички. На граничниот премин Блаце при контрола на камион на влез во државата откриени се 15.603 литри средство за стакла за возила. Непријавената стока не била опфатена во царинските документи. 410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани на излез од државата на граничниот премин Блаце. Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Мобилните царински тимови ја откриле при контрола на камион со турски регистрски таблички кој бил натоварен со стока со потекло од Турција наменета за фирма од Косово. Вкупно 23 делови за возила откриени се во два одвоени случаи од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на две возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, царинските службеници реагирале кога забележале лице кое се обидувало да префрли 4 употребувани гуми и 4 употребувани алуминиумски бандажи за патничко возило преку оградата на терминалот за стоково царинење. Во вториот случај, при контрола со мобилен скенер на камион со македонски влекач и холандска приколка биле забележани неправилности во преградите за алат на влекачот. При извршена физичка контрола биле пронајдени 4 употребувани вентилатори со мотор за испарувач за ладилник за товарно возило и 11 нови ремени за затегнување на товар. При контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце се откриени 39.5 килограми кафе и тоа 36 пакувања по 1 килограм од типот Gourmet by Tobia и 14 пакувања по 250 грама од типот Miscela cremosa. 69 парчиња облека (дуксери, панталони, маици, фармерки и долни тренерки), откриени се при контрола со скенер на камион откако биле забележани неправилности во кабината, во пределот на горниот кревет. Во багажникот на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, пронајдени се 2 употребувани велосипеди марка Cube. На Меѓународниот аеродром Скопје, пронајдени се 43 штеки цигари со и без акцизни маркици. Цигарите се откриени при контрола со рентген на куферите на тројца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон. Во автобус на граничниот премин Табановце пријавен за влез во држвата во две најлоснки ќеси кои биле сместени под патничките седишта, откриени се 44 кружни ножеви за циркуларна пила. Комплет бугарски регистарски таблици и сообраќајни дозволи се откриени на граничниот премин Делчево на излез од државата. Табличките и сообраќајните дозволи припаѓале на возило марка Citroen C8, кое било расходувано во отпад и за кое возачот не поседувал доказ за платени увозни царински давачки, согласно законските прописи.
Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија
Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на Дигиталниот самит на Западен Балкан (WBDS) 2025, најави интензивна работа на иницијатива за проширување на слободниот роаминг меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. „Се надевам дека овој настан ќе биде платформа за поврзување на сите држави, не само како можност за дискусија, туку и како заеднички напор за реални резултати. Поттикнати од Регионалниот совет за соработка, донесовме заедничка декларација што ќе упати повик до ЕУ и до сите наши соседи за воведување на иницијативата 'роаминг како дома' – со што би се намалиле трошоците за интернет, телефонски повици и СМС пораки меѓу Западен Балкан и цела Европа,“ истакна министерот Андоновски. Тој додаде дека веќе постоечкиот регионален договор за роаминг меѓу земјите од Балканот се покажал како успешен модел, и дека следниот чекор е проширување на истиот во рамки на целата територија на ЕУ. Тоа значи дека граѓаните не треба да плаќаат дополнителни трошоци за повици, пораки и интернет кога патуваат во земјите членки на овие зони. Наместо тоа да биде поволност само за државите од Западниот Балкан меѓусебно, Владата работи на воведување на оваа пракса и со сите држави од ЕУ. Андоновски потенцираше дека нашата земја веќе ги има завршено најголемиот дел од обврските за исполнување на критериумите поставени од Европската комисија. „Очекуваме до крајот на годината да ги исполниме сите услови за приклучување кон заедничката европска роаминг зона,“ порача министерот. Во своето обраќање, министерот ги нагласи и клучните теми на самитот – дигитализација, интероперабилност, сајбер безбедност, улогата на вештачката интелигенција, како и дигиталниот паричник.
Исплатена е нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните компании
Исплатена е нова транша од 19,4 милиони евра за поддршка на домашните компании
Нова транша од дад 1 милијарда денари е исплатена од кон Развојната банка за подршка на домашните компании, средства кои Владата ги обезбеди по поволни услови од унгарскиот заем, информираат од Министерството за финансии. Од централниот Буџет кон Развојната банка се исплатени 1,2 милијарди денари, односно 19,4 милиони евра, средства со кои ќе се реализираат инвестициски проекти од страна на домашните компании, кои претходно се одобрени од страна на деловните банки. Со оваа транша, вкупната поддршка што од централниот Буџет е трансфериран кон домашната економија преку оваа владина мерка изнесува 190,5 милиони евра. Во Буџетот за 2025 година проектирани се вкупно 250 милиони евра кои се наменети за поддршка на инвестициски проекти на домашните компании, а кои треба да покренат инвестициски циклус во приватниот сектор од околу 300 милиони евра. Средствата за оваа намена ги обезбеди Владата по поволни услови преку унгарската Експорт-импорт банка.
Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари
Министерството за енергетика покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини воспостави системски пристап за заштита на државата во сите судски постапки и за првпат активно покренува тужби за наплата на долгови од должници. Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја затекна состојбата во секторот со бројни судски предмети во кои државата беше тужена, без при тоа да биде водена соодветна грижа за одбраната и заштитата на јавниот интерес. За првпат, воспоставуваме системски пристап со кој државата активно се брани во сите постапки и истовремено се покренуваат нови тужби за наплата на долгови од должници. „Во изминатите години државата била оставена без активна правна заштита – не биле оспорувани клучни докази, не биле преземани мерки за застареност на побарувањата и не биле бранети државните позиции. Министерството го менува тој пристап, активно се вклучува во секоја судска постапка, бара стручни вештачења, ја координира одбраната со Владата, иницира постапки за наплата на долгот на државата. Обврска ни е да ги штитиме средствата на граѓаните и да ставиме ред во правните постапки.“ истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Министерството за енергетика, рударствво и минерални суровини со превземањето на надлежностите затекна шест судски предмети по поднесени Тужби за вкупна вредност од 421.862.824,00 денари, поднесени против Министерство за Економија. Правниот сектор при МЕРМС, уште при превземање на предметите изврши увид во истите и зема учество во судските постапки преку превземање на правни дејствија. Веќе има конкретни резултати: две тужби против државата во вредност од 315 милиони денари се одбиени, со што буџетот е заштитен од огромни трошоци, а вкупната вредност на предметите против Министерството е намалена од 421,8 милиони на 106,8 милиони денари. Секторот за правни работи при увидот во преземената документација утврди дека воопшто нема поднесени тужби против должници (физички и правни лица) за наплата на долг кој произлегува од неплатен надомест. Сепак, во соработка со Секторот за минерални суровини, беше констатирано дека постојат повеќе застарени побарувања по основ на концесиски надомест, како и побарувања за неплатен концесиски надомест за кои не се поведени судски постапки а има основ државата да бара исплата. Министерството покрена 17 постапки за наплата на долгови во вкупна вредност од 32,8 милиони денари, од кои дел веќе се завршени со спогодби и позитивни пресуди. Истовремено на Управен суд се водат околу 20 предмети поврзани со концесии, од кои веќе има позитивна пракса за одбивање на тужби и предлози за времена мерка.
Орбан: Брисел сака да го прошири конфликтот во Украина
Орбан: Брисел сака да го прошири конфликтот во Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, изрази силен став против политиките на Европската унија во однос на руско-украинскиот конфликт, во текот на неформалниот самит на Европскиот совет што се одржува во Копенхаген. Орбан нагласи дека Унгарија не го поддржува продолжувањето на војната и понатамошното испраќање помош во Украина, тврдејќи дека тие мерки се спротивни на интересите на неговата земја. „Три големи битки ни претстојат: прво, сакаат да ја прогласат војната меѓу Русија и Украина како наша. Второ, сакаат да испратат уште повеќе пари во Украина. И трето, сакаат да го забрзаат пристапувањето на Украина во Европската Унија, што ќе значи прекин на увозот на нафта и гас од Русија“, изјави Орбан. Тој нагласи дека Унгарија е под силен притисок и дека нападите врз земјата од страна на Брисел се сè поинтензивни, но додава дека ќе останат цврсти и ќе се борат за сопствените интереси и за мирот во Европа. „Ситуацијата е сериозна. На маса се предложени чекори кои подразбираат директно зголемување на воените трошоци, финансиска поддршка за Украинските оружени сили, како и правни маневри за брзо пристапување на Украина во ЕУ“, изјави Орбан. „Брисел избра стратегија на исцрпување на Русија преку бескрајна војна. Ова значи дека ќе се инвестираат милијарди во Украина, а Европа ќе ја жртвува својата економија и ќе испрати стотици илјади на фронтот. Ние, како Унгарија, ќе стоиме цврсто на нашата позиција и ќе се бориме за мир“, додаде Орбан.
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
Денес, на Западнобалканскиот дигитален самит 2025, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека дигитализацијата не е само технолошка промена, туку суштинска револуција која ја обликува иднината на Балканот, Македонија и Европа. Според премиерот, оваа промена не е избор, туку неопходност за опстанок и напредок, а регионот не смее да остане заостанат. „Западен Балкан има потенцијал да стане центар на дигитални иновации. Нашата иднина е поврзаност, иновации и знаење,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека овој самит е доказ дека земјите на Балканот можат да работат заедно и да создадат заеднички дигитален пазар, интегрирајќи се во Европската дигитална декада. Премиерот нагласи дека една од главните цели на владата е да ја претвори земјата во ефикасен и транспарентен сервис за граѓаните преку дигитализација. Во тоа контекст, тој спомена новата апликација „М-Услуги“, која, како што рече, ќе ја промени администрацијата и ќе ја убрза размената на податоци меѓу институциите и граѓаните. „Дигитализацијата е нашата шанса да ја победиме бирократијата и да го рушиме јазот меѓу оние кои имаат пристап до технологијата и оние кои се оставени на маргините. Ќе создадеме генерации со дигитални вештини кои ќе бидат конкурентни со своите врсници во Европа,“ додаде Мицкоски. Како дел од овој процес, Мицкоски го најави и воведувањето на дигитални идентитети за сите граѓани, што ќе овозможи лесен и брз пристап до сите јавни услуги преку мобилни телефони. Во текот на неговиот говор, премиерот изрази благодарност до Министерството за дигитална трансформација и тимот зад апликацијата „М-Услуги“, која ќе претставува нова ера во електронската администрација. „До крајот на мандатот, сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн, а сите граѓани ќе имаат целосен пристап до државните институции преку мобилни апликации,“ заврши премиерот Мицкоски, изразувајќи уверување дека Македонија ќе се позиционира како лидер во дигитализацијата на Балканот и ќе стане конкурентна на глобалната сцена.
Општина Бутел распиша тендерска постапка за нова поликлиника
Општина Бутел распиша тендерска постапка за нова поликлиника
Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска, на прес конференција информираа дека е распишана јавна набавка за изградба на нова поликлиника во Бутел. Станува збор за инвестиција во вкупна вредност над 117 милиони денари. Новиот објект ќе се состои од приземје и кат од над илјада метри квадратни и ќе содржи ординации по општа медицина и стоматологија, детски оддел со ординација за педијатрија, превентивна здравствена заштита, специјалистичко-консултативни ординации за гинекологија, интерна медицина, невропсихијатрија, физикална медицина, рендген кабинет, аптека и биохемиска лабораторија. „Ова е значајна инвестиција за жителите на оваа општина и на околните населени места кои првпат ќе имаат поликлиника блиску до местото на живеење.“ - истакна министерот Алиу. Новата поликлиника ќе се гради на местото на постојната модуларна амбуланта. „Граѓаните најмногу бараат поликлиника и Општина Бутел денеска ќе распише тендерска постапка за нејзина изградба. Од обезбедените средства, 90 отсто се од Министерството за здравство, а 10 отсто од општина Бутел. Оваа поликлиника е пример за соработка меѓу централната и локалната власт.“ - изјави градоначалникот Костовски.
Во септември од слобода се лишени над 100 лица поради поседување на наркотични средства
Во септември од слобода се лишени над 100 лица поради поседување на наркотични средства
Во рамки на тековните оперативни активности од областа на сузбивање на недозволената трговија со дрога, полициски службеници од различни полициски организациони единици во текот на месец септември, во повеќе различни случаи лишија од слобода над 100 лица, меѓу кои и неколку малолетници, кај коишто при извршени лични прегледи и прегледи на возила, биле откриени и запленети поголема количина на марихуана, бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафена прашкаста материја, МДМА таблети, амфетамин, хероин, дробилки. Исто така, врз основа на извршени претреси во текот на изминатиот месец, покрај откривањето и заплената на одредени количини марихуана, кокаин, хашиш, амфетамин и дробилки, во околу десеттина различни случаи беа лишени од слобода и беа поднесени кривични пријави против повеќе од 15 лица како осомничени за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ. Воедно на Граничниот премин „Табановце“ во месец септември при влез во земјава, во неколку одвоени случаи, кај српски, унгарски, австриски и белгиски државјани, исто така беа откриени кокаин, амфетамин и марихуана. Исто така во текот на септември на регионалниот пат Битола-Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.
Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври
Српската нафтена компанија НИС доби ново одложување на санкциите до 8 октомври
Министерството за финансии на САД, на 30 септември издаде нова посебна лиценца со која се одложува целосното воведување санкции против српската нафтена компанија НИС и се овозможува извршување на оперативните активности на компанијата најдоцна до 8 октомври 2025 година. Компанијата НИС поднела дополна на барањето за отстранување од листата на Специјално назначени државјани (SDN). Станува збор за долг и сложен процес, а иницијалното барање е испратено на 14 март оваа година. НИС продолжува со активности кои имаат за цел надминување на актуелната ситуација, а за сите нови околности кои може да влијаат на бизнисот, компанијата ќе ја информира јавноста навремено. Јанаф АД, хрватската компанија за транспорт и складирање на нафта, доби нова лиценца од канцеларијата за контрола на странски имоти (OFAC) на САД, која дозволува продолжување на спроведувањето на Договорот за транспорт на нафта со српската компанија НИС. Лиценцата ќе важи до 8 октомври 2025 година, што овозможува компаниите да продолжат со соработката без ограничувања.
Вработените во ЈП Паркови и зеленило излегоа на протест поради неисплатена плата
Вработените во ЈП Паркови и зеленило излегоа на протест поради неисплатена плата
Вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кој воедно е оснивач и на ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна излегоа на нов протест. Денеска протестот се одржа од 10 до 12 часот на булеварот Илинден кај Фонтана(Матично) и на мостот Гоце Делчев. Вработените кои излегоа на протестот покажаа дека работничката борба за работничката плата дава резултати. По завршување на протестот, платата на вработените во ЈП Паркови и зеленило Скопје е исплатена, а на вработените во ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна се уште не е исплатена. Доколку не се исплати, протестите продолжуваат и во наредните денови, а СУТКОЗ и работниците излегуваат повторно на улица утре кога ќе излезат на протест вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна во период од 10 до 12 часот со блокирање на булеварот Илинден(кај Матично). СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности ги повика вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес земаа плата на штрајк/протест во знак на солидарност кон колегите од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk