Стопан Лого
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Квиз
Контакт
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Контакт
Услови
За Нас
Импресум

Македонија

Поднесени кривични пријави за загрозување на животната средина поради отпадот во Скопје
Поднесени кривични пријави за загрозување на животната средина поради отпадот во Скопје
СВР Скопје денеска (28.10.2025) поднесе кривична пријава против две раководни лица од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради сомненија за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје против С.Р. (38), во својство на в.д. директор, и А.С. (55), како управител за отпад во претпријатието. Тие се сомничат дека го сториле кривичното дело од член 230 став 1 од Кривичниот законик. Според пријавата, осомничените постапиле спротивно на Законот за управување со отпад и на нивната основна дејност за редовно собирање и транспортирање на отпадот во Скопје. Се сомничат дека со пропуштање на целосниот надзор и со непрописно управување со отпадот, овозможиле во текот на месец октомври да се создадат мали депонии на јавни и сообраќајни површини, во близина на контејнерите. Ова, пак, предизвикало значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот и водата, и го довело во опасност животот и здравјето на граѓаните од можна појава на заразни или други болести. Сомненијата се утврдени и констатирани со вонредни инспекциски надзори извршени од овластени локални инспектори за животна средина, кои постапувале по насоки на Јавното обвинителство. Како дополнителен доказ служи и експертско мислење од ЈЗУ Институт за јавно здравје, кое го потврдува влијанието на отпадот врз јавното здравје и можноста за ширење заразни заболувања.
Уапсени двајца полициски службеници кои се осомничени за грабеж на златарница во Гостивар
Уапсени двајца полициски службеници кои се осомничени за грабеж на златарница во Гостивар
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гостивар покренаа истражна постапка против двајца полициски службеници од ОВР Кичево, осомничени за учество во големото разбојништво на златарница во Гостивар, од каде што на 10 октомври беа одземени 18 килограми злато. Осомничените се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, а Јавното обвинителство до судот поднесе предлог за одредување мерка притвор. Според информациите од МВР и Обвинителството, двајцата полициски службеници се соизвршители во кривичното дело „разбојништво“. Тие, заедно со други засега непознати лица, на 10.10.2025 година влегле во златарницата во Гостивар и со употреба на сила и закана со огнено оружје го извршиле грабежот. Осомничените се договориле и направиле план за грабежот со другите лица за кои интензивно се трага. Учествувале во подготовките со извиди на локацијата и на работата на златарницата два дена пред грабежот. На денот на разбојништвото, тие со службено возило на МВР го обезбедувале патот на двете возила искористени за грабежот. Двете возила што биле искористени за грабежот подоцна биле пронајдени: едното запалено на магистралниот пат Гостивар-Дебар, а другото напуштено во Кичево, во близина на сточниот пазар. Обвинителството побара притвор за осомничените поради опасност од бегство, можност за попречување на постапката со прикривање докази и влијание врз сведоците, како и опасност од повторување на делото. МВР во координација со ОЈО Гостивар продолжува со мерки и активности за пронаоѓање и на другите инволвирани лица и целосно расчистување на случајот.
Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно на протест поради неисплатена септемвриска плата
Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно на протест поради неисплатена септемвриска плата
Вработените од ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, ДООЕЛ „Флораком“ и ДООЕЛ „Луна“ денеска повторно излегоа на протест, изразувајќи незадоволство поради неисплатената плата за месец септември. Тие извршија блокада на две клучни точки во Скопје – раскрсницата пред Зоолошката градина и булеварот „Илинден“ кај Матично. Од синдикатите најавуваат дека доколку платата не биде исплатена во текот на денот, протестите ќе продолжат и во наредните денови со построги мерки. „Доколку од страна на раководството на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје, односно директорот, не биде исплатена и денес платата за вработените од овие три фирми, ја известуваме јавноста дека протестите ќе продолжат и наредните денови со блокада на влезовите на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје во периодот од 06:45 до 09:00 часот“, се вели во соопштението. Покрај основната плата за септември, вработените алармираат дека не им се исплатени и регрес за годишен одмор, јубилејни награди, отпремнина за заминување во пензија итн. Вработените најавуваат дека ќе ги искористат сите законски права и ќе поднесат и поединечни тужби за да го добијат она што им следува согласно Колективниот договор и Законот.
Уапсен скопјанец за две разбојништва во филијали за брзи кредити
Уапсен скопјанец за две разбојништва во филијали за брзи кредити
Полициски службеници од СВР Скопје вчера, на 26.10.2025 година, го лишија од слобода Б.А. (25) од Скопје, под сомнение за извршување на две разбојништва во филијали на финансиски друштва (брзи кредити) во градот. МВР соопшти дека 25-годишникот се сомничи дека на 15.08. и 18.08.2025 година, со закана со пиштол, одзел парични средства од две подружници на финансиски друштва, кои се наоѓаат на подрачјата на ЕВР Центар и Бит Пазар. Лицето било задржано во полициска станица, каде во службен разговор ги признало извршените дела. Во координација со Јавен обвинител, против Б.А. е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерот Љутков најави голем проект за конзервација и ревитализација на Виничко Кале
Министерот Љутков најави голем проект за конзервација и ревитализација на Виничко Кале
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во посета на Општина Виница во ќе се започне со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата. Со тоа како што рече Љутков покажуваме дека и помалите општини заслужуваат системска поддршка и внимание, особено кога станува збор за заштита и промоција на културното и историското наследство. На археолошкиот локалитет Виничко Кале, каде е откриено едно од најзначајните богатства на македонската археологија со ретка уметничка и духовна вредност, познатите теракотните икони, министерот најави почеток на голем проект за истражување, конзервација и ревитализација на локалитетот. „Во 2026 година Министерството за култура и туризам, преку своите институции: Националниот конзерваторски центар и Археолошки музеј од Скопје заедно со локалниот Музеј „Теракота“ од Виница, ќе започне со реализација сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста“, рече Љутков. Целта е, како што истакна министерот, Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации.
Во Неготино е откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога
Во Неготино е откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш. Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Додека, од судија на претходна постапка, определена му е мерка притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.
Герасимовски: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза
Герасимовски: Реконструкцијата на салата „Работнички“ е во завршна фаза
Реконструкцијата на салата „Работнички“, симбол за центарци и скопјани и дом на најтрофејниот кошаркарски клуб, влегува во завршна фаза. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во градежните активности заедно со претставници на спортските федерации, најавувајќи дека салата ќе добие сосема нов, модерен изглед. „По 50 години, Работнички добива нов лик и нови услови за спортски активности, согласно ФИБА стандардите“, истакна Герасимовски во својата објава. Според увидот, во салата се поставени најважните елементи на модерната спортска инфраструктура: Според увидот, во салата се поставени најважните елементи на модерната спортска инфраструктура: Централен семафор е веќе инсталиран, целосно се завршени осветлувањето и озвучувањето и во тек е комплетирање на трибините. Покрај централниот дел, целосно се опремени тоалетите, изведени се сите приоди, а во тек се подготовките за поставување подно греење. Инсталациите и горниот простор, кој е наменет за спортските федерации, исто така се финализираат. Со завршувањето на овој капитален проект, Општина Центар и Градот Скопје ќе добијат објект кој не само што ќе ги задоволува највисоките спортски стандарди, туку и ќе претставува достоен дом за историјата и успесите на КК Работнички.
