По девет години од катастрофалните поплави, градоначалникот Бобан Стефковски најави иницијатива за поставување спомен-плоча во чест на жртвите. Оваа иницијатива доаѓа во пресрет на десетгодишнината од трагедијата, која ќе се одбележи следната година. Во својата изјава, Стефковски истакна дека 6 август 2016 година е ден што засекогаш го променил животот на жителите од населените места Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Ченто, Брњарци, Црешево и Смилковци. Тој нагласи дека трагедијата, иако донесе болка и загуба, истовремено ја покажала и големината на човечноста и солидарноста на граѓаните. Спомен-плочата ќе биде поставена следната година, 2026, кога општината ќе одбележи и 50 години од своето постоење. Според градоначалникот, оваа плоча ќе биде вечен паметник не само на трагедијата, туку и на храброста, солидарноста и човечноста. Тој ги повика сите граѓани, институции и организации да се вклучат во оваа иницијатива. Во Делхи, индискиот премиер Нарендра Моди го пречека филипинскиот претседател, Бонгбонг Маркос, по повод одбележувањето на 75-годишнината од билатералните односи меѓу двете земји. Посетата означува значаен пресврт во соработката, со одлуката да се издигнат односите на ниво на Стратешко партнерство.</p>
<p>Оваа одлука, ќе обезбеди поцврста и поразновидна соработка. За таа цел, веќе е изготвен и Акциски план кој ќе ги дефинира идните чекори. Претседателот Маркос и индискиот премиер имаа опширни разговори на низа теми, вклучувајќи билатерална соработка, регионални и глобални прашања. Еден од клучните аспекти на дискусијата беше зголемувањето на трговијата меѓу двете земји. Истакнаа дека постои огромен потенцијал за соработка во сектори како ИТ, здравство, автомобилска индустрија, рударство, вселена и наука. Посебен акцент беше ставен и на растот на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Покрај економската и безбедносна соработка, двете земји ќе работат на зајакнување на културните врски. Планирани се заеднички активности во туризмот, подобрување на поврзаноста и редовна организација на програми за културна размена. Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија. Во периодот јануари – јуни 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија, кои учествуваат со 47.3 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60.4 % во вкупната размена. Во јули 2025 година, Управата за јавни приходи оствари значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра во споредба со јули 2024 година. Вкупната наплата од даноци (Данок на додадена вредност (ДДВ), данок на личен доход (ДЛД) и данок на добивка ДД) изнесува 14.344 милиони денари, односно приближно 233 милиони евра, што претставува рекордна месечна наплата досега. По тој основ остварен е раст од 922 милиони денари или околу 15 милиони евра, што е раст од 6,9% во однос на јули 2024 година. Раст од 13,4% се бележи и кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 11.823 милиони денари (192,2 милиони евра), што е за 1.400 милиони денари (околу 23 милиони евра) повеќе наплатени средства од придонеси во споредба со истиот месец минатата година. Во изминатиот период, а во согласнст со законските надлежности, УЈП презеде низа мерки и е во постојан контакт со даночните обврзници и нивните овластени сметководители кои имаат пријавен, но ненаплатен долг за соодветниот даночен период. Целта е навремено подмирување на обврските и избегнување на блокада на сметки и дополнителни трошоци за присилна наплата. Во рамки на превентивните мерки, доставени се персонализирани пораки и известувања до обврзниците, со јасна порака за доброволно усогласување. Придобивката од овој пристап е јасна: се овозможува финансиска стабилност кај обврзниците, се избегнуваат санкции и се гради одржлива даночна историја, што директно придонесува за стабилни јавни финансии и позитивна деловна клима.