Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Економија

Нови предложени измени на Законот за енергетска ефикасност
Нови предложени измени на Законот за енергетска ефикасност
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска ги претстави новите измени на Законот за енергетска ефикасност кој се очекува да донесе пониски сметки, почист воздух и зелена иднина. Со предложените измени на Законот за енергетска ефикасност се предвидува: - Тројно зголемена заштеда во јавните згради (од 1% на 3%). - Задолжителни соларни колектори во нови и реконструирани јавни институции. - 20-годишна стратегија за реконструкција на згради со речиси нулта потрошувачка. - Финансиска поддршка и инвестиции во обновливи извори на енергија. Целта на овие мерки е зголемена енергетска независност на Македонија.
Витаминка со позитивен финансиски резултат, добивката зголемена за 8%
Витаминка со позитивен финансиски резултат, добивката зголемена за 8%
Витаминка АД Прилеп во првата половина од 2025 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот консолидиран Биланс на успех за анализираниот период. Остварените консолидирани вкупни приходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1,953,727 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат раст од 9%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2024 година се повисоки за 9%. Растотот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи. Остварените консолидирани вкупни расходи во првото полугодие од 2025 година изнесуваат 1.860.393 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2024 година бележат зголемување од 13%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето за 2025 година. Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 48,486 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена за 8%.
Цените на горивата во Македонија се намалуваат
Цените на горивата во Македонија се намалуваат
Од полноќ, 19 август, цените на горивата во Македонија ќе се намалат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар и понискиот курс на доларот во однос на денарот. Според новата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,43%. Новите максимални цени што ќе важат од 00:01 часот на 19 август: - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-95: 74,00 денари за литар (намалување од 0,50 денари). - Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98: 76,00 денари за литар (намалување од 0,50 денари). - Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 67,50 денари за литар (намалување од 1,00 денар). - Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 67,00 денари за литар (намалување од 1,00 денар). - Мазут М-1 НС: 38,643 денари за килограм (намалување од 1,143 денари). Од РКЕ истакнуваат дека трговците можат да ги формираат цените на горивата и пониско од овие максимално утврдени цени.
Раде Кончар-ТЕП најави понуда за преземање на Раде Кончар–Апаратна техника
Раде Кончар-ТЕП најави понуда за преземање на Раде Кончар–Апаратна техника
Македонската берза објави информација за намера за преземање на компанијата Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје. Подносител на намерата е Раде Кончар-ТЕП ДООЕЛ, претставуван од управителот Горан Антевски. „Согласно член 22 став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, ги известуваме сите акционери на Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје дека имаме намера да објавиме Понуда за преземање на целното друштво Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје по цена од 2.435 денари по акција.“ - пишува во објавата. Раде Кончар-ТЕП е компанија која нуди комплетни решенија од областа на генерирањето и дистрибуцијата на електричната енергија, како и специјализирани решенија за индивидуалните барања на клиентите.
Македонија бележи раст на туризмот во првата половина од 2025 година
Македонија бележи раст на туризмот во првата половина од 2025 година
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека туризмот во Македонија бележи значителен раст во првото полугодие од 2025 година. Според податоците кои ги сподели, вкупниот број на туристи е зголемен за 13,5% во споредба со истиот период во 2024 година. Овој раст е предводен од значително зголемување на бројот на странски туристи, кој е поголем за 19,7%. Од друга страна, бројот на домашни туристи е намален за 2,5%. Покрај растот на бројот на посетители, забележан е и пораст на бројот на ноќевања. Во првата половина на 2025 година, бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 8,5% во споредба со истиот период од минатата година. Премиерот во својата објава истакна дека ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20% годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, езера и планини, и да уживаат во традиционалната кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија.
Објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковните резерви
Објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковните резерви
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави оглас за откуп на домашна пченица за државните стоковни резерви. Ова е историски момент за македонското земјоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци. Во рамки на огласот, ќе се откупат вкупно 9.000 тони меркантилна пченица од реколтата 2025 година, по цена од 13 денари за килограм (без ДДВ). Овој чекор е потврда на стратешкиот приоритет за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство. Со оваа одлука, министерството го продолжува стратешкиот приоритет, заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.
Економијата на ЕУ забележа скромен раст од 0,2%, вработеноста се зголеми за 0,1%
Економијата на ЕУ забележа скромен раст од 0,2%, вработеноста се зголеми за 0,1%
Економијата на Европската унија (ЕУ) и еврозоната покажа скромен раст во вториот квартал од 2025 година, според најновите податоци објавени од Евростат, статистичката агенција на ЕУ. Бруто домашниот производ (БДП) се зголеми за 0,2% во ЕУ и за 0,1% во еврозоната во споредба со претходниот квартал. Иако растот на БДП продолжува, тој е значително побавен во споредба со првиот квартал од 2025 година, кога БДП порасна за 0,5% во ЕУ и за 0,6% во еврозоната. На годишно ниво, БДП на ЕУ се зголеми за 1,5%, а на еврозоната за 1,4%, што исто така претставува благо намалување во однос на претходниот квартал. Бројот на вработени лица во ЕУ и еврозоната се зголеми за 0,1% во вториот квартал. Ова го следи растот од 0,2% во еврозоната во првиот квартал, додека вработеноста во ЕУ остана стабилна во истиот период. Споредено со истиот квартал минатата година, вработеноста се зголеми за 0,7% и во двете области. За споредба, економијата на Соединетите Американски Држави (САД) покажа посилен квартален раст на БДП од 0,7%, по падот од 0,1% во првиот квартал од 2025 година. На годишно ниво, растот на БДП во САД изнесува 2,0%.