Акција на МВР: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари во Скопје
Акција на МВР: Уапсени 11 лица за лихварство и перење пари во Скопје
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО за ГОКК по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд Скопје, изврши претреси на повеќе локации низ град Скопје, при што лишени од слобода се 11 лица поради основано сомневање за сторени кривични дела "Лихварство" и "Перење пари и други приноси од казниво дело". МВР до ОЈО за ГОКК поднесена кривична пријава против Б.К.(35) кој во моментов е недостапен за органите на прогонот и против веќе лишените од слобода Љ.Љ.(29), Д.В.(29), А.Т. (29), Д.Љ.(32), М.В.(25), М.Н.(36), А.Т.(32), З.А.(42) за кои постои основано сомневање дека како соизвршители или помагачи ги сториле двете кривични дела, додека М.К.(73), П.К.(41) и Г.С.(46) се осомничени за кривично дело "Перење пари и други приноси од казниво дело". Деветмина од осомничените од почетокот на 2022 година до денеска се организирале во криминална група што се занимавала со давање на пари со договор, притоа договарајќи несразмерна имотна корист во пари, средства или недвижен имот. Искористувајќи ја финансиската состојба на оштетените лица им позајмувале пари со пресметување на камата од 5% или 15% месечно зголемување за секое задоцнување. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица. Од оштетените барале да им бидат вратени позајмените парични средства со пресметана камата или месечно да го исплаќаат износот по основ на камата, а кога тие не биле во можност да ја вратат позајмицата, осомничените барале да го предадат или оптоварат имотот со кој располагале, пренесувајќи го на име на некој од осомничените. Наплатата на паричните средства се вршела директно преку некој од осомничените или преку трансакционите сметки во банка од сметка на оштетен на сметка на некој од осомничените лица. Паричните средства кои во несразмерен износ ги враќале оштетените, се внесувале на сметките на осомничените во банка или во сеф, по што несразмераната имотна корист на различни начини ја внесувале во легалните финансиски текови, односно постои основано сомневање дека во истиот период дванаестмината осомничени и едно осомничено правно лице како организирана криминална група за перење на пари се стекнале со противправна имотна корист изразена во парични средства од 125.033.527 денари прибавена со кривичното дело "Лихварство". Дел од прибавените пари кои осомничените во повеќе наврати од повеќе физички лица ги примиле на своите сметки или им биле дадени на рака, со цел да се добие привид дека средствата се легално стекнати ги пуштале и користеле за реализирање на трансакции кон сметки на правни и физички лица, дел ги презеле на сопствени сметки и со нив вршеле плаќање на своите животни потреби, со дел купувале недвижен и движен имот и воделе луксузен живот, а голем дел биле извадени во готовина.
Спречен обид за криумчарење мигранти кај Дојран - Уапсени 18-годишник и малолетник кои превезувале осум лица
Спречен обид за криумчарење мигранти кај Дојран - Уапсени 18-годишник и малолетник кои превезувале осум лица
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчеравечер, на 21.10.2025 година, полициски службеници од Полициската станица за гранични премини и гранична контрола Дојран спречиле обид за криумчарење мигранти и уапсиле две лица. Околу 22:10 часот, кај местото викано „Дубрава“, полицијата забележала патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое превезувало мигранти. Возилото било управувано од 17-годишник од Струмица, а сопатник бил Ф.М. (18) од Богданци. Возилото е запрено пред Богданци, по што двете лица се лишени од слобода. При службен разговор, тие го признале делото и изјавиле дека превезувале вкупно осум мигранти – шест државјани на Египет и двајца од Сирија. По преземени мерки, мигрантите се пронајдени и спроведени во прифатно-транзитниот центар во Гевгелија. Осомничените Ф.М. и малолетникот се задржани во полициска станица. МВР најави дека по целосно документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна пријава за криумчарење мигранти.
Истрага против 32 лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница тешки 42,7 милиони денари
Истрага против 32 лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница тешки 42,7 милиони денари
По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 16 физички и 7 правни лица, додека уште девет други лица се осомничени за дела кои се гонат во скратена постапка. Тие се осомничени за кривични дела – Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство од член 275-в, како и Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. Со пријавата се опфатени и дејствија на несовесно работење, злоупотреба на службена положба и овластување, фалсификување или уништување деловни книги и други кривични дела за дел од осомничените, кои обвинителството исто така ги испитува. Постои основано сомнение дека осомничените, како соизвршители, учествувале во дејствија со кои свесно ги повредувале прописите за јавни набавки во ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Прилеп со намера за себе или за друг да остварат значителна имотна корист, односно да предизвикаат значителна имотна штета на болницата, што е поткрепено и со наоди од извештај на Државниот завод за ревизија. Осомничените, меѓу кои поранешната директорка, раководители и други вработени на болницата, но и управители на осомничени правни лица, преку постапки за јавни набавки за сервис на моторни возила, чистење на работните простории, сервис на водоводна мрежа, молерофарбарски услуги, физичко обезбедување, реконструкција на инфективното одделение, односно преку неизвршување на договорните обврски и незаконски промени на налози за исплата, предизвикале вкупна штета на буџетот на болницата „Борка Талески“ од 42.726.978 денари. Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за шестмина осомничени, додека за останатите 19 физички лица се предложени мерки на претпазливост.
Претходна
Следна
Најнови
Економија
Финансии
Македонија
Регион
Свет
Услови
За Нас
Импресум
Сите права задржани 2026 © Stopan.mk