Од денес попусти на училишен прибор, започнува владината мерка „Училишна кошница“ за заштеди во семејниот буџет
Од денес попусти на училишен прибор, започнува владината мерка „Училишна кошница“ за заштеди во семејниот буџет
Од денес, 15 август, започнува втората сезона на мерката „Училишна кошница“, со цел да се олесни товарот врз семејните буџети пред почетокот на учебната година. Според заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, се очекува семејствата да заштедат меѓу 800 и 2.000 денари по ученик. Оваа одлука, која ќе важи до 15 септември, ги обврзува трговците на мало и големо кои продаваат училишен прибор да ги вратат цените на нивото од 1 јуни. Дополнително, на овие производи мора да се примени попуст од најмалку 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало. Мерката ги опфаќа сите основни училишни материјали: тетратки, ранци, моливи, боици, фломастери, калкулатори, ножици, лепак, папки и други слични производи. „Минатата година, со спроведувањето на оваа мерка, имавме заштеда од 750 до 2.000 денари по ученик, а годинава очекуваме заштедата да се движи од 800 до 2.000 денари. Оваа мерка е наменета да го заштити животниот стандард на граѓаните, особено во период со зголемени трошоци за подготовка за зимската сезона, како што се набавки за зимници и огрев“, истакна Ристески. Тој ги потсети трговците дека се обврзани јасно да ги означат артиклите со натписи „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како и да ја прикажат старата цена од 1 јуни 2025 година и новата цена со попуст. Спроведувањето на одлуката на терен ќе биде контролирано од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, кои ќе постапуваат согласно нивните законски овластувања.
Макпетрол со раст на приходите и добивката во првото полугодие од 2025 година
Макпетрол со раст на приходите и добивката во првото полугодие од 2025 година
Компанијата Макпетрол АД Скопје и нејзините подружници успешно го завршија првото полугодие од 2025 година, остварувајќи позитивни финансиски резултати. Според консолидираните податоци, вкупниот приход на групацијата достигнал 14,5 милијарди денари, што претставува умерен раст од 0,45% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба имаат најголем удел во вкупните приходи, сочинувајќи 98,7%. Најголем дел од продажбата (97,12%) е остварена на домашниот пазар, додека извозот на млазно гориво учествува со 1,58%. Иако Макпетрол го зголеми количеството на продадени деривати за 3,59% и го прошири асортиманот на бензинските станици (со раст на прометот од 9,09%), приходите од малопродажба забележаа пад од 2,65%. Овој пад е резултат на намалувањето на светските цени на нафтените деривати, што директно влијаеше на малопродажната цена. За разлика од малопродажбата, големопродажниот сегмент бележи значителен раст од 21,83%. Главната причина за овој успех е зголемениот промет со природен гас и млазно гориво. Вкупните консолидирани расходи во првата половина на 2025 година изнесуваат 14,06 милијарди денари, што е за 0,41% повеќе од лани. Најголем дел од зголемувањето на расходите е поради повисоките трошоци за вработените, кои се зголемени за 6,67%. И покрај зголемените расходи, „Макпетрол“ оствари солидна консолидирана добивка пред оданочување од 444,72 милиони денари. Ова претставува раст од 1,68% во споредба со добивката од 437,38 милиони денари остварена во истиот период во 2024 година, потврдувајќи ја стабилната финансиска позиција на компанијата.
Забрзано се работи на делницата Климештани-Охрид, наскоро ќе биде пуштена во употреба
Забрзано се работи на делницата Климештани-Охрид, наскоро ќе биде пуштена во употреба
Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, денеска извршија увид во градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, дел од автопатот Кичево-Охрид. За време на увидот, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, истакна дека делницата со должина од околу 15 километри бележи значителен напредок. Како што соопшти, клучката кај Подмоље се очекува да биде пуштена во употреба денес или најдоцна утре, што ќе го олесни сообраќајот во овој регион. Гледано од Кичево кон Охрид во наредните неколку дена се очекува километар и пол од левата лента да бидат асфалтирани со што левата лента ќе биде целосно асфалтирана и подготвена за пуштање во употреба. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски изјави дека долниот дел на Дебрца е прилично населен, со околу 15.000 жители, и затоа приоритет е да се завршат пристапните патишта. Со 16-те потпатници, натпатници и влезови на кои се работи, се решаваат потребите за поврзување на сите села. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наесен ќе започнат работите за стабилизација на земјиштето на критичните точки со свлечишта кај Ботун, како и на тунелот кај Врбјани. Веќе тече тендерската постапка за изградба на нови автопатски делници Букојчани-Кичево и делницата од границата со Косово до Скопје.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk